Barclays Premier League - Season 2015/2016

Кој ќе биде новиот шампион во Премиер лигата?


  • Вкупно гласачи
    465
Статус
Затворена за нови мислења.

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.904
Поени од реакции
6.200
Минатата година повеќе следев, помалку пишував, се надевам годинава ќе го поправам тоа и ќе бидам поактивен на новава тема, барем кога тепаат Манчестер, кога губат, ќе ме нема. :D

Да бидам искрен, не се надевам дека годинава ќе освоиме. Имаме уште дупки во тимот што треба да се потполнат со нови играчи, а и ме плаши тоа што после секој ремонт, треба тимот добро да се уигра. Би бил среќен ако до крај се бориме за титула и завршиме во топ 3, па следната да ја освоиме.

За другите тимови кои освен нас, би ја пополниле 4ката, сметам дека ќе бидат Челзи, со најголеми шанси за титула, тука се и Арсенал и Сити. Ливерпул не верувам да се бори за титула. Може едино да замрси сметки во ТОП 4, ако би се случило тоа, би сакал да испадне Сити, па да си бидеме старата 4ка.

Очекувам возбудлива сезона и многу пресврти во неа. :oeoeoe:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Без Бентеке мислев дека ќе го пробува како најистурен евентуално лажна деветка а вака мислам дека ќе игра десетка, со Кутињо заедно

Фирмино - Кутињо
Кристијан
И кај нас мислам дека истото ќе биде ако не земат напаѓач. Во ПСВ си беше лево крило исто како за Холандија. Ваљда лажна деветка кога Руни ќе одмара, Карлинг куп и ако има некоја небитна во ЛШ здравје. А на припремиве го игра позади Руни. Од тоа што гледав на СП и лани кога ќе ги фатев ПСВ на СК, има техника и брзина со која ги исфрла бековите од игра ама снажноста му помага за да игра позади напаѓачот, синоќа неколку од Барселона мораа да го превртат за да го запрат.

Фирмино изведува ли прекини?
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Челзи ми се пак фаворити годинава за титула...Го имаат квалитетот за тоа, имаат тренер кој знае да мотивира и имаат буџет да искорегираат на зима во случај ако не тргни како што очекуваат.
Фалкао им е добро засилување и одмена за Коста кој е склон кон повреди и црвени картони, лани некако беше блед Квардадо, но ми се чини дека годинава ќе им се вклопи во концепцијата со оглед дека ги поседува квалитетите што ги бара Мурињо за везен играч.
Им недостасуваат играчи во одбрана еден или двајца, особено по продажбата на Филипе Луис за да имаат комплетен тим, ама верувам дека ќе земат нешто за да ги пополнат тие празнини.

Арсенал ми се фаворити од сенка и најблиску .
Со Петре на голот си завршија голема работа и сега треба да им се наредат коцкичките за да можат да влезат во добра серија и да излези на површина потенцијалот на сите нивни играчи што ги имаат.
Можеби им фали слично како и на Челзи уште еден дефанзивец за да бидат конкурентни на сите фронта, ама и вака составот им е зрел за титула.

Манчестер со Швајни и Шнајдерлин се појачаа на позиции каде што беа најслаби и сега ќе можат да го искористат потенцијалот на Мата и Руни во целост.
Дефинитивно им недостасува центарфор, ама најверојатно тоа ќе го решат уште овој преоден рок претпоставувам со Кавани со оглед дека Ди Марија ќе биде продаден во ПСЖ.

Сити се секогаш фаворите со оглед дека имаат скоро неограничен буџет, ама годинава мислам дека нема да можат да влезат во трка за титула.
Направија одлична работа со Фабијан Делф и енормна глупост со Стерлинг.
Покрај Силва, Навас и Насри во тим тие лупнаа сума колку буџет на еден просечен тим во ПЛ за да донесат играч со слични карактеристики и квалитети на овие тројца.
Не можам никако да им ја разберам трансфер политиката на луѓево.

Ливерпул годинава мислам дека ќе куцка зад овие четири и покрај тоа што има огромен потенцијал со сите оние млади играчи што ги донесе последниве две години или пак промовираше од академијата.
Треба да им се погоди сезоната 2013-14 и некое чудо како Балотели да се раздава голови за да можат да бидат конкуретни.

