Значи целиот товар бил неоснова фрлен на негов грб?

Плус, од сите луѓе што требаше да му помогнат да извади нешто од сезона, не доби ни трошка поддршка. Ловрен, кој беше купен да вметне сигурност во одбрана се покажа ко флоп на ранг на Мангала и на негово место беше жртвуван Џан, кој требаше да ја зацврсти средината а беше фрлен во оган да игра штопер во формација со двајца, во формација со тројца, да игра десен бек во четворка, десен крилен во петка. Стиви ја има најкатастрофалната сезона во негова фудбалска кариера. Лалана кој требаше да изигра барем нешто, пола сезона беше повреден а пола се прилагодуваше. Марковиќ се однесуваше ко што би се однесувал јас на терен. Стариџ, партнерот кој требаше да му помогне е повреден буквално цела сезона. Балотели не знае ни што прави, за Ламберт муабет да не правам. Дојде време да вложуваме надежи во Ајб од полусезонава. Единствени кои му пружија поддршка се Кутињо и Хендерсон, низ цела сезона.
Поради се’ ова, не може да му се фрли товарот на грб и да се каже „абе, ништо не напраи“. Во ваква сезона треба да си класа како Суарез за да направиш нешто. Реално, Стерлинг не е ни блиску до него.
Тоа што он се искурчи и на 20 години почна да јаде говна е друг муабет.