Ај пишете рецепт за качамак со сланина али испробан. И детално детално до точка и запирка. И други испробани рецепти за пченично брашно. Го купив мислејќи дека мајка ми со него го готвеше едно мое омилено јадење, али она си готвела со бело брашно. Тиква
Али од се што ми наброја на тел само качамак имам пробано и може да направам. Тоа у течна верзија не ми кажувајте нека биде само за релна.
Благодарја
Од Хрватска од каде сум и јас (далмација) популарни се јадења со пченка, едно од нив е “пура“ или ко шо велат северњаците “жгањци“ имаш и на интернет али и јас ја правам редовно, значи имаш пченкарно брашно али ако најдеш грубо мелено како од воденица - уше поубо, сол, вода и додатоци уз неа шо сакаш (јас често и место леб ја користам онака сува)
Зовриваш вода (посолена), отприлика литар ипол и кога ќе зоврие, ставаш внатре пченкарно брашно 700-800 грама, али така да остане како купа, и нека врие подолго така негибнато - само на средина на купата со рачката од дрвена лајца продупчи дупка до водата и од таму ќе клокоти исто вода, после извесно време -15-20 минути земи миксер и стави ги оние како спирали и удри му едно интезивно мешање (порано то се правеше со дрвена лајца сат време мешање рака да ти падне и кузнај колку лајци имав скршено во младоста) значи убаво измешај ја и ќе добиеш една пченкарна сувкаста маса, која можеш да ја потопиш во млеко и шеќер, кисело млеко, да му фрлиш пшржена сланинка и потуриш со жешко масло од пржена сланина одозгора, да и измешаш озварка да ја јадеш со сирење, јас на зима обавезно то прам за уз сарма место леб... укуцај на јутубо kukuruzna pura и најди си идеја за ова традиционално јадење
A инаку ретко кој знае и да испржи правилно сланина, сланина се пржи на суво или сосем малку подмачкано тавче (нелепливо) се ставаат цели парчиња, не се сецка на мали, и се пржи на тивок оган може и 20 минути д фати таквото пржење, во тавчето треба да има доволно парчињ сланина ни да се преклопуваат ни допираат но не и премалце, зато што сланината ќе се пржи во сопствената маст, сланинките се вртат периодично де од една де од друга страна а готови се кога на површината на сланината ќе почне да се создава како пења. Тогаш сланината е крцкава добро пржена равна неизвиткана со мрсното залеј ја пурата а сланинките стави ги настрана