Тотенхем, Саутемптон, Вест Хем, Евертон и Свонси ќе се борат за да фатат некое место од куп на УЕФА, додека останатите најверојатно ќе гледаат да спасат жива глава и евентуално успеат да се протнат пред овие во горниот дел од табелата.[DOUBLEPOST=1437907529][/DOUBLEPOST]
Фирмино изведува ли прекини?
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Загревота, ќе си помисли човек дека сеуште Порто го води кога се жали вака.
Лани кога потроши 100 милиони фунти никаде го немаше.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
А не е така? :D

Вика дека ако можеше да се збори дека Челзи ја купувале титулата, може и сега да се каже дека ривалите на Челзи ја купуваат титулата.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.871
Поени од реакции
11.565
Има уште леб да јаде.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.858
Поени од реакции
10.230
И сезонава како и лани (оправдано) се фаворизира Челзи со оглед на составот и кој седи на клупа. Ама според мене не си ништо подобро покриени по позиции од Арсенал. На лев бек ќе немаат соодветна замена доколку замине Фелипе, десно крило им е најтенка позиција со оглед на тоа што Квадрадо најверојатно си оди и им останува само Мозес (ако остане) и веројатно Реми ќе пополнува дупки. Цеск е алфа и омега и доколку тој се повреди сигурен сум дека Челзи ќе се мачи и тешко дека како лани ќе се провлече кога Цеск нема да игра. Тери со 34 полни ризикот од повреда е голем па колку и да го штеди Мурињо и да го игра само во ПЛ и во клучни утакмици во ЛШ ја не би се обложил на Зума и Кејхил во одбрана.

Јунајтед склопи солиден тим ама и нив им фали барем еден класа централен дефанзивец и замена за Руни секако доколку овај игра шпиц со психана на клупа ништо не се знае. Руни е играчиште и ќе ги носи сам цела сезона осеќам. Ваков среден ред немале последниве години, Херера Шнајдерлин и Депај на хартија делуваат многу сериозно.

Сити олекувам да паѓаат на табелава издишани се на многу позиции. Без Силва во средина нема кој да организира, им останува Насри кој е психички лабилен и 100% има зелен картон. Јаја на 32-3 тешко дека ќе прави спринтови од 60-70 метри. Овие близнациве не покажаа ништо ланска сезона, посебно Фернандо кој беше тежок флоп. Нека се крстат во Агуеро да остане здрав иначе маф им е работата. Од копилено шо избега од Ливерпул очекувам да промаршува зицери и на полусезона да им бара дупло поголема плата.

Арсенал
Е сезонава се андевам дека конечно ќе дочекаме и ние борба за титула каква што заслужуваме. Косата ми попадна од нервози низ град сите ме знаат дека за Арсенал навивам :D. Доколку избегниме сериозни повреди на Озил, Санчез, Ремзи, Казорла и Волкот како клучни играчи и стариов да не цепидлачи и да купи резерва за Кокелан и по можност шпиц (Бензема :D) ќе ве мачкаме на леб сезонава.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.779
Поени од реакции
44.008
А не е така? :D

Вика дека ако можеше да се збори дека Челзи ја купувале титулата, може и сега да се каже дека ривалите на Челзи ја купуваат титулата.
Oти нели Хазард, Оскар, Коста и Фабрегас дојдоа без пари во Челзи. :icon_mrgr: Технички, секоја титула е купена.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
И сезонава како и лани (оправдано) се фаворизира Челзи со оглед на составот и кој седи на клупа. Ама според мене не си ништо подобро покриени по позиции од Арсенал. На лев бек ќе немаат соодветна замена доколку замине Фелипе, десно крило им е најтенка позиција со оглед на тоа што Квадрадо најверојатно си оди и им останува само Мозес (ако остане) и веројатно Реми ќе пополнува дупки. Цеск е алфа и омега и доколку тој се повреди сигурен сум дека Челзи ќе се мачи и тешко дека како лани ќе се провлече кога Цеск нема да игра. Тери со 34 полни ризикот од повреда е голем па колку и да го штеди Мурињо и да го игра само во ПЛ и во клучни утакмици во ЛШ ја не би се обложил на Зума и Кејхил во одбрана.
А мислиш декa немa дa се дoнесе зaменa зa Луис? Зoштo мислиш декa уште не е финaлизирaн трaнсферoт?
Квaдрaдo немa дa си oди. Бaр зaсегa не плaнирa ни oн, a ни клубoт. Му дaдoa 11кa дa нoси. Вилиaн деснo?

Зa oдбрaнaтa дa, oсвен лев бек, мoрa дa се дoнесе уште еден центрaлен. Немa ништo зa Стoунс денoвиве aмa сигурнo ќе се врaтaт сo нoвa пoнудa.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Oти нели Хазард, Оскар, Коста и Фабрегас дојдоа без пари во Челзи. :icon_mrgr: Технички, секоја титула е купена.
Пa дa, зaтoa и не зaмaрaм сo тoa, oнaкa сaмo дa ве пецнaм мaлце :D
Си имaш, си трoшиш.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.539
Поени од реакции
17.958
И после да ми јадеш гомна оти сум дошол да јадам пица, не да гледаме фудбал. :neetaka:
И не ти личи што не дојде а детето се утепа барајќи.И здосади на Фросе застани овде ,ај онде,и на кај да не дојдеш,ептен е гејски:D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom