Формула 1 - сезона 2015

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион за 2015 според Вас...

  • Вкупно гласачи
    71
  • Гласањето е завршено на .
Многу лоша комуникација измеѓу стратезите и Кими...аматерски изиграно. Никој не е до толку бот со овој болид да не може да помине Q3...
Иначе нови надградби кај Ферари на моторот следуваат највероатно тек во Монца.
 
Uste malce pa naredna sezona hahaha kako gi razvlekoa ...

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
 
Надградбите во Канада беа многу ефикасни,кои заедно со новото гориво на Шел донесоа 20-30 КС. Направени беа промени на лежиштата на вентилите на главата од моторот,клиповите и самите комори за согоревање. Со овие надградби разликата во однод на Мерцедес или ја нема или е многу мала на самата трка.

Разликата ја прави Мерцедес на квалификациите каде хрибридниот систем е дозволено да испорача 4 МЈ по круг а на трка 2 МЈ по круг. Тука е Мерцедес засега појак. Од батериите извлекува повеќе струја.

Во Монца највероватно Ферари ќе има појак мотор од Мерцедес,бидејќи има повеќе токени за користење(дури 7) а Мерцедес своите ги искористи за да добие издржливост на моторот а не снага
 
2015 АВСТРИЈА ГП: СИТЕ КАЗНИ ПРЕД СТАРТОТ НА ТРКАТА

Пред стартот на денешната трка да напишеме нешто повеќе и за казните кои следуваат на четири возачи, но само два тима и тоа Ред Бул и Мекларен. Ни казните не се веќе она што беа во минатото, сега се многу покомплицирани, и бараа поголемо објаснување од страна на стјуардите.

Дањил Квјат е првиот возач на кој се применува казна. На болидот од младиот Руски возач е заменет моторот, кој е дел од Погонската единица. Бидејќи тоа е 5-ти мотор кој се користи оваа сезона, кога се дозволени само четири, Квјат автоматски е казнет со десет стартни места поназад во согласност со член 28.4c од Спортските правила. Од Ред Бул сами го известиле техничкиот делегат за оваа промена уште во понеделникот 15 јуни.

Квјат се квалификуваше на 8-та позиција. Тоа значи дека неговата казна може да се примени во целост, без понатамошни казни во трката. Наместо 18-ти, тој ќе стартува од 15-тата позиција, бидејќи следеа уште три други возачи со казни по неговата.

На болдиот од Даниел Рикиардо е променет моторот, кој и за него е 5-ти користен во оваа сезона. Следува автомаска казна од 10 стартни места поназад, исто така, во согласност со член 28.4c од Спортските правила. Од Ред Бул сами го известиле техничкиот делегат за оваа промена уште во понеделникот 15 јуни.

Рикиардо се квалификуваше на 14-тата позиција. Ова значи дека не може да му се примени целосната казна. Тој ќе заработи казна од 5 секунди време кое ќе биде додадено по завршувањето на неделната трка. Тој ќе стартува од 18-тата позиција, поради казните на уште два возачи после него.

Фернандо Алонсо заработи 4 казни со вкупно 25 стартни места поназад. Тоа се:
- Променет 5-ти мотор (10 стартни места);
- Променет 5-ти турбокомпресор (5 стартни места);
- Променет 5-ти генератор на енергија од издувните гасови (5 стартни места);
- Нов менувач (5 стартни места).

Новиот менувач е ставен по саботниот тренинг, одкако болидот на Алонсо застана на патеката, предизвикувајќи црвени знамиња.

Алонсо се квалификуваше на 15-тата позиција. Ова значи дека и кај него не може да се примени целосната казна. Како резултат на тоа, тој има дополнителна казна од возење низ боксевите, која треба да ја испочитува во првите 3 круга од трката. Ќе стартува од 19-тата позиција, бидејќи после него казна заработи и Џенсон Батон.

Џенсон Батон, исто така, заработи 4 казни со вкупно 25 стартни места поназад. Тоа се:
- Променет 6-ти турбокомпресор (5 стартни места);
- Променет 6-ти мотор (10 стартни места);
- Променет 6-ти генератор на енергија од издувните гасови (5 стартни места);
- Променет 5-ти генератор на енергија од сопирачките (5 стартни места).

Промените на генераторот на енергија од издувните гасови, моторот и турбокомпресорот беа претходно испланирани, за што тимот на Мекларен го информирал техничкиот делегат на 16-ти Јуни, во вторникот. Генератор на енергија од сопирачките беше заменет во петокот вечерта, по што следуваше нова казна.

Батон се квалификуваше на 17-тата позиција. Ова значи дека не може да се примени целосната казна. Како резултат на тоа, тој има дополнителна казна од возење низ боксевите, која треба да ја испочитува во првите 3 круга од трката.Ќе стартува од последната 20-та позиција.
2015 АВСТРИЈА ГП - СТАРТЕН РЕДОСЛЕД
П. ВОЗАЧ ТИМ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ
3. Себастијан Ветел Ферари
4. Фелипе Маса Вилијамс
5. Нико Хулкенберг Форс Индија
6. Валтери Ботас Вилијамс
7. Макс Ферстапен Торо Росо
8. Фелипе Наср Заубер
9. Роман Грожан Лотус
10. Пастор Малдонадо Лотус
11. Маркус Ериксон Заубер
12. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо
13. Серџо Перез Форс Индија
14. Кими Раиконен Ферари
15. Дањил Квјат Ред Бул
16. Роберто Мери Манор
17. Вил Стивенс Манор
18. Даниел Рикиардо Ред Бул
19. Фернандо Алонсо Мекларен
20. Џенсон Батон Мекларен
 
Алонсо и Батон као у америка кога ќе те казнат 110години затвор(60 за убиство, 50 за силовање) :icon_lol:
 
Kimi ebati malerot ... 2 krivini izvoze ...

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
 
Kimi ebati malerot ... 2 krivini izvoze ...

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
Ферари дефинитивно на оваа трка си го пишаа крајот. Во право беше Аривабене, 2-3 победи во оваа сезона, и толку...
 
Надградбите во Канада беа многу ефикасни,кои заедно со новото гориво на Шел донесоа 20-30 КС. Направени беа промени на лежиштата на вентилите на главата од моторот,клиповите и самите комори за согоревање. Со овие надградби разликата во однод на Мерцедес или ја нема или е многу мала на самата трка.

Разликата ја прави Мерцедес на квалификациите каде хрибридниот систем е дозволено да испорача 4 МЈ по круг а на трка 2 МЈ по круг. Тука е Мерцедес засега појак. Од батериите извлекува повеќе струја.

Во Монца највероватно Ферари ќе има појак мотор од Мерцедес,бидејќи има повеќе токени за користење(дури 7) а Мерцедес своите ги искористи за да добие издржливост на моторот а не снага
Па не би рекол дека не се приметува значителна разлика на трка.
Надградбите во Канада беа до мера ефикасни, но не доволно за да се поминат Мерцедес. Помала е разликата, али пак се гледа дека има разлика што е доволно голема за Мерцедес да ги држат Ферари позади. Eве и денешнава трка послем SC, Мерцедес по круг правеа значителна предност пред Фетел. Значи Ферари сеуште не се доволно силни за да влезат во директен дуел со Мерцедес. Али ќе видиме на Монца како ќе се покажат надградбите, јас сум оптимист. Но за сега сме сеуште далеку.

Иначе што се однесува на денешнава трка. Моќен старт на Росберг, успеа да го задржи позади Хамилтон и да направи разлика. Кога ја доби Хамилтон казната све беше готово. Одличен тркава Росберг.
Кими за среќа помина без повреди, можеше главата да му летне...
Позади гледавме интересни борби како таа на Малдонадо и Верстапен. Малдонадо јако го испаничи малиот :D
 
Znaejki go Maldonado ... Sekoj bi ispanicil

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
 
Хондава денес пак разочара. Ни 10 круга не поминаа, Батон со проблеми, а и нов мотор има :(
 
Боље остај го да те помине отколку да те убие :) :D
Toa de, samo go cekav na koja krivina ke go sobere, imase srekja kiksna toa ti e srekja vo nesrekja zasto koj znaese do kraj sto ke se izdesavase, se na se gledam deka toro rosso i lotus se vo onie podobrite od pomalite barem gledame redovno natprevaruvanje pomegju niv, a hondata definitivno kako sto kaza strucniov, dobar izgled tapa motor

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom