Добро ќе биди да се легализира ама течко некоја влада да се одлучи на таков чекор особено не десничарска како што е сега на власт затоа што се коси со идеолошката матрица на најтврдокорниот дел од нејзиното јадро. Така ќе биде се додека не дојдат некои нови генерации со полиберални ставови. Ова може полесно да се проголта ако има евроинтеграциски предзнак на законот за легализација. Друга пречка покрај јавноста е и тоа што проституцијата е огранизиран криминал и кога никој не го гиба, а функционира толку очигледно, може да се заклучи дека некој на повисоко ниво има бенефит од тоа па проституцијата е de facto декриминализирана. Но ако е легализирана сите ќе имаат корист. Газдите, затоа што нема да бидат гонети и ќе имаат стабилен бизнис, работничките затоа што че имаат социјална и секаква заштита, муштериите ќе можат без страв да користат услуги и ќе можат да тужат ако се оштетени на било кој начин, државата затоа што ќе се зголемат приходите во буџетот преку лиценци за вршење на дејност, придонеси, ддв т.е. ќе се легализира дел од сивата економија и ќе циркулираат повеќе пари во системот, а се работи за милионски бизнис, ќе се намали невработеноста. Најпосле ќе има и зголемување на туризмот ако сме први во регионот кои ќе ја легализираат проституцијата. Но цената на услугите ќе се зголеми, а дел од проституцијата ќе остане надвор од легалниот систем и ќе нуди поевтини услуги. Сепак бенефитите се поголеми, а главниот проблем го лоцирам во ставот н јавноста по ова прашање.