Единство за ?
Според мене "најпрофитабилно" е за Косово (од гледна точка на косовските политичари) да има "постепена" независност во различни сфери, како што се телекомуникациите како си напишал погоре.Така практично се признава независноста на државата.
Сепак во Косово има сериозно проблеми со криминалот; исто блгарското малцинство (т.н. "Горани") едвај зема којзнае што учество во донесувањето на одлуки на национално ниво (а и на локално).
Меркел може да притиска Србија за Косово, но додека постојат држави во ЕУ кои не го признале за суверена држава (повеќето заради внатрешни проблеми, вкупно 5 од 28) нема како Косово да влезе во ЕУ. Природно Србија исто така ќе има проблеми. Мене повеќе ме интересира што следува по потпишувањето на договорот за "стабилизација и асоцијација" (SAA) ? Дали "Косова" може да поднесе документи за апликација за членство во ЕУ ?
Најдобро за сите би било да се поврзе влегувањето на Србија во ЕУ со влегувањето на Косово, демек да влезат истовремено. Така ем Србите ќе се задоволни што влегуваат заедно (уж како една држава), ем Косово нема да биде блокирано. Онака сепак Албанија исто напредува и во најлоша опција ќе се скараат со Србија за Косово, откако веќе влезат во ЕУ и ќе стане "подмачкување".
[DOUBLEPOST=1434242832][/DOUBLEPOST]
Аман од оваа тотална омраза. Ајде enough. "Мењај" себе, не другите !