Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Шом не си знаел дека во југославија имаше барем 30 разни видови чоколада од 6-7 разни фабрики од млечни па со овошја па со лешници цели со лешници кршени па млечни па со рум.. значи не си видел во живот, не си пробал никој не ти купил. Шом не си знаел дека имало појќе од еден тип на куќа или појќе од еден модел на кола значи си живеел негде далеку од цивилизација во мошне тешки услови
Друго објаснување нема, на интернет да искуцаш ЧОКОЛАДИ СФРЈ ќе ти излезе што е се праено, па имаше марлборо, кент честерфилд лорд ронхил данхил ХБ камел... цигари, водка виски шток векија вермут рум.... имаше се и сешто ти појма немаш, не си видел не ти купиле.
Ај објасни ми како не си знаел ете на пример за краш чоколади, хрватски секакви од млечни преку овошни до со лешници?? никогаш не си добил не си пробал???[DOUBLEPOST=1436731687][/DOUBLEPOST]
Mи идеа мене од чапљина шофери и се гледаше дека ги држат на строга дисциплина посебно имаа накаков страв од десетари што во мојата единица не беше случај дури и ми беше чудно кога ќе ги поздравуваа и велеа “Друже десетару дозволите...“ јас ја држев единицата полабаво не во дисциплина туку во меѓусебни односи беа помалце официјални од колку во некои други, кујната се разликуваше од касарна до касарна исто како што сега имаш разлика во град од ресторан до ресторан, телешка чорба не секаде е исто убава, имам бидено што пократко што подолго во мислам или 8-9 касарни башка еден куп денови недели и месеци собрани на терен и знам дека не секаде храната беше добра али то е, таа ја готват готвачи кој подобро кој полошо обучен или кујните кои посовремено опремени кој послабо.
...процентуално сретнував многу народ од Македонија меѓу тенкисти и готвачи.., а прошетав скоро се живо и диво од Врхника ,преку Суботица до Струмица.........ова нормално во време кога не сте биле ни во долгорочен план да се родите, или евентуално тукушто родени....... :)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275

џабе ти е се ако не си се тепал со топки од леб во војничка менза во касарна со слој од 30 сантими фекалии во клозетот (од кои долните 15 стврднати)
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Инжинерија. ВП ваљда. Не знам што е ВЕС, воена школа, нешто?
ВП е воена пошта а тоа ВЕС не ми текнува шо беше.
Да не си бил ШРО ако си бил војска?[DOUBLEPOST=1436737131][/DOUBLEPOST]
Шом не си знаел дека во југославија имаше барем 30 разни видови чоколада од 6-7 разни фабрики од млечни па со овошја па со лешници цели со лешници кршени па млечни па со рум.. значи не си видел во живот, не си пробал никој не ти купил. Шом не си знаел дека имало појќе од еден тип на куќа или појќе од еден модел на кола значи си живеел негде далеку од цивилизација во мошне тешки услови
Друго објаснување нема, на интернет да искуцаш ЧОКОЛАДИ СФРЈ ќе ти излезе што е се праено, па имаше марлборо, кент честерфилд лорд ронхил данхил ХБ камел... цигари, водка виски шток векија вермут рум.... имаше се и сешто ти појма немаш, не си видел не ти купиле.
Ај објасни ми како не си знаел ете на пример за краш чоколади, хрватски секакви од млечни преку овошни до со лешници?? никогаш не си добил не си пробал???[DOUBLEPOST=1436731687][/DOUBLEPOST]
Mи идеа мене од чапљина шофери и се гледаше дека ги држат на строга дисциплина посебно имаа накаков страв од десетари што во мојата единица не беше случај дури и ми беше чудно кога ќе ги поздравуваа и велеа “Друже десетару дозволите...“ јас ја држев единицата полабаво не во дисциплина туку во меѓусебни односи беа помалце официјални од колку во некои други, кујната се разликуваше од касарна до касарна исто како што сега имаш разлика во град од ресторан до ресторан, телешка чорба не секаде е исто убава, имам бидено што пократко што подолго во мислам или 8-9 касарни башка еден куп денови недели и месеци собрани на терен и знам дека не секаде храната беше добра али то е, таа ја готват готвачи кој подобро кој полошо обучен или кујните кои посовремено опремени кој послабо.
Знам како не знам ама не сум консумирал 2-3 класа производи.
Како што пишав погоре сум консумирал Француски,Швајцарски,Германски 1во класни производи
А ме возеле и возам строго француски возила цитроен дс,цх,хм,бх,ксантиа,ц5,пежо405,605.......
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
знам дека ќе беше пошто ти ни Ј од Југославија немаш видено те исплашија во комитето дека тогаш колеле македонци и спалувале живи луѓе.
Од страв збораш и шириш невистини.
Моето мислење за југословенското општество е негативен иако тогаш сме живееле во заблуда дека Југославија има некоја вредност. Настаните и недостатокот на квалитет кој ќе го брани тоа општество најдобро тоа го докажа. Исто како што е негативен мојот став и за животот кој сега се живее и кој без сомнеж сите знаеме и очекуваме дека нема да остане вака. Можеби уште полошо, но вака нема да остане. Ова е антикомитетски став и кон некогашниот и кон сегашните комитети. Кој страв, кој комитет, кои невистини ги зборувам. Според моето мислење сегашниот комитет во нашиот живот повторно го спроведува Голи Оток само го дава во помали дози за да не биде видливо.[DOUBLEPOST=1436742358][/DOUBLEPOST]
арно ама до толку , како што опишува сардаукар не верувам дека стигнало!
Кај нас ,( Чапљина 85-86 ) имаше периоди на еднолична исхрана и привилегирање на србите ама останатото се си беше на ниво .
Ете јас бев инструктор и десетар и никој не ми вршеше притисок за во партија . Прашаа еднаш им реков дека не сум материјал за тоа и ме оставија на раат.
Издвоив најекстремен пример од неколкуте касарни кои ги посетив. Може да се земат како симптоматични појави кои нешто зборувале за иднината но тоа не е битно може да се земат како исклучоци. Но од ЈНА армија не бидува сфатив по општиот однос на НЕНЕГУВАЊЕ НА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈАТА. Погрубите и физички посилните војници добиваа поголема вредност од интелектуално понапредните кои често се физички послаби. Војникот со наочарчиња не треба да е поставен на пониско ниво од војникот мажиште дрвосечач за прв пат симнат од планина како што беше во ЈНА. Добар дел од офицерскиот кадар беа од помали места, кои во офицерската работа нашле можност да се извлечат од селото или од гратчето. Службувањето не им беше со љубов и афинитет, патриотизам, туку заради материјална обезбеденост. Не само војниците туку и офицерите потпаднаа на психологијата на „фаќање кривини да помини денот да се намалува бројката“. Во целина застарен воен концепт и застарена воена култура застаната уште таму некаде во 45та.[DOUBLEPOST=1436746934][/DOUBLEPOST]
џабе ти е се ако не си се тепал со топки од леб во војничка менза во касарна со слој од 30 сантими фекалии во клозетот (од кои долните 15 стврднати)
Онаа со фекалиите беше најнедисциплинирана касарна истовремено со најголем број на одликувања доделени за војниците. Уште еден показател дека на некој баш му било гајле. Има уште детали за раскажување, ама нема потреба да одиме во темава само за војската. А ова со лебот се случуваше во друга касарна. Општо во сите, забележував, повеќе кога немаше офицер, а некогаш дури и при присуство на офицерот големо непочитување и неред при подигнување на знамето. Не знам дали во себе не ја почитуваа државата или само биле зелени.[DOUBLEPOST=1436747692][/DOUBLEPOST]
ВП е воена пошта а тоа ВЕС не ми текнува шо беше.
Да не си бил ШРО ако си бил војска?[
Не не бев ШРО. Да и мене веднаш ми текна за ВП, а ВЕС подоцна дека тоа беше број за точната стручна задолженост на војникот. Од кои зборови произлегува кратенката ВЕС може да не потсети Лет или Конкрит.
