Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.275
ЈНА си имаше свој врховен командант а тоа беше претседателството на СФРЈ во кој седеа 6 политичари меѓусебно несложни и спротивставени. Кога почна распадот на Југославија, претседател и врховен командант на ЈНА беше Стипе Месиќ, Хрват кој отворено се залагаше за распад на Југославија. ЈНА не доби конкретна задача што да прави, седеа единиците по касарни некои блокирани и опколени од паравојски без храна струја вода, напаѓани, или беа праќани само како тампон помеѓу спротивставени страни - се пукаат хрвати и срби, ЈНА единица добива наредба да застане меѓу нив и најчесто беше напаѓана од двете страни. Таква ситуација допринесе да се растури целиот систем на одбрана, офицери одбиваа да одат на задачи кои значеа пукање на свој народ, од единици излегуваа војници хрвати, македонци, албанци, хрвати... и се претвори ЈНА во национални армии на завојувани страни - српска војска хрватска војска босанска...Тогаш зошто се распадна Југославија, а никој од армијата освен многу ретки случаи кои не отидоа подалеку од самоубиство и слични очајнички постапки не превзеде ништо да ја одбрани? Ако биле такви квалитетни офицерите пониските како што ги претставуваш, тогаш какви требало да бидат полковниците, генералите. И кој од нив било што превзеде при распадот на Југославија? Дали има барем една квалитетна патриотско-пројугословенска изјава во јавноста од титовите генерали или сите изјави беа „не знам ви то тамо њега питајте“ да си го чуваат задникот. Паразитизмот го имаше заразено целото општество и немаше останато здрав елемент за истото да се брани иако имаше средства и моќ да се одбрани и тоа со лесно да се одбрани.
Можеби на почеток на распад требаше да се изврши воен удар и да се воведе воена диктатура за да се решат работите на терен - разоружување на паравојни единици али ете никој не се осмели на такво нешто пошто тоа би значило и лична голема одговорност да се прекрши устав закони и легално одбрани институции и личности. Сфрј полека тонеше во криза и војна со месеци не беше одма тоа војна имаше спорадични инциденти, кои полека прераснуваа во конфликт, републичките лидери превзедоа контрола над делови на армијата создадоа од една армија неколку национални и тогаш веќе беше доцна.
Денес од сегашна гледна точка сите знаеме што и како требаше да се направи, но тогаш во несигурни времиња, конфузни, нејасни некогаш со погрешни прогнози и потези... беше тешко да се предвиди. Исто е и со народот стотици иљади кои еуфорично гласаа за политичари кои им ветуваа мед и млеко а им донесоа војна смрт и прогон, да можат денес - би постапиле поинаку. Али то е веќе историја и минато.