Game of Thrones

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
FAR DE WACH

ja se kladam debelovo znaese so mu spremaat samo se ispicka i izbega bez da mu kaze....
 

BONDEK

ТHE DEVIL
Член од
18 април 2006
Мислења
751
Поени од реакции
30
Се надевам дека Станис е уште жив , навивам за него :(
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Знаев дека вака ќе биде, ништо големо не се деси во сезонава освен во 8мата епизода шо беше едноставно прејака. Уште коа влезе таа Мелисандре и коа им кажа дека Станис е мртов, копиљациве знаеа дека нема кој да ги контролира и го крцнаа Џон, сериозно, ако цркнат Тирион и уште 2-3 позитивни ликови, ќе бидам за мртвиве шетачи, пошто сакам да им ебат се по список на сите живи, нема смисла веќе...

Гарант Калиси ќе ги собере тие со коњите и ќе си направи квалитетна и верна војска шо ќе може да ја контролира и да има шанса против другите.
 
Последно уредено:

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Може Калиси ќе најде нов Кал Дрого

Али знаеме како го спечали првиот ... Али за разлика од Санса, она е поцврста девојка така да и да се случи таа епизода пак нема многу што да се грижиме за трауми :D.

I'm still wondering зш не отиде да ги ослободи и другите два змеја и после да ја спичкаат накај Дотракиното Море, а не сама со Дрого (кој е прилично бербат направен, од факинг common копја, уште една ствар која не ја разбирам..).

Типично за Варис, слегна малце прашината со ситуацијата во Мирин, и ете го никнува ко кокиче :D. Рака сечам дека има дојдено отприлика кога и овие двајцава дојдоа во Мирин али чекал да види како ќе се одвие запознавањето на Тирион и Калиси и дали ќе резултира со летање на глава :D.

Бенџен Старк го покажаа заедно со Сирио Форел и Планината, и од тројцата само последниов го добивме, еден само го спомнаа како дел од заговор, другиов не знам зошто го имаше во pre-episode recap-от. Изгледа на D&D им се тролаше малку.

Најлоша епизода од сезонава. Ќе речев 9тата, али оваа скинаа главен лик (или два, освен ако Станис е се уште жив).



Знаеш шо? Ќе се вратам на Пени Дредфул ја. Fuck GoT.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
сепак влева надеж враќањто на Мелисандре во замокот.. if you know what I mean..
Не верувам, таа се најде таму затоа што тоа и е единствен спас, а и по фацата на почетокот на епизодата и се познаваше прво беше изненадена што се топи снегот потоа штом кажаа дека си отишла војската знаеше што следува.

На толку утнати прогнози што ги имав за ГоТ барем погодив дека Бриен ќе го скине Станис. Иако веројатно подобро ќе беше да почека и ќе ја видеше свеќата на Санса која пак направи очаен потег со кој не ми е јасно што ќе постигне.

И со Арја беше јасно што ќе се случи иако крајот беше ептен мистичен.

Сцената со Серси беше убава иако малку долга оваа казната беше нешто во стилот на тоа што го правеле Римјаните на христијаните во Израел.

Измешани впечатоци имам за сезоната и иако последните 3 епизоди беа одлични сепак веројатно е најслабата до сега
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.212
Поени од реакции
1.711
Станис наеба од сите страни, од лошо у полошо. Очекувано да дојде до моментот со Бриен, после убиството на Ренли Баратион. Дали го скина на крај? Нема веќе што да изгуби Станис, се што направи излезе за џабе, па има логика тоа да биде крај со него и со Баратионс, освен ако од негде не се појави Гендри. Најчудното тука беше, огромната војска на Болтонс.

Најглупата сцена за мене беше со Тион и Санса.

Сер Мерин Трант беше повеќе од очекувано дека ќе биде убиен од Арја, се готвеше терен за тоа во претходните епизоди. Ама ѕверски му влезе. Ме интересира што понатаму со нејзината приказна и губењето на видот.

Во Дорн онаа од Оберин си ја оствари целта (најдобивен лик моментално во цела серија), и се спаси ваљда со противотровот. Џејми што ќе види кога ќе се врати, па и без Мирсела...

