Game of Thrones - A Telltale Games Series

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
Подепресивна игра не сум играл досега, една убава работа им се нема случено на ликовите со кои и играме. Дефинитивно си ги оправдува името и лиценцата.
 
Само што ја изиграв, малце recap да напраам.

Не ми се свиѓа баш тоа што викаат дека којзнае какви последици има од сите одлуки, а уствари само привидно е некако така, реално исходот најчесто мање-више е ист во поглед на приказната. Ама нема везе.

Најгорд момент ми е што успеав со Родриг да ја натерам онаа да прифати да се мажи со него. Ко што рече @Божино, и викаш она да избере и си легнува на брашното :P

Други битни работи, го спасив Том, го форџнав писмото, е сеа ова на крај не ми е јасно што се деси со Мира. Нели требаше да го украдеш тоа писмото што требаше да и го даде Тирион. И на скроз последната сцена со неа, кога ќе го земете писмото со Том, зашто се мисли дали да го запали или не? Која е логиката да го запали? Нели оној другион тип што беше, трговец ваљда нешто беше, и понуди дека ако го има писмото ќе напраат некој договор? Стварно не ми е јасен тој дел. Ја не го запалив писмото.

Иначе најинтересно ми е у House Forrester. Јак лик ми е Родриг, се надевам оваа од Вајтхил типката не планира да го заебе. Дека има предавник, јасно е. Инаку како би знаеле што планираат да направат. Мои претпоставки по најголема веројатност. Прв ми е Ројланд, иако го избрав за сентинел пред тоа. Сосема на крај ми текна дека може да е он, пошто оваа ќерката на тој Вајтхил викаше дека намерно пробуваат да ги испровоцираат, за овие да имаат изговор да нападнат. Ројланд од прва епизода тоа константно го прави. Знае дека се послаби, а стално предлага агресивност. Јесда е таков човекот, ама карактерот му е баш погоден за тоа што оваа викаше дека планираат да го направат. Друга ми е мајката, од проста причина што досега имаше два наврата кај што можеше да издадеш тајна. Прво со Геред да им кажеш за the north grove, второ да и признаеш дека има предавник. Реално, без разлика која би била причината за нејзиното предавство, нема логика да и кажеш дека има предавник, а она да не преземе ништо. Единствена логика има ако и признаеш, она да ти рече да ќутиш додека не откријат (иако ја не и признав и нз што се случува ако и кажеш тоа), за на крај она да ги заебе работите. Трет ми е докторот, пошто е најочигледен напраен (затоа и не е прв :D ), а последен Данкан пошто Лорд Форестер превише му веруваше.

Пишете чим има информации кога ќе излезе четвртата епизода :)
 
HH2NEa4.jpg

Дефинитивно најдобра епизода до сега, ама сепак страда од типичниот Telltale синдром, т.е. немаш слобода да правиш се што сакаш без да извадиш game over.
 
*Spoilers до крај на постов, не читајте ако не сте ја изиграле*

И јас само што ја изиграв. Ми се чини дека оваа беше некако најдолга епизода. Не можам да правам принт-скрин ради багнатиов компјутер, али одлуките ми беа сосема различни од овие над мене, освен првото. Го зедов Фин, не го истепав Гриф (а требаше, али мислев дека ако го нападнам ќе треба да го убијам, требаше малце да го исшамарам. Иако сепак го пљукнав у фаца, ај ваљда тоа поише ќе го напизди :D ), не ја открив тајната на Сера (немаше ама ич потреба за ова, се гледаше дека е наивен типот и одма падна на лагата), ги оставив војниците во Ајронрат т.е не ги земав со мене и не дадов Бешка да го убие тој мастерот.

Али овие воопшто не ми беа некако битни избори. Најбитен дел од епизодава ми изгледаа ко да се одлуките што ги носеше Родриг.

Добро, прво ова што е наведено тука, дали да ги земе војниците со него или не. Јас ги оставив.
Второ беше кој да го земе со него. Мене сентинел ми беше Рејланд, па го земав него и го оставив Данкан во градот. Причината за ова ми беше баш пошто мислам дека Рејланд е шпиунот, па подобро да е со мене отколку да го загрози градот. Плус ако не е, добар борец е, ќе ми треба таков ако идам кај непријателот, а Данкан ако е шпиунот не може сам ништо да направи пошто не е некој којзнае колку влијателен.
И најбитниот дел е кога стигаш кај лорд Вајтхил. Првин Вајтхил ти нуди „заштита“ во замена да му помогнеш со тоа бизнисот со дрвата, очигледно за кур не ги бива нив. Али тоа испаѓа небитно, му кажуваш на Вајтхил дека го имаш затворено Гриф и дека ќе направиш размена, него за Рајон, малоно братче. Најинтересниот дел доаѓа баш тука. Се вжештува ситуацијата, Вајтхил го грабнува малиот и се заканува да го убие, демек не му е гајле што ако го напраи тоа, ти ќе го убиеш Гриф. Па имаш опции: Да прифатиш договорот за „заштита“, да молиш за милост, да нападнеш или "call his bluff". Го напраив последново пошто ми текна дека пред да влезеш, ќерка му на Вајтхил ти кажува дека он секогаш си го бранел Гриф, иако бил четврто-роден син. И стварно, блефира, не му прави ништо на Рион, па се договарате да направите exchange на неутрална земја. Такада сите што нема да го напраите ова и ќе му ја прифатите понудата сте тапа :P