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Издвоив најекстремен пример од неколкуте касарни кои ги посетив. Може да се земат како симптоматични појави кои нешто зборувале за иднината но тоа не е битно може да се земат како исклучоци. Но од ЈНА армија не бидува сфатив по општиот однос на НЕНЕГУВАЊЕ НА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈАТА. Погрубите и физички посилните војници добиваа поголема вредност од интелектуално понапредните кои често се физички послаби. Војникот со наочарчиња не треба да е поставен на пониско ниво од војникот мажиште дрвосечач за прв пат симнат од планина како што беше во ЈНА. Добар дел од офицерскиот кадар беа од помали места, кои во офицерската работа нашле можност да се извлечат од селото или од гратчето. Службувањето не им беше со љубов и афинитет, патриотизам, туку заради материјална обезбеденост. Не само војниците туку и офицерите потпаднаа на психологијата на „фаќање кривини да помини денот да се намалува бројката“.....
Онаа со фекалиите беше најнедисциплинирана касарна истовремено со најголем број на одликувања доделени за војниците. Од кои зборови произлегува кратенката ВЕС може да не потсети Лет или Конкрит.
Ни самиот не си свестен какви небулози изнакажа.
Како може војник со наочари да биде поставен на пониско ниво од набилдан војник? Војник е најниско ниво во армијата. пониско нема. Во војска ако си артилерија а имаш завршено правен факултет - треба да имаш повисок ранг од војник артилерец кој има завршено средно? То ти е исто ко да се жалиш оти таксист кој завршил факултет е на исто ниво некој без образование. Во ЈНА се гледаше на завршено образование па ако некој бил инженер се ставал во таква единица или ако завршил средно медицинско или факултет медицина се ставаше во санитет се гледаше да се искористи знаењето.
Во Академија не можеше да се провлечиш дека заради материјална корист одиш во Армијата. 4 години академија бараше учење, прво се поминуваа ригорозни тестоеви и психички и физички и многумина не го поминуваа тестот. Значи треба да си физички спремен интелигентен психички стабилен и со предходен висок успех во средно школо за да се запишиш во академија. Па ти од мал град ако си бил вреден силен интелигентен со завршено средно школо со најмалку многу добар - си можел да запишеш било каде факултет и со диплома работиш во цивилство или заминеш во странство. Во Академија немаше паѓање на година. Те исклучуваат, учиш 3 години паѓаш трета и крај. Во академија немаше студенстски живот, женски пиења журки... во 10 се гасат светла во 6 разбудувањае филскутура, голем дел од времето во чизми на терен на обука... Во ЈНА кога ќе завршиш академија си потпоручник, а тоа значи секое сабајле во 07 часот со чизми и опасач на работа. не во канцеларија туку надвор со војска, и поручник и капетан па и капетан прва класа. некои 15 години си свесен дека секој ден на работа и лете и зиме ќе носиш чизми ќе бидеш секое сабајле глатко избричен уредно истрижан и со војската ќе имаш обука по терени по полигони. Дека во годината најмалце месец - два ќе ти поминат на терен со спиење под шатор и јадење конзерви, Дури од кај мајор негде повеќе канцелариска работа или ако завршиш служба која нема толку допирна точка со обука на војници. При тоа треба да знаеш и очекуваш дека на неколку години ќе те преместуваат, Босна, Косово, Хрватска, Словенија... од гарнизон во гарнизон далеку од твето семејство со себе ќе влечкаш мебели покуќнина жена деца. 5 години Кичево , 6 години Книн, 8 години Призрен... децата ќе ти учат малце српски малце албански ќе треба да чекаш пензија за да живееш каде сакаш. Се знаеше што е тоа војска и служба и ретко кој се пријавуваше во академија од моја генерација средно школо се пријавија и заминаа само двајца, сите други ојдовме на медицина, право, технички, филозофски..... каде се живееше поопуштено порелаксирано и каде се вработуваше во свој град покрај твојата фамилија. И ти велиш онака ладнокрвно дека Академија завршувале кривинаши ради материјално добро ?? интелигентнии деца физички силни оделе 4 години на строг режим на академија со опасност да бидат исклучени ради неодговорност неучење недисциплина свесни дека барем 15 години маста ќе им ја вадат на работа со селења терени дисциплини уредност... за да кривинашат и земаат пари??? аххх децаа

И она последното твое... војниците не добиваа одликовања.
