Воопшто не влегував на темава и воопшто не навлегував во дебата со ниту еден пријател за ситуацијава во државава, бидејќи сакав да видам и да согледам како се одвиваат работите, изјави на амбасади, на новинари, на политичари. Едноставно да не избрзувам и да ме влечат емоции.
Да видам кој како игра?! Што? Како? И според ова до сега играва е доста прљава и поголема од размислувањето на обичниот народ. Но и предвидлива за обичниов народ.
И понатаму ќе се држам до тоа и не навлегувам у разрешување мистерии и теории на заговор се додека не се почне судскиот процес.
Но, едно имам да кажам. Ќе имаме два партиски собири во Недела и Понеделник.
Ако видам, еден амбасадор (или изворно кажано Уценувачи) на странска држава, да застане на eден од протестите, или во поблага варијанта едниот протест да го поддржи а другиот не, за мене таа партија што ќе дозволи амбасадор на друга држава да присуствува на нејзин протест, за мене е МРТВА!
И таа не е македонска партија туку ку*опушачка партија.
Работите во следнава недела дена ќе се одвиваат како на филмска лента, побрзо дури од сега.
Господ да ја чува мајката страдалница која истрпела мн. гомнарии а ќе го истрпи и ова.
Имајте пријатен викенд Кајганџии.