Мислам дека се заплеткуваме во ваков разговор и не може да дојде до некаков исход затоа што треба да се измери ПОДОБАР живот во две ЛОШИ општества.
Лично мојот живот отприлика половина го поминав во СРМ „под рамките“ на Југославија (по дефиницијата на Ченто) и другата половина во независна Македонија. Обично секој го фали старото, таква е човечката тенденција. Старото вино е секогаш подобро но реално мислам дека и двете општества, едното беше а другото е сега КАТАСТРОФА.
Вие помладите не им верувајте на старите поради човечката потреба да го фали старото вино. Југославија беше трула замачкувана со лажен морал и со лажни митови за себе. Служев во ЈНА и тоа иако верно и наивно, сепак сфатив од ова армија не бидува. Се сеќавам на слики во трпезарија од сите страни летаат топчиња со леб. Цела војска туткаат од лебот и се маваат еден со друг како со топки снег. И тоа во една од подисциплинараните касарни. Не знам дали да раскажувам што гледав во другите касарни. Во една од касарните, беше голем проблем за голема нужда. Целата просторија со вциња беше покриено со 15 сантими гомна од кои 10 сантими осушено и стврднато кој знае од кога неисчистено. За да се олесниш требаше со чизмите да расчистиш од помекиот слој за да можеш да клекниш. Ви кажувам чиста вистина, а јас гледав и не ми се веруваше. ЈНА беше фрлање на пари. Еден куп на застарена опрема со застарени војнички правила и култура. А трошеше огромни суми од народот. Сопствено производство на ова она. Се беше по странски лиценци и тоа на отфрлени концепти на другите армии. Кои и подоцна се докажаа не многу квалитетни само да се гради гордоста односно да се сочува митот.
Се помислив да се искажам јавно пред офицерот за безбедност кога беше собран цел батаљон. Но си реков ајде да не правам многу драми. Но затоа пред заминување отворено проговорив со другите војници дека е ова сељачка војска во која не се негува интелегенцијата и да не подбери некој поефикасен народ Данци, Швеѓани би не прегазил, а од ЈНА не би останало ништо. Прво се побунија, дека не може така да е, ние сме силна армија, ние југословените сме нешто силно, посебно. Но по некој ден ја прифатија реалноста за напумпаниот балон-мит (што им го истишив) и признаа дека ова е „сељачка војска“.
Тоа беше општество што се распаѓа и морално и економски. Како сликовит пример одраз за моралниот распад ги гледам „Жикина династија“ и сличните филмови, а за економскиот распад откривањето на начинот на функционирање и пропаста на гигантот „Агрокомерц“ во Босна - многу слично на грчките задолжувања.
Впрочем распадот на Југославија се погоре напишано го потврди.
Сега се продолжуваат старите митови. Пример Југославија била светска спортска велесила. Вистината е дека Југославија освен 3-4 колективни спортови од кои најзначајна со континуирани успеси беше кошарката не можеше многу да се пофали со спортски успеси. Ако се погледне статистиката од бројот на освоените медали од Олимписките игри, Југославија беше прилично спортски неуспешна. Стоеше далеку позади Унгарија, Романија, Бугарија, и скоро сите западни европски држави со двојно или повеќе помало население.
Една земја од 23 милиони, со планини и со снежни зими, а немаше ниту еден медал од зимски олимписки игри. Никаков, ниту еден. Едвај да испраќаше спортска делегација на ЗОИ. По некој словенец во алпските спортови. Дури на ЗОИ во Сараево беше освоен првиот медал, сребро за Јуре Франко во велеслалом.
Во Југославија (по)добри страни беа: здравството, правата на работниците, братство и единството меѓу народите - тоа за тогаш не беше лага, безбедност - ниско ниво на класичен криминал, меѓународно вреднување, политичка, а и културолошка доминација на Балканот. Планско стопанство си имаше мани но и некои свои предности во однос на денешнoто survival-џунгла стопанство.
Успехот на Кина докажа дека „не е важно дали мачката е црна или бела важно е да фаќа глувци“ - Денг Хсјао Пинг. Кинезите градат капиталистички социјализам. Планско стопанство со капиталистички пазар и тоа со неверојатни разултати. Што значи левица, десница не е битно. Се се тоа ограничувачки шаблонизации кои водат кон бескрајни судири, поделби и расправии. Не е битно ВМРО-ДПМНЕ како десница или СДСМ како левица и дека во се треба така да се однесуваат. Битно е да има одлуки кои ги исполнуваат целите кои сите заедно сме ги поставиле како цели.
Ако мериме само убав живот како живот на поединецот и семејствата може да се каже дека Југославија имаше кратки периоди на убав живот, независно дали лажен, кредити или како и да било. Би ги издвоил 70тите со мирен живот успаванка каков што никогаш немало на планетава и животот во времето на Анте Марковиќ. Но никој не може да каже дека во независна Македонија имало било кога барем 1 година на убав живот.
Би ги отфрлил и двете општества како штетни и назадувачки за македонскиот народ. Ако сум принуден да избирам да живеам во едно од двете времиња би го избрал сегашното само поради еден факт: Сега тешко можеш да победиш, затоа што системот ги затвора сите отвори за да постигнеш слободен, независен и економски достоинствен живот каков што сакаш. НО ИМАШ МОЖНОСТ ДА СЕ БОРИШ. Кој знае можеби некој од нас ќе биде доволно паметен за да најде отвор и да го победи системот. Доволно е еднаш еден вистински човек да го пробие системот и тоа да овозможи неколку децении квалитетен човечки живот.
Во Југославија едноставно не ти беше дозволено да се бориш. Психолошката поставеност беше како да те потиснал тежок бирократски шифоњер кој го носиш на грб каде и да одиш што и да правиш. А митолошката и идеолошката обработеност беше таква што и безначаен обичен човек кој е борец за свој слободен живот, автоматски беше осуден и отфрлен не од власта туку од луѓето во 99%.