Како и да е, мислам дека од епизодава (ако се направат правилни одлуки) дознаваме дека Вајтхилс се тешки мисири што се курчат само, а за ништо не ги бива уствари. Отсега натака ќе гледам да ги газам. Иако треба да се пази на тоа што го дозна Мира, дека најмиле војници.

А едино што ме мучи е тоа што ги оставив војниците. Мислам, најлогично е тоа да се направи нели, али на крајот сепак гледаш дека Ремзи дошол, Ајронрат е празен, па се надевам дека тоа што ги оставив у градот нема да значи дека ми отидоа јабана војниците што ми ги даде љубената :( Реално не би требало пошто одлукиве стварно немаат некој тежок ефект, па големи се шансите развојот на настаните да биде ист. Видов дека ако ги земеш со тебе војниците, со тебе и се враќаат живи и здрави, па значи дека и ако ги оставиш, ваљда пак ќе се живи и здрави им ебем. Ова ќе ме мучи дур не излезе следната епизода.

А од делот за следната епизода, гледаме дека конечно ќе дознаеме кој е шпиунот. Моментално не знам што да мислам, форсирано е меѓу Данкан и Рејланд, ама може да е и лекарот, иако го тепаа, Гриф може да не знаел за тоа. За Данкан знаеме најмалце, едино што го држи е тоа што стариот Форестер што умре на почетокот ептен му веруваше. А за Рејланд реков. Али може намерно прават да биде меѓу Данкан и Рејланд, да изгледа ко да има тежина изборот, а да нема везе уствари, трет да испадне и да падне у вода све досега што беше замарање со нив и да сфатиш дека и тие одлуки немале некој голем ефект. Кој ќе чека у пм :(

*Spoilers end*

Играва е моментално поинтересна од серијата :D
 
Имав исти одлуки како @Alex Baratheon, освен шо ги оставив војниците дома, ја открив тајнта на Сара оти ме нервира глупачата и ич не и верувам. И мене ми беше најинтересна епизода, иако да си признаам се изглупирав на состанокот со Вајтхил и го нападнав и доживеав Red Wedding момент, дури и последната реплика на Родрик беше неверојатно позната од некаде ;), (ама вредеше да се види сцената) и мислев така приказната треба да се развива, арно ама тоа е гејм овер и те враќа пак на масата каде го прочитав блефот на Вајтхил.

Мира многу подобро се снаоѓа во сплетките во главниот град него ли кутрата Санса за цело време додека беше таму, а и сега додека е во Винтерфел.
 
Лошо е напраена играва што и да избереш една е приказната, само со мали детаљи сменета. Башка епизодиве се кратки а нема некоја replay value играва баш ради тоа што битните настани се дешаваат без разлика што избори ќе направиш. Али приказната е супер чак боље него 5тава сезона на серијата :icon_lol:.
 
Ја сега ги играм и другиве од Telltale, а во нив има огромни можности за развитокот на дејствието. Во GoT нема ни трага од ова. Едино интересно би било у последната епизода да ни слупаат све, сите одлуки измешани, сосема различни можности за крај да ни напраат и да испадне дека све било билдање до нешто огромно, па тоа ќе заврши според потезите кои си ги правел претходните пет епизоди. Али тешко е да се верува.

Ипак, приказната е фантастична, како да сум таму се осеќам и не воочувам никаква разлика измеѓу тоа што е филмот и игрицата, буквално ова изгледа како е да е некој вид spin-off мини-серија, а не игрица :)
 
The trailer for Game of Thrones - A Telltale Games Series Episode 5 ' A Nest of Vipers' is here!


Available on July 21st for PC/Mac; PlayStation 4/3
July 22nd for Xbox One and 360
July 23rd for Mobile on the iOS App Store & Android-based devices
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Ауууу луѓе мора да ја изиграте петтава епизода, најдобра е досега. Нема да кажам спојлер, само ќе ви речам дека дефинитивно го има најтешкиот избор досега во било која игра што сум ја играл. Главава ми фркна. Обавезно пишете кога ќе изиграте.
 
Ауууу луѓе мора да ја изиграте петтава епизода, најдобра е досега. Нема да кажам спојлер, само ќе ви речам дека дефинитивно го има најтешкиот избор досега во било која игра што сум ја играл. Главава ми фркна. Обавезно пишете кога ќе изиграте.

Мислиш на последниот избор? Ако е за тој, тогаш лесно беше да се одлучи. Тој што ја има војската, логично :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom