- Член од
- 8 јуни 2007
- Мислења
- 6.102
- Поени од реакции
- 12.199
@Malcolm van den Сабаховић
Не ти држи вода споредбава затоа што Јунајтед никогаш не бил клуб како Челзи и Сити. Јунајтед е тука од самиот почеток на фудбалот во Англија. И ливерпул и Јунајтед имаат ист број на првенствени титули на почетокот на 20 век, односно 2.
Кога ливерпул го освоил ФА купот за прв пат во нивната историја, Јунајтед веќе имал 3.
Да не спомнувам кој е првиот клуб од Англија што освоил европска круна.
Двата клуба биле изедначени со титули во Англија се до падот на Јунајтед и возвишувањето на ливерпул некаде околу почетокот на `70-тите години на минатиот век. Во наредните дваесетина години ливерпул доминирал во Англија и им избегал прилично доста на Јунајтед во тој период. Од изедначеност во титули разликата драстично се зголемила.
Бидејќи ти си бил дете во `90-тите кога Јунајтед повторно се вратил на победничките патеки ти се чинелo дека се клуб од рангот на Челзи како што правиш моментални споредби.
ливерпул ги имал своите 20 години, за потоа Јунајтед да ги има своите 20 години во кои што доминира на истиот начин како ливерпул во периодот од 1970-90.
Вусшност никој не е поголем или помал клуб од другиот, двата се најголеми клубови во Англија.
Иако, Јунајтед е сепак поголем за нијанса
Зошто пак, мерило и референца да биде “од самиот почеток“. Според мене, тимот тежи околку колку што има лим во кабинетите, безразлика во кој период во историјата истите ги накубичил. Мислам, ме сфаќаш.
Па дури и може во обратен правец да оди таа форма. На пример, ако Престон успееше на првите две титули, да додаде уште 16 по ред, и да останеше до толку, и по Прва светска војна навака да го “немаше“, мислам дека пак немаше да го есапиме многу многу. Вреди, тежи, ама неговото во меѓувреме испарило.Барем во форма на оние моменти кај што ја перцепираме ние, обичните смртници таа вредност.
ManU е првиот освојувач на европехар од островот. Има неколку титули, и кога почнува ерата на Ливерпул и Евертон, тој прилично згаснува, и се “губи“ меѓу тежината на останатите. Останатите како Ливерпул, Евертон, Арсенал, чак и Форест со неговата епизодна улога. Да не заборавиме дека Сандерленд и ManU in the time being исто тежат. Нели. Па и Астон Вила.
Дакле, во деведесетите години кога се врти паричката again, се раѓа повторно ManU, меѓутоа најмногу тежат Ливерпул и Арсенал. Арсенал ако ништо друго, барем поради константноста дотогаш. Никој не може да спори дека низ целата историја на Енглеска, токму Арсенал е најконстантниот тим. А во тоа време, најмногу тежи по Ливерпул. И неговата тежина е свежа. Затоа мене, и на моите врсници in the time being, Арсенал ни беше “лутиот ривал“, а ManU го гледавме како што го гледаме Челзи денес. Во страшен подем со не толку... битна историја. Крај краева, Арсенал беше константно “уз Ливерпул и Евертон“ во целата ера на “владеење“ на Ливерпулските тимови. И изгледаше единствен “тежок ривал“.
Бидејќи во 90-тите, наспроти 18те на Ливерпул, и четирите од КЕШ, едноцифрените од ПЛ и едната од КЕШ изгледаа.. скоро смешно, исто смешно ко споредбата меѓу Пул и Челзи денес.
Но, никој не ни гарантира дека за 20 години, Челзи ќе дојде да биде голем тим исто ко Ливерпул. Со иста историја, ама распоредена во различни етапи.
Или City.
Мојата широка поента е таа. Историјата се создава и во сегашноста. А кога тоа ќе биде минато, истата таа ќе вреди ко историјата од 80-тите години.