ВИЕ...јас сум еден човек не мора да ме персираш а тоа со штабови веќе станува излитено. исто ко да кажам дека ВИЕ од партиските штабови пробувате да го минимизирате успехот на ФФМ и Македонија.
Врати се три страни назад (не е многу) коментирав откако еден член напиша дека стадионот бил субстандарден после веста дека може супер купот ќе се организира кај нас и после уште еден коментар дека Скопје е вукојебина. Два дена подоцна УЕФА ја додели организацијата. Завршена приказна. Сега доволно е ете бегло да ја пренесеме веста никој да не се израдува што најјаките два клуба од Европа ќе дојдат 2017 тука. Сите молкум да ја примиме оваа информација, да се потсетиме дека нема доволно вециња на стадионот дека клубовите се слаби благодарение на немањето на стратегија и од европски прваци станавме земја со мизерни клубови и репрезенатација и така натака. Немој случајно еден ден да славиме ваква вест.
Сега кажи ми која логика ти личи попартиска? Твојата или мојата? Да не се израдуваш дека ќе се гледа добар фудбал макар еден ден според мене значи дека си премногу партиски оптоварен.
Најјаките 2 клуба од Европа ќе дојдат кога ќе се игра финале ЛШ, тука е најјакиот клуб од Европа со многу веројатно некоја просечна екипа. Не дека е нешто битно, само да те исправам, те излажале малце.
Супер е што Скопје доби можност да биде организатор бидејќи ќе дојде шампионот на Европа, ќе дојде најјакиот фудбалски тим од сезоната 2016/17, ќе дојдат дел од најјаките фудбалери во Светот, и голем дел од Македонците ќе добијат шанса да го гледат својот омилен тим во живо, без да патуваат преку 2000 километри. Aрно ама не е "најголемиот настан во Македонија до сега" од проста причина што мечот може да биде ревијален, старт на сезоната е, на почеток на Август ќе се игра, играчите се далеку од најдобрата форма и да, иако е трофеј, е меѓу најнебитните во фудбалот.
Сепак, убаво е да се почне од некаде, јас лично се радувам на Суперкупов, посебно ако Јунајтед освои ЛШ во 2017, ќе дојдам пеш до Скопје ако треба. Муабетот е само дека не е толку големо, дека не е финале ЛШ, или меч од Европско Првенство.
За стадионот, реално ни ваков не заслужува нашата ебана репрезентација. Стадионот за наши услови е супер, ама факт е дека од УЕФА не одјебаа кога аплициравме за натпревар од ЕП 2020. Никој не вика дека не го бива стадионот, само дека има недостатоци и не гледам кој е проблемот да се прифати дека уште не е на Евопрско ниво. Или можеби оти е дограден во времето на ВМРО? Да, го добивме Суперкупов, ама меч од едно ЕП е 100 пати побитен од ваква утакмица, која се игра на почеток на Август и која многу често не е кој знае колку сериозно сфаќана од големите фудбалски екипи.
И да, факт е дека и ова се користи за политички поени, не за џабе дојде ти на подфорумов.