Ви се случила некоја натприродна работа?

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Околностите се чудни само во твојата глава.

Можеби, не велам не. Ама зарем не е така кај сите овие случки? Јас баш би сакала да најдам некое солидно, логично објаснување за целата работа, а чудно е тоа што ниту едно од можните очигледни решенија не се поклопува со околностите на настанот. Ако гледаш некое објаснување што јас не го гледам, слободно сподели, навистина ме интересира, ама онака најискрено, затоа и ја раскажав случката, а со оглед на тоа дека ги имам прочитано сите досегашни мислења на темава, мислам дека сум он топик со ова.
 
...Јас баш би сакала да најдам некое солидно, логично објаснување за целата работа...

За тебе нема ништо интересно во обично логичко објаснување на најнормална ситуација. Затоа и си бараш необични квази-факти. Дали би читала тема од 150 страни со постови како "нешто ми шушкаше во собата, станав и видов дека е кеса" ? Не.
Само ако тоа е "нешто ми шушкаше во собата, станав и не видов ништо, немаше никој, мора да е дух!", е тогаш е забавно. Fuck the кеса, long live the духови.
 
Кои се тие квази-факти што ги барам? Буквално ја споделив случката онака како што се случи и потенцирав дека баш сакам да најдам решение бидејќи (ова можеби не е јасно од претходните постови) не верувам во натприродни нешта/било што што не може да се објасни со наука или логика, а забележав дека во настанов има околности кои не можат да се објаснат толку просто, па затоа мислев дека припаѓа на темава. Доколку навистина ситуацијата е толку „нормална“ и не заслужува за неа да се размислува и да се бара решение, постојат модератори, ќе ја тргнат од темава ако треба.
Во право си дека кај ваквите „приказни“ најважен е елементот на сензационалност и што пострашна, тоа поуспешна е приказната и дека никој не сака да чита нешто без таква хорор кулминација, без разлика колку всушност верува во тоа. А кога сме кај мене и што ме интересира, мене лично всушност многу би ме интересирало обично логично објаснување на настанов, само тоа и ме интересира, да бидеме искрени. Во случајов не велам дека е кеса, не велам ни дека е дух. Само раскажав што ми се случи, бидејќи ова е тема кајшто луѓето споделуваат вакви настани, и едноставно ме интересира фидбек и дали некој ќе се сети на некое можно решение што јас не го гледам. Тоа е тоа.
 
@friendlypotato ОК ај да не го дрвиме ама нема никаков настан. Врати се на местото, тропни на врата и прашај ги луѓето што правеле на балкон без светло. И сподели тука.
 
Денес ми се случи Deja vu, a ми се има случувано и порано.
Ми се има случено и парализа во сон.
 
Денес ми се случи Deja vu, a ми се има случувано и порано.
Ми се има случено и парализа во сон.
Парализата не би рекла дека е натприродна ствар,тоа е нормално, исто ко да кажеш ми се случи прозевка...
 
Кои се тие квази-факти што ги барам? Буквално ја споделив случката онака како што се случи и потенцирав дека баш сакам да најдам решение бидејќи (ова можеби не е јасно од претходните постови) не верувам во натприродни нешта/било што што не може да се објасни со наука или логика, а забележав дека во настанов има околности кои не можат да се објаснат толку просто, па затоа мислев дека припаѓа на темава. Доколку навистина ситуацијата е толку „нормална“ и не заслужува за неа да се размислува и да се бара решение, постојат модератори, ќе ја тргнат од темава ако треба.
Во право си дека кај ваквите „приказни“ најважен е елементот на сензационалност и што пострашна, тоа поуспешна е приказната и дека никој не сака да чита нешто без таква хорор кулминација, без разлика колку всушност верува во тоа. А кога сме кај мене и што ме интересира, мене лично всушност многу би ме интересирало обично логично објаснување на настанов, само тоа и ме интересира, да бидеме искрени. Во случајов не велам дека е кеса, не велам ни дека е дух. Само раскажав што ми се случи, бидејќи ова е тема кајшто луѓето споделуваат вакви настани, и едноставно ме интересира фидбек и дали некој ќе се сети на некое можно решение што јас не го гледам. Тоа е тоа.
Значи не им се објаснувај, се исмејуваат со темата и јас ти верувам дека си доживеала шит момент, но си се распрашала ли за куќата? Дали некој живее таму, дали е напуштена а у?
 
Си седам пред компјутер чекам да се пушти и уп одеднаш тој вампирот на фејзбук што искачаше пред 10 години од памет ме извади и од фотеља ме стана маме му ебам покварено
 
Еј, па не реков дека самото тоа што излегле на балкон е натприродна случка, туку околностите под кои се одвиваше целата работа беа несекојдневни, пишав погоре, положбата, атмосферата, тоа што не изгледаше како да имаат некоја посебна, логично објаснива причина да бидат на балкон, you feel?
Сте размислувале дека можеби дувале дечките, и после тоа пратиле некој да провери да не има џандари пошто се параноичат?
Не за друго, луѓе на тараса со изгасено светло... :icon_lol:
 
Сте размислувале дека можеби дувале дечките, и после тоа пратиле некој да провери да не има џандари пошто се параноичат?
Не за друго, луѓе на тараса со изгасено светло... :icon_lol:
Не биди глуп. Како е можно луѓе да стојат на тераса со исклучена сијалица. Мора да се духови. Размисли малку.
 
Здраво на сите , прво се извинувам за новиот акаунт ама не сум во државата, на гости сум кај сестра ми во Швајцарија и морав нов да отворам пошо на стариот неможев да ја рестартирам лозинката која ја заборавив а дома ги имам запишано во документ ( мање битно тоа )

Сношти со сестра ми ја имавме една од најјезивите случки во животот, се започна мирно и опуштено со одење во кино и гледање на филм. После филмот се вракавме со трамвајот , и пред нас имаше една чудна жена која мирисаше на кучешка храна и слично, сите избегаваа да седнат околу неа а ние на некој начин седевме спроти неа.
Сестра ми ми рече избегавај контакт со овие личности да немаш пробеми, и јас нормално го сторив тоа но жената си збореше постојано , нешто ко на руски и колку да не сакаш криво лево погледот ми одеше накај неа дали преку прозор дали директно .... и наеднаш се случи чудна работа, на сестра ми ја фака паника и испискува на цел глас во трамвајот , и во моментот некако како да осетивме како жената да флезе некако во нас , во нашиот ум , по неа одма право и мене ме фака истата паника и во истата секунда излеговме од трамвајот, ни требаше после тоа неколку часа да дојдеме присебе... ова беше едно од најјезивте работи што ни се има случено, пробуваме да си го објасниме нешто како хипноза, еве веке помина тоа од сношти ама самата помисла на тоа од сношти ме наежува до максимум.

Ме занима дали некој имал искуство со ваква случка и што мислите за оваа.
 
како тоа влезе во вашиот ум? опиши малце
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom