Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки а што мислите за продавање на Видал? Со неговиот стил на игра не можи уште многу сезони да изигра на врвно ниво а веќе има 28 години, слично како Давидс, додека беше кај нас беше ѕвер но таа форма ја држеше до 30-31 година и потоа беше обичен просек.
Да збораме хипотетички какво и што ти е прашањето. Кого би го довел како замена? Работник или креативец? или малку од двете?
:)
 
Ма какво продавање на Видал и на други кључни играчи. Можат да се продадат само слабите алки што ни се во тимот и носење квалитет од играчи, со кои ќе останеме онаму каде што годинава се искачивме.
Конечно дочекав Јуве да го видам моќен и силен и сега да продавам? :eek:
А Видал нека тера до кај ќе тера, и самиот кажа дека му е добро тука, коа ќе снеможи:D пензија во наш дрес и правец во Јувентус леџендс.





Никакво продавање, никакво продавање, НИКАКВО ПРОДАВАЊЕ !!!!!!!!!!!!!!!!
 
Да збораме хипотетички какво и што ти е прашањето. Кого би го довел како замена? Работник или креативец? или малку од двете?
:)

Би довел креативец АМФ. Да не ме сфатите погрешно и јас го сакам многу Видал и сакам да ја заврши кариерата кај нас но реално ако мислат да го продадат летово е најдобра шанса за тоа. Следното лето нема да ги има тие понуди од 50тина милиони и нема да има потреба да се продава по пониска цена.

И секако само хипотетички зборуваме, не ги знаеме плановие на раководството на клубот но ќе се изначитаме шпекулации.
 
Крило ни треба добро, што ротита лево - десно и втора позиција АМ, во стилот Алекс Витсeл, Стерлинг шознам...?

28-32/3 се најубави, најздрели години во кариерата така да ... ЦАРО НАШ!

Може да се појачи и одбраната со некој млад таленат (либеро), да поучи од една од најдобрите одбрани.
 
Последно уредено:
Што ќе им е Стерлинг бре? Ете го Коман, 2 години е помал и со доволно простор, боље ќе стане од него.
 
Ами такви двајца е поубаво од еден нели?

Да, но кога се работи за спринтер може и некој атлетичар да земат.
Друга работа, преценет англиски талент, помалку од 40 нема да бараат, а искрено повеќе од 15-20 не вреди.
Ако му се дадат оцени од 1-10 за сите атрибути, тогаш за спринт би добил 10, а за останатите 6 би му била просек.

И евентуално доаѓање, ќе значи ќе бара премногу висока плата, каде што со 2-2,5м би требало да е пресреќен.
 
Да, но кога се работи за спринтер може и некој атлетичар да земат.
Друга работа, преценет англиски талент, помалку од 40 нема да бараат, а искрено повеќе од 15-20 не вреди.

Абе ќе среди шефот за 15мил, башка сака да го напушти Ливерпул, не сакал да го продолжи договорот. (има уште 2 години и одбил 100илијади неделно - дури и 900илијади да му понудиле ќе одбиел, веројатно ќе го прекине договорот поради влошениот однос со управата на клубот. Сакал да игра во тим кадешто ќе освојува титули и ќе игра ЛШ)

Ќе бараат 60милиони ахахахаха
 
Последно уредено:
Би довел креативец АМФ. Да не ме сфатите погрешно и јас го сакам многу Видал и сакам да ја заврши кариерата кај нас но реално ако мислат да го продадат летово е најдобра шанса за тоа. Следното лето нема да ги има тие понуди од 50тина милиони и нема да има потреба да се продава по пониска цена.

И секако само хипотетички зборуваме, не ги знаеме плановие на раководството на клубот но ќе се изначитаме шпекулации.
да да онака прајме муабет шта би било кад би било.

Се мислам Дибала ќе го туркаме зад напаѓачи или ако одиме 4-3-3 на крило ќе оди, ама првиов случај ми е најизводлив.

Асамоа исто мислам ќе го проба АМ идеален профил е на играч каков што беше Боатенг кај нив такви сака Алегри очигледно ама знам дека ЛБ ќе го турка.

За АМФ би тргнал по некој како на пр Оскар, Пасторе, Квинтеро, Па зошто не и по Верати? (ова секако шта би било кад би било)
 
Каков Стерлинг бе? од Џон Чарлс наваму енглез нема салам заиграно во Серија А.
 
Не се заебавајте , каква продажба какви бакрачи.Видал без озбилни повреди и подолги отсуства од терените има уште 4 сезони на највисоко ниво минимално.А и годиниве му се идеални 28-32 , зрелост и искуство.

Дијаболата ни е замена за Тевез, повеќе е напаѓач одколку плеј , но Агуеро нешо мада знае доста да учествува и у градење на акции за тимот.

Деви Асамоа незнам колку би играл позади напаѓачите , и незнам како ти го гледаш така, он е идеален лево у средина, или како лев бек.
И Верати не е тој тип на играч, него скроз подлабоко пред одбраната.

Стерлинг е далеку од докажан играч па да се ризикува со него, а и енглез е , они слабо се снаоѓале у Италија.
 
да да онака прајме муабет шта би било кад би било.

Се мислам Дибала ќе го туркаме зад напаѓачи или ако одиме 4-3-3 на крило ќе оди, ама првиов случај ми е најизводлив.

Асамоа исто мислам ќе го проба АМ идеален профил е на играч каков што беше Боатенг кај нив такви сака Алегри очигледно ама знам дека ЛБ ќе го турка.

За АМФ би тргнал по некој како на пр Оскар, Пасторе, Квинтеро, Па зошто не и по Верати? (ова секако шта би било кад би било)

За АМФ идеален би бил Пасторе, Оскар ми е некако префорсиран а и не сакам да пробуваме со Асамоа како со Видал сезонава, ќе се најди Аса за бек и цмф.

за 4-3-3 можи да проба да се донеси Ламела, одличен беше во Рома и сеуште е млад. Добро би легнал напред со Дибала и Тевез. :zloo:
 
Џон Чарлс беше Ирец или Шкот мислам, а Лајам Брејди истотака имал добри партии за Јуве, ама кратко се задржал... важно ни тој не беше Енглез, па дури ни Јан Раш кој играше една сезона кај нас... Стварно ли бе не сме имале ниту еден англичанец кој настапувал за нас ? :eek:

Ај Глен Џонсон ова лето е слободен играч, Марота ќе го земе:icon_mrgr:

Каков Стерлинг бе? од Џон Чарлс наваму енглез нема салам заиграно во Серија А.
 
Барзали е под знак прашалник против натпреварот со Барса.Во среда ќе оди на испитување имал болки во мускулот.
 
Од АМ би го бирал Арда Туран! Играчише :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom