ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Се сеќавате сите на сцената од Крушевската република и одлуката на Никола Карев да се повлечат пред големата сила, да наведнат глава и неговото образложение во врска со тоа, наспроти одлуката на Питу Гули да остане да ја брани републиката...

Колку е паметно да се оди контра на една голема сила и дали тоа може многу, премногу да ја чини државата...

Состојбата е алармантна во Македонија и се заострува, затоа обележената страна како непожелна во оваа ситуација мора да наведне глава инаку ќе биде полошо ....
Која е според тебе обележата страна во МК?
 
А

Атлантист

Гостин
Се сеќавате сите на сцената од Крушевската република и одлуката на Никола Карев да се повлечат пред големата сила, да наведнат глава и неговото образложение во врска со тоа, наспроти одлуката на Питу Гули да остане да ја брани републиката...

Колку е паметно да се оди контра против една голема сила и дали тоа може многу, премногу да ја чини државата...

Состојбата е алармантна во Македонија и се заострува, затоа обележената страна како непожелна во оваа ситуација мора да наведне глава инаку ќе биде полошо ....
А 2001 бевме поголеми Американци од Американците (го признавме Тајван) и пак имавме војна. Мислиш ако Грујо утре поднесе оставка ќе го избегнеме таквото сценарио? (ова под предпоставка дека навистина ни се заканува војна, затоа што има и спротивни мислења)
 
Член од
23 март 2005
Мислења
284
Поени од реакции
133
Која е според тебе обележата страна во МК?
не сум должен да ја именувам. На сите треба да ви биде веќе јасно која е.

[DOUBLEPOST=1431721053][/DOUBLEPOST]
А 2001 бевме поголеми Американци од Американците (го признавме Тајван) и пак имавме војна. Мислиш ако Грујо утре поднесе оставка ќе го избегнеме таквото сценарио? (ова под предпоставка дека навистина ни се заканува војна, затоа што има и спротивни мислења)
Војната во 2001 беше неизбежна, но од денешна гледна точка, се извлековме, што доколку се конфронтиравме со нив уште на самиот почеток поточно во 1998, да не им дозволиме влез преку нашата територија кон Србија итн итн.... итн.. што ќе беше тогаш !?! колку толку поминавме со помали последици ... Факт е дека имаме некакви симпатии кон нас , можеби навистина ќе бевме дел од НАТО да не беше Грција , но никако нема да сме симпатични доколку се оди на конфронтација против нивните интереси.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.345
Поени од реакции
18.225
Vcera na sostanokot na liderite vo klubot na pratenici se desi edna mnogu interesna situacija.Taci i Axmeti sednati zaedno si piuckaja kafe i se gazeja od smeenje.I imaat pravo likojve da gledaat seir..Nas ne ni treba nadvoresen neprijatel,dovolno golem neprijatel si sme nie samitee!Nadaleku poznat i priznat e makedonskiot samounistuvacki sindrom,aj neka ni e nazdravje!
Е то е, ваква поделеност и раслоеност во македонското ткиво ми се чини немало никогаш, како последниве 5-6 години.
Поделби колку сакаш, власт, опозиција, антички, словенски, соросоиди, комуњари, бугаромани, лудница.

Брат со брата разделија, да можат човек на атоми ќе го раслојат.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.398
Поени од реакции
5.670
Убиениот Бег Ризај порано му чувал грб на Ахмети

 
А

Атлантист

Гостин
Војната во 2001 беше неизбежна, но од денешна гледна точка, се извлековме, што доколку се конфронтиравме со нив уште на самиот почеток поточно во 1998, да не им дозволиме влез преку нашата територија кон Србија итн итн.... итн.. што ќе беше тогаш !?! колку толку поминавме со помали последици ... Факт е дека имаме некакви симпатии кон нас , можеби навистина ќе бевме дел од НАТО да не беше Грција , но никако нема да сме симпатични доколку се оди на конфронтација против нивните интереси.
Не гледам дека нешто посебно сме важни, ни пак дека се конфронтираме со нив. Ние економски сме врзани со Западот, не ги знам точните проценти но сигурно 70 - 80 % од размената е со нив. Германија, В.Британија, Грција итн се нашите најголеми трговски партнери. Опкружени сме со НАТО земји.
Ако мислиш на Турскиот тек, тоа што се гради кај нас е поврзување на ТЕ Неготино со постојниот гасовод, со перспектива таа делница да стане дел од Турскиот тек ако се изгради, што е малку веројатно.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.444
3 мин.
Новинар: Господине Заев како ги коментирате настаните кога веќе имаме полициски акции во села кој што претежно се во региони ... во погранични региони исто така и обвинувања дека во Македонија има терористи коишто влегуваат од соседните земји. Дали тука веќе... како коментирате вие .. дали тука веќе сакаме да создаваме ... наводно тие што ги кажуваат тие изјави ... да создаваме тензии и меѓуетнички меѓу...

Заев: Прошетајте по Гошинце, по селата околу Гошинце, ќе ви кажат луѓето со многу слични зборови коишто јас и опозицијата зборуваме. Ние нема да дозволиме, велат луѓето, нешто, да го наруши тоа што ни е важно во моментот, а тоа е единството помеѓу сите етнички заедници. Јас само ќе кажам вака, прво ќе повторам тоа што го кажав. И да е исценирано сценарио на власта, а и да е случување што е вистинито, одговорност мора поднесе власта. При тоа знаат и самите, а доказите стигнуваат све повеќе и повеќе до СДСМ, се навлечени во глупости, со самиот предмет, којшто не ми дава за право до крај да обелоденам и да потврдам зошто ги немам комплетните докази, имам силни индикации дека е ова зла мисла во нашата Македонија. И затоа ќе упатам порака, граѓаните нема да дозволат, опозицијата нема да дозволи. Ова е невозможно злобно сценарио коешто некој мисли да го прави во државава. Ние ги имаме комплетните листинзи на оружјето што недостасува, како се спровела акцијата да откријат 10 пиштоли, како е тоа влезено, во кој куќи, како реализирано. Ова го кажувам не заради тоа што ние сме МВР, информациите зошто луѓето сакаат да се заштитат и да го заштитат својот образ и дигнитет. Албанскиот народ кон Македонскиот народ вика, ало не сме ние, ние сме заедно во оваа наша земја и немојте кон нас да го посочувате прстот. И тоа треба да го прифатите. Апсолутно имаме заедништво имаме сплотеност како никогаш досега. И ниту Сашо Мијалков, ниту незнам какви структури, ниту ббило какви замисли можат да го нарушат она што го имаме оваа пролет во Македонија.

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
0:44... дел од одговорите беа истрагата ќе докаже, а дел ме излажаа. ме излажаа заради тоа што прашав колку време ја следеле оваа криминална-терористичка-бандитска група, ми рекоа 8 месеци. Јас имам докази дека 1 година и осум месеци....

1:38 Ние сме СДСМ, нели сме ние што поседуваме докази и ги споделува со јавноста. Следењето на оваа група, на Ндрецај или командант НАТО наречен Пантери, на овој Бег, на овој Соколи, на другите, од септември 2013 јас имам докази кај мене, а станав непосредно и претседател, можеби поранешниот претседател на СДСМ имал докази септември 2013, но од Септември согласно сите наши безбедносни комисии и овде служби коишто постојат во партијата, имаме докази, дека година и осум месеци минимум од денеска наназад се следела таа група со сите нејзини активности и дома и во регионот.

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Или лаже дека има докази дека групата е следена 1 година и 8 месеци, или лаже во изјавата за Гошинце претходно. Дијаметрално спротивни гледишта на настаните изнесува. Хаотично.

Мислам дека Бане го пуштил во огнот чоеков, кој му обработува за амнестијата. Ќе го наебе ко жути мрав.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Тоа им е и планот на портокаловите. Зарем не ги прочита досега?
Намерно е ставен "митингот" на портокаловите, баш ради ова. Демек, неможеа да поместат пример за 20-ти? Него се е тоа испланирано, за да на крај ја обвинат опозицијата у стилу "еве кој сака дестабилизација на Македонија, сдс удри по неистомислениците". Само кој како си го сфаќа...
Се работи за тоа чив митинг ќе се врти по телевизиите, а вториот секако ќе биде “поактуелен“ и намерата сигурно им е да го амортизираат ефектот што 17ти би требало да го има, според планот на опозицијата.
Било какви “незгоди“ на митингот на опозицијата ќе даде изговор за насилно рушење на власта, не случајно се споменува цело време “обоена револуција“ како таа во Украина.

И пак морам да спомнам, зошто сеуште никој не ја коментира изјавата на Сергеј Лавров за Македонија?

Кој е интересот на Русија за Македонија, зошто така отворено посочуваат на притисоци на западот?

Не може и ова да биде дел од некакви партиски игри. Странски амбасадори, НАТО портпароли, ЕУ комесари, и шефови на дипломатија ко Лавров не се никаква “теорија“ на заговор.
http://ohridsky.com/?p=66704
ЦЕЛИОТ ДИПЛОМАТСКИ КОР ВО МАКЕДОНИЈА ИЗЛЕГУВА НА ПРОТЕСТ НА 17-ТИ МАЈ…!!
 
Последно уредено:
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.146
Поени од реакции
10.930
а кој е организатор ?? Кому и зошто е потребно улично мирно протестирање ?? Еве јас предлагам воопшто да се забрани, за сите партии, било какви собирања во град, еве има аеродром стенковец или некое слично место, далеку побезбедно и без блокади на сообраќај, а ако треба медиумите ќе бидат таму присатни и ќе се види масовноста, иако главна работа е гласање на избори , на собири може да дојдат и луѓе кој не се наши државјани или малолетни лица кои немаат право на глас.
не јебеш? медиумите ке биле присутни? кои црни медиуми у мкд живти се кога они се гласот на оние што се на власт :)
и ако се тргнат протестите од улица,од пред влада и слично и се однесат кај што викаш верувај на никој нема да му сметаат нит ке се замараат со тоа и нормално протестите ке го немаат ефект
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
Наивно размислување.
Дуи и вмро се утепаа од правење криминални зделки. Деценија ипол веќе функционираат како еден организам, едно ткиво, сложни во колачот кој братски го делат иако се целосно свесни за взаемната скриена омраза.
Едноставно овците секогаш ќе бидат овци, а овчарите секогаш ќе бидат овчари.
Кај амбициозните владетели, парите и моќта надминуваат секаква омраза.

Пс: како би си помогнале македонците самите на себеси во поглед на шиптaрското прашање ако своеволно се потчинат на авторитарен тоталитаристички режим?
Одамна не ме обвиниле за наивно размислување. Исто така, одамна вака не ми прескокнале цела содржина за да ми верглаат со стари и познати тези за тендер-романтики, волци и овци, апаши и ограбени. Се тоа знам. Знам и дека пишував за нешто сосем друго.
Знаеш што ме чуди? Тоа дека лесно ти беше тебе и на останатите кога барав(ме) содржината од бомбите да влезе во судски претрес, да се согласиш/согласите без приговор, иако за такво нешто имаш сериозни правни пречки. Тоа не беше проблем. А во најобичен пост целосно ја скокаш содржината за да поентираш со апаши и тендераши. Не бива, чичко Џони. Во постот се третира народот. Се третира поимот за национален консензус. Имаш примери. Имаш демант на бројка од наводни 90% потврдени како точни шпекулации. Јас пишувам за ранет Петко, ти ми објаснуваш за богат Станко.
 
Член од
23 март 2005
Мислења
284
Поени од реакции
133
Не гледам дека нешто посебно сме важни, ни пак дека се конфронтираме со нив. Ние економски сме врзани со Западот, не ги знам точните проценти но сигурно 70 - 80 % од размената е со нив. Германија, В.Британија, Грција итн се нашите најголеми трговски партнери. Опкружени сме со НАТО земји.
Ако мислиш на Турскиот тек, тоа што се гради кај нас е поврзување на ТЕ Неготино со постојниот гасовод, со перспектива таа делница да стане дел од Турскиот тек ако се изгради, што е малку веројатно.


Очигледно лошо го толкуваш дипломатскиот јазик на Западот , но и солудните изјави на претседателот дека западот е причината за кризата во Македонија. Тоа е конфронтација, а исто така е конфронтација и мобилизирањето на народот.

Абсолутно нема потреба да се навлегува во тоа кои се причините кои доведоа до сето ова.. дали турскиот ток, дали влегување на друг руски капитал, дали неучество во ембаргото против Русија, дали изградба на објекти со руски пари или пак некои разговори и планови за кои ние не знаеме , но Западот ги знае, а исто така и тие што си ги правеле ... итн итн..
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.222
Поени од реакции
25.992
И пак морам да спомнам, зошто сеуште никој не ја коментира изјавата на Сергеј Лавров за Македонија?
ЦЕЛИОТ ДИПЛОМАТСКИ КОР ВО МАКЕДОНИЈА ИЗЛЕГУВА НА ПРОТЕСТ НА 17-ТИ МАЈ…!!
Затоа што не одговара на агендата која се турка, јасен е одговорот тука.

А за дипломативе, да не се истрчуваме. Сепак се работи за Охридскај. Иако, јас се надевам дека ќе излезат.
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Не зборува за притисоци од Западот, туку за неспособноста, неефективноста, и дволичноста на западот (кој според него зазема улога на ној со зариена глава во песок).

А за гасоводот, културно е одбиен од Србија, па дојде да им каже дека и ОВПМБ ќе се разбуди кај и да е.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.444
Се работи за тоа чив митинг ќе се врти по телевизиите, а вториот секако ќе биде “поактуелен“ и намерата сигурно им е да го амортизираат ефектот што 17ти би требало да го има, според планот на опозицијата.
Било какви “незгоди“ на митингот на опозицијата ќе даде изговор за насилно рушење на власта, не случајно се споменува цело време “обоена револуција“ како таа во Украина.

И пак морам да спомнам, зошто сеуште никој не ја коментира изјавата на Сергеј Лавров за Македонија?

Кој е интересот на Русија за Македонија, зошто така отворено посочуваат на притисоци на западот?

Не може и ова да биде дел од некакви партиски игри. Странски амбасадори, НАТО портпароли, ЕУ комесари, и шефови на дипломатија ко Лавров не се никаква “теорија“ на заговор.
ЦЕЛИОТ ДИПЛОМАТСКИ КОР ВО МАКЕДОНИЈА ИЗЛЕГУВА НА ПРОТЕСТ НА 17-ТИ МАЈ…!!
Лавров и компанија ги има началникот во џеб, а на Путин чврги му удира како ќе стигне. Дека е тоа така, доказ е дека го пратил Хорхе на 9ти Мај да отиде во Москва и да му даде директива на Путин да го прати Лавров во Белград да изјави тоа што изјавил, за да остане братучед му на власт.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom