- Член од
- 8 јуни 2015
- Мислења
- 5
- Поени од реакции
- 0
- Возраст
- 37
Главното прашање е дали лицето со кое братучед ти се поврзал за да докаже потекло ти е и тебе исто предок по права линија како на пр. заедничка баба или дедо?
Ако е така, имаш шанси да ти одобрат уверение за потекло. Секако ќе треба да подобјасниш каква е врската и дека се повикуваш на документот кој го добил братучед ти со заеднички предок. Ми изгледа дека некогаш не ги анализираат доволно предметите и кога не можат да ја разберат врската (дури и ако ја има), ги одбиваат.
Ако не, не верувам дека ќе ти помине барањето во агенцијата, но секако можеш да си ја пробаш среќата и да не известиш за исходот на форумот.
Да тоа ме и буни, доколку прв братучед кој има бугарски пасош имал документ од баба/дедо кој може да се поврзе со мене, тогаш тоа се истите баба/ дедо и на мене. Зошто тогаш да се поврзувам преку братучед, кога веќе би имал документ за потекло од баба/дедо кој доколку би постоел до сега би го поднел директно како документ од предок по прва линија(баба/дедо), а не да се порзувам преку прв братучед и да чекам до сега. Ова некако воопшто нема логика :/