Види вака... секој кој служел во јна било војник било старешина знае дека постовите ти се лага. Без навреда али така е. Имаше и други начини малце пореално да го искажеш својот негативен став, ова те напраи многу неубав карактер, и со секој понатамошен текст, паѓаш подолу зато најубо е ова да го баталиш се надеваш дека ќе се заборави.
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
Шеќерна табла,чоколадо за готвење или чоколдадо со оризз во кое повеќе имаше ориз тоа ли го сметаш за чоколадо
Да можело да се увезе мерцедес,ауди или бмв ама требало да се опрчиш пари колку 5 тристачи
Баш пордаи таа книшка што не сакал таткоми да ја извади во шеесетите години бил принуден да мигрира во Франција па таму да бара непартиска работа
Бем ти југославија и удбашко страње
Татко ти емигрирал во Франција со Југословенски пасош и сигурно бил горд македонец таму некаде во франција,денеска се тепаме да се кажеме дека сме бугари за да не пуштат да излеземе од тука за да работиме по нивите.
Смешен си смири се малку
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
ВП е воена пошта а тоа ВЕС не ми текнува шо беше.
Да не си бил ШРО ако си бил војска?[DOUBLEPOST=1436737131][/DOUBLEPOST]
Знам како не знам ама не сум консумирал 2-3 класа производи.
Како што пишав погоре сум консумирал Француски,Швајцарски,Германски 1во класни производи
А ме возеле и возам строго француски возила цитроен дс,цх,хм,бх,ксантиа,ц5,пежо405,605.......
Знаеш како звучи твојот пост?
како на некој хомосексуалец “Не клецкав жени оти не било убо зато само мажи ебавам“
Ксантија е ниска класа на возила и Ц5, не сум ги возел али така е
Многу ти е бе детски муабето
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
ВП е воена пошта а тоа ВЕС не ми текнува шо беше.
Да не си бил ШРО ако си бил војска?[DOUBLEPOST=1436737131][/DOUBLEPOST]
Знам како не знам ама не сум консумирал 2-3 класа производи.
Како што пишав погоре сум консумирал Француски,Швајцарски,Германски 1во класни производи
А ме возеле и возам строго француски возила цитроен дс,цх,хм,бх,ксантиа,ц5,пежо405,605.......
Хммм не сум јадел 2-3 класни производи сум јадел германски,француски,швицарски
дечко иди лечи комплекси на друго место:vozbud::vozbud::vozbud:
Вакви типови има и денес у македонија му удираат чврги,не е битен за никого,со незанемарлива маса ке отиде у греманиј ке се убие сликајки се со чоколади,палачинки пива и демек станал човек:zver:
Во југославија се правеа 2-3 класни производи,во Македонија веке не се ни прават производи...
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Мандрак не се заебаај....ДЕМОКРАТИЈА И СЛОБОДА НА ГОВОРОТ...:):):)
Ај коа веќе тонеш у геризот на глупостите кои ги мантраш, бар тони како капетанот на Титаник , а не ко некој жабар кој си го превртел бродот...;)
Паѓаш самиот на себе во контрадикција! Во СФРЈ ова нема да смееше ни да го шепнеш некаде, не да го напишеш јавно за сите да го читаат!
И до сите останати кои не се согласуваат со мене, за да не им реплицирам поединечно, ќе ги повикам да повелат да изнесат факти кои ќе потвдат нивното и негираат моето тврдење. Ако почнеме да се изсмеваме едни со други и да се навредуваме, тогаш ова воопшто нема повеќе да личи на дискусија. Ќе следи веројатно и пронаоѓање во живо и блиска средба од трет вид. За тоа, порелаксирано и со помалку подсмев и цинизам кој може да биде и лошо сфатен од некои па да се создадат несакани ефекти.
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Паѓаш самиот на себе во контрадикција! Во СФРЈ ова нема да смееше ни да го шепнеш некаде, не да го напишеш јавно за сите да го читаат!
Jaс во СФРЈ го имав земано Фералд Трибјун
знаеш оној весник кој објавуваше слика од пионири со шамии и текст „Пионири малени ми смо војска права ко не буде послушан летече му глава...“ беше остар и критички настроен и замисли не го забранија во СФРЈ, го забранија и згаснаа во независна Хрватска ради навреди кон Туѓман, сиимаше критики кон системот и во сатири и во колумни, имаше и граници до каде можеше, пример на национална основа навреди, навреди кон народно ослободителна борба, величање на усташи, четници, навреди кон Тито... тоа не се смееше, но за разлика од многу тогашни социјалистички земји, имавме многу слобода на изразување, во Битола при дочек на штафета настапуваше битолски рок бенд со своја песна каде рефренот беше “Слушам кај што звонат пеколните звона ..„ и ништо не им се случи, ова беше 80 или 81, можеби имаше повеќе слобода во медиуми од колку денес кога новинари се апсат мистериозно дават во кофи со вода, згаснуваат насилно и се затвараат.
 
Батали што си читал. Кажи ми што си смеел да кажеш посебно ако било против раководството на државата, власта и СКЈ?
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
Батали што си читал. Кажи ми што си смеел да кажеш посебно ако било против раководството на државата, власта и СКЈ?
Во СФРЈ не си смеел да збориш против државата многу ТОЧНО
Што ке се случи доколку вечерва на вести оние владините излезе некој директор на осмолетка и јавно каже дека екстерното не баш најдобро,дека во прво оделение ке има по 14-16 деца во оделение,а повеке профоесори,како компјутерот за секое дете не дава разултати и така натака.
Што мислиш дека ке се случи со директорот ке биде награден,ке биде репризиран во наредните вести
Нема името да му го спомнат веке,прва прилика го тргат од функција...
ЗАШТО СТЕ ТОЛКУ НАИВНИ
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.035
Поени од реакции
80.883
Jaс во СФРЈ го имав земано Фералд Трибјун
...
У Југославија Ферал Трибјун беше додаток на Слободна Далмација, а не посебен весник. Ферал - Feral (ѕверски,пеколен, во слободен превод). Насловот му беше пародија на Herald Tribune.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Батали што си читал. Кажи ми што си смеел да кажеш посебно ако било против раководството на државата, власта и СКЈ?
Можело бе до некоја мера, на состаноци на СКЈ имаше критики кон членови или раководители, работнички совети имаат сменувано директори на фабрики од кои работниците не биле задоволни, на конгреси на партија се кажувани и критики кон некои потези на власта... види не беше овде ни стаљинизам ни северна кореја али имаше слобода во рамките на дозволеното да кажеш критика, имаше и штрајкови и демонстрации на незадоволни граѓани и работници.. ти си замислуваш СФРЈ како земја на секој чекор вооружени тројки на удбаши, на секој 5 минути те застануваат и легитимираат, телефони прислушкуват и една армија шпијуни секој ден доставува пријави ако некој рекол нешто против системот и оп, сабајле го нема него и фамилијата и никој од страв не смее да праша каде се....
Се гонеше национализмот како што е вмро, усташтво четништво... се гонеа сите идеи кои опотикнуваа омраза или негирање кон други народи и нации, се осудуваа сите кои омаловажуваа улоагата на НОБ и ПОЈ и беше забрането критика и навреда на ликот и делото на Тито.
Од друга страна, читавме стрипови со супермен, бетмен алан форд, текс вилер загор, конан... гледавме холивудски филмови слушавме блек сабат, ајрон мејден дјуран дјуран били ајдол... носевме кожни јакни со беџеви пиевме пушевме јадевме слободно одевме кај што сакаме....
Јас немав никогаш потреба да пцујам власт која ми овозможи да живеам мирно безбедно осигуран со плата пензија здравство и социјала. Незадоволни имаше секако оние на кој им сметаше таков систем. Али мнозинство народ не гледаше ништо лошо во тоа затоа што тој систем им овозможуваше да проведат убав овоземен живот.
Денес не е така.[DOUBLEPOST=1436788962][/DOUBLEPOST]
У Југославија Ферал Трибјун беше додаток на Слободна Далмација, а не посебен весник. Ферал - Feral (ѕверски,пеколен, во слободен превод). Насловот му беше пародија на Herald Tribune.
си имаше посебно уредништво и згасна како посебен весник

ПС
Feral tribjun je započet u Splitu kao letak političke satire, pa je postao nedeljni satirični časopis, te je prerastao u popularne nedeljne novine. Poznat je po tradicionalno provokativnim naslovnim stranama, praćeni kratkim vestima („informbiro“), uredničkim člancima, intervjuima, satiričnom sekcijom, te novostima o knjigama, muzici i Internetu. Još jedna popularna i jedinstvena sekcija je „Greatest Shits“ (najveća sranja), gde se skupljena, po mišljenju urednika, najluđe izjave javnih ličnosti za hrvatske medije.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Паѓаш самиот на себе во контрадикција! Во СФРЈ ова нема да смееше ни да го шепнеш некаде, не да го напишеш јавно за сите да го читаат!
И до сите останати кои не се согласуваат со мене, за да не им реплицирам поединечно, ќе ги повикам да повелат да изнесат факти кои ќе потвдат нивното и негираат моето тврдење. Ако почнеме да се изсмеваме едни со други и да се навредуваме, тогаш ова воопшто нема повеќе да личи на дискусија. Ќе следи веројатно и пронаоѓање во живо и блиска средба од трет вид. За тоа, порелаксирано и со помалку подсмев и цинизам кој може да биде и лошо сфатен од некои па да се создадат несакани ефекти.
Не се сложувам со тебе. Постоеше идеолошка обработеност нешто да сакаш, но ако некој изнесеше искрена критика на состојбите, пример на состанок од работничкиот совет, никој ништо не би му сторил. Барем во пониските нивоа на власта. Во 80тите излегоа изразито антијугословенски филмови кои заминаа и во нихилизам и мене лично ми сметаа и се чудев зошто не ги забрануваат. Се сеќавам на филмот Амбасадор каде беше претставен (и величан) распуштен живот на возрасно дете син на југо-социјалистички амбасадор. Во филмската и музичката индустрија беше сеприсутна самокритика. Од попознатите ако си ги гледал „Болји Живот“ па и „Шурда“ беше претставена нефункционалноста на југословенското стопанство. Скоро општ израз на сите тие филмови беше апатичен потсмев со самите себе си и состојбите во смисла „Све је ово пропало“.
Лукавите растурачи на Југославија не пострадаа туку одлично паразитски се инфилтрираа и тогаш и сега. Тие го сменија системот. А не обичниот народ и дисидентите. Го сменија затоа што сфатија дека во другиот систем можат да бидат многу поголеми буџи.
А од казнениот ситем на Југославија пострадаа наивните и поизбувливите дисиденти кои или недоволно успешно или пак пренаивно ги изнесуваа нацинално етничките вредности како реални и вистински наспроти неприкладноста од нивно подредување под неприроден и виртуелен југословенски ентитет.
Циклусите на историјата се повторуваат со многу слични состојби. Неспособноста и арогантната самобендисаност на власта на сегашната кое како надоградена антидемокатска верзија расте низ сите власти во независна Македонија, слично како при крајот на социјализмот, да прифатат, да учат кога им се укажува на грешките, не води повторно кон анархија. Безнадежен е секој обид да им кажеш дека грешат исто како што беа безнадежни укажувањата тогаш. Тогаш на маса беше ставен опстанокот на системот и федерацијата. Сега на табла е режимот и оваа форма на демократски систем, опстанокот на македонската држава и македонската нација. Мандрак ти што ќе одбереш партијата или народот? На кого ќе му служиш во сегашната ситуација кога партиските и националните интереси се во судир?[DOUBLEPOST=1436796922][/DOUBLEPOST]
Ни самиот не си свестен какви небулози изнакажа.
Како може војник со наочари да биде поставен на пониско ниво од набилдан војник? Војник е најниско ниво во армијата. пониско нема. Во војска ако си артилерија а имаш завршено правен факултет - треба да имаш повисок ранг од војник артилерец кој има завршено средно? То ти е исто ко да се жалиш оти таксист кој завршил факултет е на исто ниво некој без образование. Во ЈНА се гледаше на завршено образование па ако некој бил инженер се ставал во таква единица или ако завршил средно медицинско или факултет медицина се ставаше во санитет се гледаше да се искористи знаењето.
Во Академија не можеше да се провлечиш дека заради материјална корист одиш во Армијата. 4 години академија бараше учење, прво се поминуваа ригорозни тестоеви и психички и физички и многумина не го поминуваа тестот. Значи треба да си физички спремен интелигентен психички стабилен и со предходен висок успех во средно школо за да се запишиш во академија. Па ти од мал град ако си бил вреден силен интелигентен со завршено средно школо со најмалку многу добар - си можел да запишеш било каде факултет и со диплома работиш во цивилство или заминеш во странство. Во Академија немаше паѓање на година. Те исклучуваат, учиш 3 години паѓаш трета и крај. Во академија немаше студенстски живот, женски пиења журки... во 10 се гасат светла во 6 разбудувањае филскутура, голем дел од времето во чизми на терен на обука... Во ЈНА кога ќе завршиш академија си потпоручник, а тоа значи секое сабајле во 07 часот со чизми и опасач на работа. не во канцеларија туку надвор со војска, и поручник и капетан па и капетан прва класа. некои 15 години си свесен дека секој ден на работа и лете и зиме ќе носиш чизми ќе бидеш секое сабајле глатко избричен уредно истрижан и со војската ќе имаш обука по терени по полигони. Дека во годината најмалце месец - два ќе ти поминат на терен со спиење под шатор и јадење конзерви, Дури од кај мајор негде повеќе канцелариска работа или ако завршиш служба која нема толку допирна точка со обука на војници. При тоа треба да знаеш и очекуваш дека на неколку години ќе те преместуваат, Босна, Косово, Хрватска, Словенија... од гарнизон во гарнизон далеку од твето семејство со себе ќе влечкаш мебели покуќнина жена деца. 5 години Кичево , 6 години Книн, 8 години Призрен... децата ќе ти учат малце српски малце албански ќе треба да чекаш пензија за да живееш каде сакаш. Се знаеше што е тоа војска и служба и ретко кој се пријавуваше во академија од моја генерација средно школо се пријавија и заминаа само двајца, сите други ојдовме на медицина, право, технички, филозофски..... каде се живееше поопуштено порелаксирано и каде се вработуваше во свој град покрај твојата фамилија. И ти велиш онака ладнокрвно дека Академија завршувале кривинаши ради материјално добро ?? интелигентнии деца физички силни оделе 4 години на строг режим на академија со опасност да бидат исклучени ради неодговорност неучење недисциплина свесни дека барем 15 години маста ќе им ја вадат на работа со селења терени дисциплини уредност... за да кривинашат и земаат пари??? аххх децаа

И она последното твое... војниците не добиваа одликовања.
Види вака... секој кој служел во јна било војник било старешина знае дека постовите ти се лага. Без навреда али така е. Имаше и други начини малце пореално да го искажеш својот негативен став, ова те напраи многу неубав карактер, и со секој понатамошен текст, паѓаш подолу зато најубо е ова да го баталиш се надеваш дека ќе се заборави.
Тогаш зошто се распадна Југославија, а никој од армијата освен многу ретки случаи кои не отидоа подалеку од самоубиство и слични очајнички постапки не превзеде ништо да ја одбрани? Ако биле такви квалитетни офицерите пониските како што ги претставуваш, тогаш какви требало да бидат полковниците, генералите. И кој од нив било што превзеде при распадот на Југославија? Дали има барем една квалитетна патриотско-пројугословенска изјава во јавноста од титовите генерали или сите изјави беа „не знам ви то тамо њега питајте“ да си го чуваат задникот. Паразитизмот го имаше заразено целото општество и немаше останато здрав елемент за истото да се брани иако имаше средства и моќ да се одбрани и тоа со лесно да се одбрани.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom