Лансел кога им се придружил на Врапците сигурно си ги има исповедано сите гревови. Сите. Вклучително и за Серси. Види ги колку се посветени на верата, мислам дека не би можеле да кријат ништо, па ни вакво нешто. Ако е така, тогаш Главниот Врабец знае цело време за Серси, уште од првиот пат кога дојде оваа кај него. Но тогаш немаа никаква моќ и не можеа да и` судат. Сега ја пикнаа кралицата, жената на кралот, во зандана и тоа само за лажно сведочење. Кога видеа дека го можат тоа, зошто не би ја уапсиле кралицата-мајка за инцест. Сама си дојде, сама им се намести. Глупаво од нејзина страна.
Мислам дека Бејлиш немаше некоја улога во ова. Само знаеше за Лансел и дека ќе излезе вака, па ја викна Олена да ја смири да не направи некоја глупост. Или да ја натера да мисли дека тој стои зад апсењето на Серси, па да ја придобие и да ја задолжи за услуга.