Тирион повторно ќе створи партнерство со Варис. Се префрла тежиштето во Мирин. Денерис во истата позиција како на самиот старт, сама, помеѓу Дотраки.

Конечно дојде ред Серсеј да ја признае тајната, целата моќ и валканите игри што ги имаше и ги извадија низ нос со "одот на срамот", нова фризура и солидна фигура ко за нејзини години. :)
Сепак, новиот член на Кралската Гарда ќе биде ѕверотиња.

И за крај Џон Сноу. Му го собраа гневот останатите поради Дивјаците, реакциите на Сер Алистер и Оли претходно го најавуваа на некој начин тоа. Не се потресов многу, however, his story is not over yet. (Ghost, Мелисандре, Старите Богови и Бран). Што ќе се случи во Црниот Замок и Дивјаците после ова? Веројатно ќе ескалира ситуацијата, пошто никој ги нејќеше нив од оваа страна на ѕидот.

Нормално, беа оставени отворени приказните скоро на сите фронтови, да биде повозбудлива следната сезона.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Да, видиш, заборавив за Мирсела. Братот на Оберин ја предупреди, дека ако проба нешто, дека е готова. Мислам дека наредната сезона и неа ќе ја видиме спичкана на грд начин. Нема шанси Џејми да не се посомнева нешто, а Ланистерс имаа веќе искуство со отрови, а имаат и експерт за отрови назад во престолнината. Според секоја логика би требало да имаат идеја кој стои позади тоа.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
За Ланистер не знам ама принцот од Дорн сигурно ќе дознае и ќе ја убие бидејќи и во прегледот на епизодата беше потенциран тој момент дека или ќе има примирје или ќе умре а ептен очигледен беше потегот со бакнежот
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Џон премногу пати ги прекрши правилата на братството и премногу пати ги пушти низ вода своите, за да не јаде нож. Таман си беше тој дел, логична последица на постапките.

Само, премногу ликови потрошија сезонава, а нови не ставија во игра. Ме интересира што ќе прават догодина. Сите ги испокршија и потрошија. Нема ниту еден во полна снага.
Во врска со ликовите и нивната потрошливост. Дел од нив, како резултат на причинско-последичните законитости го добиваат она што, изгледа, им следува. Некои од нив, не. Глупостите на Денерис, на пример, минуваат неказнето. А тие не се малку.

Мартин се коцка со нив, но тој донекаде може да се извади со натамошни заплети и евентуално, од ракав да извади нов, интересен лик, или неколку такви. Иако и тој пребрзо ги троши. Ако хартијата трпи, не мора да значи дека и во серијата ќе биде така.
Имаше доволно материјал во книгите за една солидна сезона, ако не и за две. Каде се Железните? Дебелата сирена од Северот? Конингтон & компанија? Каде е извесна госпожа со камени емоции? Приказната во Дорна сто пати подобро можеше да биде реализирана, квалитативно и квантитативно. Ќерките на Оберин можеа да бидат поубаво претставени и да послужат како адекватна замена за татко им, итн. итн.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Најочајна сезона убедливо имаше Џејми, толку е пропаст ликот што никој не го ни спомнува. Дури и во сезоната кога беше цело време заробен во кафез беше подобар лик.

Од сето срање што се случи со Џон барем добро е што го пушти Сем инаку и него ќе го снајдеше истата судбина.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Најочајна сезона убедливо имаше Џејми, толку е пропаст ликот што никој не го ни спомнува. Дури и во сезоната кога беше цело време заробен во кафез беше подобар лик.

Од сето срање што се случи со Џон барем добро е што го пушти Сем инаку и него ќе го снајдеше истата судбина.
Како е добра работа што Сем преживеа? Ебате тоа одвратниот лик! Тој, Гили и детето - преку к*рот од нив! Посебно оваа сезона многу го тупеа со нив на сметка на други илјада пати поинтересни ликови!

Од толку многу што ја тупеа цела сезона, последнава епизода мораа се` да стрпаат заедно. Сезоната имаше потенцијал да биде најепик од сите ама нееее, дај ќе ги убиваме од досада гледачите со Сем и Гили и на крај ќе ги убиеме сите “главни“ ликови во последните 10 минути од последната епизода....

МРШ !

*мршот е наменет за ДиД
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Непроспиената ноќ вредеше, финале достојно за серијата, еден куп луѓе испотепаа (колку од нив стварно умреа ќе видиме дури за една година).

Последната сцена, бев спојлнат за тоа уште лани и знаев дека ќе се случи, и пак беше мачно да се гледа, Старкови пак го изедоа најјако во финалето, Џон избоден, Арја ослепена а Санса се џитна од ѕидините (доста високи). Не знам баш дали таков скок може да се преживее. Нејзината приказна со овој епилог испадна доста безвезна и наивна (како неа). Точно знаеше во што се впушта кога отиде во Винтерфел, знаеше дека Станис нема со сигурност да победи и да го освои замокот, знаеше дека ќе биде во рацете на монструми како Рус и Ремзи и на сето тоа доброволно се омажи за Ремзи. И што испадна од целиот нејзин план, Станис изгуби, Ремзи се врати, очајната со Теон рипа преку ѕидови. И еве и да преживее каде ќе оди, најверојатно пак ќе се сретнат со Бриен и ќе се криат по шумите. А целата сага со свеќата во кулата, зарем цела помош беше само Бриен, зарем нема други противници на Болтон на Северот?

Се сложувам 100% со @Zedd за Џејми, страшен лик помина како статист цела сезона, немаши ни пет реда дијалог, но очекувам многу поголема улога за него во 6-та.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
1. “I pray for a glimpse of Azor Ahai, and R'hllor shows me only snow.”- Melisandre
1.1 Snow е додатокот што го добиваат копиљињата од северот.
2. Виде Мелисандре дека ќе горат знамињата на Болтон(но не и дека Баратеон ќе се вивнат)
3. Ремзи Snow си формира посебна куќа, ги пали знамињата на Болтон и прави покољ коа идат WW.

All hail King Ramsey, the true Ruler of Westeros and slayer of dead people.


 
Последно уредено:

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Од толку многу што ја тупеа цела сезона, последнава епизода мораа се` да стрпаат заедно. Сезоната имаше потенцијал да биде најепик од сите ама нееее, дај ќе ги убиваме од досада гледачите со Сем и Гили и на крај ќе ги убиеме сите “главни“ ликови во последните 10 минути од последната епизода....
The thing is, they wanted to break the internet, and they did.

Ова им беше one and only шанса за такво финале. Досеа немаше ваква последна епизода, обично во финалињата повеќе се расплетуваше претходната епизода и се припремаше теренот за наредната сезона. Сега се испукаа максимално, и оставија огромни cliffhangers кај речиси сите главни карактери.

И зашто го сторија тоа сега, а не претходно? Едносавна причина, книгите. Веќе ги достигнаа делата на Мартин, па сеа не моеш да идеш на гугл (YOLO SWAG педери) и да прочиташ шо ќе се деси со ликот. За некои ради тоа што ни во книгите не се знае што ќе се деси со нив, за некои затао што... не постои приказната во книгите. :D

Тоа што се очигледно лоши сценаристи или премногу се обидуваат да променат карактери и судбини е друга работа. Споредете само, колку помалце занемарливости има кај Џон и Арја отколку во другите „нивни“ новокреирани сторилајнс. Дали на долг рок ќе испаднат добри, останува да видиме.

Лани имавме супер динамична цела сезона, во секоја епизода се дешаваше големо срање. Логично беше сезонава да биде спора, тие замерки ми се глупи. Со минатата сезона заврши првиот дел на приказната, го доби својот климакс, мораше одново билдинг. Но, останува тоа што го реков, дека можеа мнооооогу подобро да направат многу работи во сезонава, па и спорите делови да бидат уживање. Вака ова испадна најлошата сезона досега. Пак ќе речам, не ради нединамичноста на приказната, него ради yolo потезите на Dolce и Dabana.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom