Serie A 2014/2015

Кој да ја отвори новата тема?


  • Вкупно гласачи
    96
Статус
Затворена за нови мислења.
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Кога тоа? Кажи сезона кога бил Ван Дер Сар и просечна екипа. :)
Прво вака што ми текнува, кога игравте финале со Барса кога изгубивте 3-2 на Олимпико.[DOUBLEPOST=1431899418][/DOUBLEPOST]
Мммм да не си грешка нешто? :D ВДС дојде 2005 и од 2006 натака се поврза со Фердинанд и Видиќ и тоа беше непробој. :D

Примерот на Џонтра со Валдес и Барселона ви е најдобар пример. Просек голман на можеби најдобрата фудбалска генерација. Исто и ене видете во ПЛ кои конкурираат за Golden Glove се ќе ви стане јасно (успут видете и екипите кое место им се). Држи вода муабетот на Џони, може добар голман да ти извади десетина бода во годината ама друго е да имаш скоцкана екипа, друго е само голманот да ти чини. Според мене најбитен во една екипа е стоперскиот тандем.
Добро и ја го сфаќам до негде, ама у никој случај голманската позиција неможе да биде небитна. Да не е битна ќе играле со голман играч.
Секако дека јака екипа треба да биде скоцкана од голман па се до напаѓачи. И за мене штоперите се најбитни, ако немаш јаки штопери џабе ти е и јак напад и јак голман.

Е сеа за Валдес муабетиве се малце глупи искрено, не е толку многу мртов Валдес, баш им одговараше на играта на Барса.

На пример Ливерпул сезонава со мртов Мињоле првата полусезона на 10то место беа, влезе у јака форма и стигнаа до 4-5то место, не дека Мињоле е директно заслужен за тоа ама има и те каков удел.

Океј е дека голманската позиција у фудбалот не е од круцијално значење како у ракометот или у ватерполото ама дефинитивно е од големо значење а не како што Вајсмилер кажува крајно небитна.
 
Последно уредено од модератор:
R

red.devil

Гостин
Прво вака што ми текнува, кога игравте финале со Барса кога изгубивте 3-2 на Олимпико.
Хаха, сам себе убијал а? :D
Голмаништето Ван Дер Сар против пацерот Валдес. Резултат 3:1 за Валдес. :)
Тимот Џонка, тимот е најбитен.

Инаку да како поединци тоа беше најслабата генерација која стигнала финале ЛШ (сметајќи од 99'). Ама страшно уиграно тимиште беа. Не памтам друга екипа во која играчите толку добро се разбираа и се надополнуваа. Таа сезона ги красеше тимска работа далеку пред индивидуалност.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Хаха, сам себе убијал а? :D
Голмаништето Ван Дер Сар против пацерот Валдес. Резултат 3:1 за Валдес. :)
Тимот Џонка, тимот е најбитен.

Инаку да како поединци тоа беше најслабата генерација која стигнала финале ЛШ (сметајќи од 99'). Ама страшно уиграно тимиште беа. Не памтам друга екипа во која играчите толку добро се разбираа и се надополнуваа. Таа сезона ги красеше тимска работа далеку пред индивидуалност.
A голманот нели е составен дел од тимот?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.965
Поени од реакции
116.570
Секој врвен стручњак, тренер, и што ти ја знам, изјавува дека голманот е скоро пола екипа, односно џабе е добра екипа без добар голман, али добро, тука Џони Вајсмилер не убедува во некои негови теории кои не држат уопште вода. Се слагам само со едно, а тоа е фактот што колку и да имаш добар голман ако ти е слаба екипата џабе е се. Но, можам да набројам безброј случаи каде голманот ја коштал одредена екипа пласман даље во ЛШ, титула во ЛШ и слично. Немојте да ми се убаците со муабет од типот: Еј па и Џерард го кошташе Ливерпул титула лани, зашто не ми е тоа поентата.

Џони, сезонава Де Геа му спаси минимум 10-15 бода на Јунајтед, ако не и повеќе. Еве замисли да бранеше некој падавичар место него, онака просечен голман. Јунајтед можеби ни за ЛЕ немаше да се борат. Цезар во 2010 на Кампот на Меси му одбрани два многу тешки шутеви, шутеви што ќе беа чисти голови и веројатно ако влезеше една од тие ќе не напунеше Барса до врв.
Така да муабетите дека голманот не е воопшто битен избришете си ги од глава.
 

_predator_

Студент\Џаболебар
Член од
17 декември 2012
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.461
Морган прима гол од центар, Рафаел, Ноер , има и други пациенти не е тоа муабетот.

Неможеш да споредуваш голман у ракомет и фудбал, дека ракометот по природа има повеќе голови\ шанси,ама колку е тамо битен , толку или бар приближно е и у фудбалот.

Ок, секако дека џабе ти е голман ако имаш тиња одбрана\тим, исто кога џабе ти е тим ако имаш тапа голман.Јунајтед се заеба кога имаа ликови како Хавуард , Таиби и некои слични ..Де Геа сега прерасна у голманиште, ама дебитатската сезона по негови грешки изгубија бодови, и на крај Сити им зема титула на гол-разлика.
Валдес можда за мене не е врвен голман, ама и не е пропалица ко Питно.Таквите ко него ќе се провлечат у голема екипа и ќе насобираат титули.Сепак неможе да кажеш дека немаат влијание.

Фрос гледам спомнува претенденти за најдобар голман\статистики.Тоа оставаме на страна.Збориме за директно влијание врз играта\успехот на тимот.

Неможе така да ја деградирате улогата на голманот.Класа голман у секоја утакмица може да ти фати 1-2 чисти шанси и со тоа да влијае на резултатот исто ко што напаѓачот кога ќе постигне гол.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.917
Значи според мене побитно е да имаш јак голман со просек штопери отколку јаки штопери со просек голман.. Сепак голманот е последниот играч што спасува гол.. Ти ако имаш просек голман од 2 шута во рамки на гол може да прими 2 гола без разлика колку и да се јаки штоперите.. Ако имаш јак голман може да имаш 10 шута во рамки на гол а да не примиш ниеден гол без разлика што тие 10 шута резултирале од тоа што се просеци штоперите..[DOUBLEPOST=1431905836][/DOUBLEPOST]
А кога имавте просечна екипа а чудовиште на гол (Ван дер Сар) ?
Јас од кога знам за себе Манчестер имал просечен тим, само што Ферги ги правеше да изгледаат како бог и батина.. Од кога замина Ферги, е од тогаш ѕвезди само купуваат ...[DOUBLEPOST=1431905938][/DOUBLEPOST]Од кога си отиде Ферги, наредната година видовме со истиот тим каков блам доживеаја ...
 
Последно уредено:

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.414
Поени од реакции
26.412
Но, можам да набројам безброј случаи каде голманот ја коштал одредена екипа пласман даље во ЛШ, титула во ЛШ и слично. .

Како во 2006 киксот на Тим Визе против Јувентус во реванш натпреварот. Вердер на првиот натпревар дома победи 3:2, а во Торино со киксот на Визе околу 90-та мин. загубија 2:1 и отпаднаа. Сигурно некои од Јувенташите се сеќаваат. Мислам дека осминафинале беше.
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.185
Поени од реакции
3.516
Јас гледам на тоа дека добар шут не се брани..имам доволно утакмици гледано и играно за да разберам дека голманот во големиот фудбал е многу мал фактор и најнеблагодарна позиција воопшто..едноставно се што треба за да победиш е да имаш тим и екипа која е способна да постигни гол и воедно да го задржи тоа водство со организиран напад или одбрана (зависи какви играчи имаш и како ти се базира играта)..но тука голманот нема никаков удел освен да координира одбрана при центаршутеви или слободни удари/корнери итн..што реално и 95% од голманите можат да го прават...но не можи да се избори за нешто повеќе бидејќи како што напоменав целта во фудбалот е да постигниш гол и да победиш а не да не примиш гол..

Голманот на пример има големо влијание во спортови каде што се постигнуваат многу голови(ракомет,мал фудбал,ватер поло)..што во големиот фудбал неможи да биди никаков случај
Брат фудбалот ти е тимска игра,нормално дека голманот нема да има никаков удел ако и тимот е слаб ама тоа важи и за секоја позиција не само за голман безвезе ти е муабетот, стај го Меси во Интер ќе го нема иститот ефект како што го има во Барса.

Колку пати Јуве пателе ради глупостите на Бонучи,или Де Чеље или Амаури.Значи од просечни играчи ти пати цел тим поготово од голман затоа што е најодговорен,он е сам и нема кој да му ја исправи грешката,една грешка и цел тим пати,на други позиции имаш соиграчи кои ќе ти помогнат ако направиш грешка,читај изјави од голмани да видиш дали голманот е најмал фактор.


Is the goalkeeper the most important player on a football pitch?”. Yes, Goalkeepers are the most important player on
a football pitch. “But why?”. Here is a reason. Goalkeepers are the very last line of defence. They are the only player left between the goal and the attacker in front of him (If you still aren’t convinced , I have a little bit of evidence for you evidence. As the last line of defence you need to always be ready. If you’re not, you’re in a perilous situation in one v one situations. Also they need certain physical attributes.

Венгер
http://www.arsenal.com/news/news-archive/wenger-goalkeeper-is-the-toughest-position
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Голманот во фудбалот има далеку помало значење од ракометот каде што буквално е пола екипа. Тој израз пола екипа е од мал фудбал и од ракомет. Голем фудбал е најтимски возможен спорт и има многу повеќе играчи така што нормално е и значењето на секој играч поединечно е помало за разлика од двата горенаведени и може многу полесно да се покрие со тимска игра и добра тактика. Баш заради тоа во фудбалот има најмногу изненадувања.

Но, тоа не значи дека голманот е небитен. Напротив голман и ЦБ се многу деликатни позиции и можеш многу да добиеш ако имаш добри играчи таму. Ова секако ако меѓу тимовите решаваат нијанси.
Еве годинава Ла Лига ја реши разликата во квалитетот на голманите.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.248
Поени од реакции
18.454
Џони фаќа дел од поентата ама тој како и секогаш е ептен екстремен во искажувањето и затоа не се разбирате добро.

Голманот ако го гледаме изолирано сам по себе како позиција може да звучи дека има помало значење од останатите играчи. Бидејќи нели играта се одвива на теренот и головите најчесто се само завршниот формален дел од акцијата. Ќе му излезат еден на еден или ептен прецизно ќе шутираат со глава, нога во аголот и нормално дека според физичките закони не може голманот да одбрани и да те спаси. Но тоа е само мала слика за голманите. Не може да ги гледате изолирани бидејќи се во постојана координација со одбраната. И тука се поставува границата меѓу јаките, квалитетни голмани кој одлично бранат и светска класа голманите. Таа разлика се гледа во способноста да управуваат со одбраната како дефанзивна линија или пак со цел тим кога се бранат прекини. Е тука прави грешка Џони бидејќи далеку од 95% од голманите да знаат да го прават тоа. Таа бројка е многу помала.

Инаку и со одбраните или пак киксовите голманите влијаат тековно врз еден, два еве нека се и пет натпревари ама на долг рок не може да се наслонат на тоа. Затоа напредокот на еден голман не се гледа преку тоа колку пенали и зицери ќе одбрани, туку преку тоа како и колку научил да управува со целосната одбрана.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
@Mondonico

Јас искрено немам нерви да искажувам во детали и затоа екстремно делуваат мојте тези бидејќи едноставно колку факти и аргументи да доставиш пак ќе има некој нешто да напиши или да не се согласи ...

Искрено ти најдобро ме демантира досега и држи вода ова твоето што кажа дека повеќето голмани координираат со одбраната во секој можен напад на противничката екипа и прашање е којзнае најдобро тоа да го направи..ама како позиција голманот сам ништо неможи да направи и на подолг рок ако немаш екипа џабе ти е кој сака нека брани,а не да се објаснуваме за ситници како Џонтра и Стефан..

Бланко исто така добро објасна дека фудбалот со тоа што е тимска игра секој поединец има помало значење..неможи сега да трескате глупости како тоа голманот бил пола екипа,во ракометот и во малиот фудбал е голманот пола екипа..ама во стадион со димензии должина(90-120м) и ширина (45-90м) и при гол 7,32 и 2.44 неможи голманот да ти има никаква улога освен во координирање и менаџирање на одбраната како што спомна погоре..ама тоа е веќе релативно бидејќи кај некои екипи таа работа ја врши последниот играч или играчот со најголемо искуство во дефанзивната линија..

Мислам дека Фросина исто така не е во право со тоа што напомена дека дефанзивната линија била најбитна..според мене најбитен дел од денешниот современфудбал каде се игра во силно темпо се страничните бекови и нивната улога во екипата..без добри бекови денес немаш екипа и тоа се воспостави како факт со оглед на тимовите(клубско и репрезентативно ниво) кои биле успешни последните години
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.248
Поени од реакции
18.454
За најбитни позиции никогаш нема да се договориме, оти на крај краева сите се битни :D.

Него оди таму во кладилница да ми кажеш кошарка некоја, оти во последно време од 0-9 гола да пишам, 10 паѓаат :LOL:
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Еве годинава Ла Лига ја реши разликата во квалитетот на голманите.
Ла Лига сезонава ја реши физичката подготвеност која беше евидентна помеѓу Реал Мадрид и Барселона...од јануари екипата на Реал Мадрид делува уморно и истрошено,без соодветни замени,со исти 11 играчи(иско заменваше секој кој е повреден),и не ротирањето и неиновативноста на Анџелоти..

А Барселона од натпреварот со Сосиедат кога изгубија 1-0 делува како друг тим..физички каде каде поспремни,повоиграни,посвежи..Енрике одлично менаџираше со средниот ред и замените за Иниеста и Ракитич(Чави и Рафиња) каде ги одмараше кога е најбитно..и секако среќните околности со тоа што никој не му се повреди.....какви голмани какви бакрачи
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.965
Поени од реакции
116.570
Мурињо едно 60 000 пати има изјавено дека многу акции му почнуваат од Куртоа и дека е многу битна алка за развивањето на нападите на Челзи. За Баерн да не зборувам, скоро секоја акција им почнува од Ноер, исто Ливерпул на времето со Реина слично играа, многу додавања имаше и Реина.
Џони бакица, како и да ја вртиш не си во право и факт е дека на празно зборуваш. Тоа со димензиите е жива смешка, па што голот е 7 метри кога во ракометот игралиштето е 30 метри а во фудбалот 100 метри? Тебе само ти држи вода тоа што спомна дека ако немаш добар тим џабе е и најдобриот голман да го имаш. Со тоа се слагам, ама исто така џабе е и да го имаш најдобриот играч во светот ако останатиот дел од тимот е слаб, вклучувајќи го и голманот тука. Еве ајде стави го Меси во Интер. Што ќе се случи, Интер ќе освои титула? Не.
Пак ќе ти го наведам примерот со Де Геа. Дечкото им спаси минимум 10 бодови на Јунајтед сезонава, а без тие бодови немаше да играат ЛШ следната сезона. И искрено ме мрзи да набројувам понатака, пошто има уште случаи, така да ако сакаш сфати го ова, ако сакаш не, твое си е. Мада ја мислам дека нема шанси човек да ти докаже така да нема потреба да се продолжува дискусијата.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Затоа Мурињо се мрдна од памет кога му се повреди Касиљас. А имаше страва екипа па комотно можеше Адан да го стаи на гол пошто нели у напад ги имаше Роналдо, Ди Марија и Озил па немаше да му мења многу неписмено створење да му стои на гол.
Ама не Мурињо не размислува како Џони Вајсмилер па одлучи да го земе Диего Лопез.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom