Ќе споделам едно мислење на фан на Реал на мојава страна кај што сум админ со кое се согласувам 100 проценти!!!
1. Прво ќе се осврнам уште на почетокот на сезоната и трансфер период. Реал ги продава Анхел Ди Марија, Чаби Алонсо, па и Кедира бидејќи се знаеше дека цело лето калкулира со договорот, се испраќа на позајмица Касемиро и се продава Мората. Се носат замени Хамес Родригес , Тони Крос и Чичарито. Позицијата на Чаби Алонсо ја превзема Модрич и остануваме со еден играч кој е единствено способен да ја покрива таа позиција.
2. Роналдо одличен до декември. Од декември наваму не е ни 50 % од играчот што беше. Да можеби постигна 50 голови во сезона но голем дел од пенали и голем дел од шанси кои беа веќе шах мат позиција. Да бидеме реални Роналдо не постигна ни 10 % од головите кои ги постигнуваше од далечина или слободни удари. Човекот е веќе во 30 година па полека почнува да губи на брзина. Тешко се пробива еден на еден и веќе одбранбените играчи лесно го стигнуваат.
3. Бејл – ќе биде огромна грешка доколку се продаде. Единствениот играч во Реал кој заедно со Хамес има капацитет дастигне ниво да се бори за златна топка. Да можеби годинава беше катастрофален и заслужи да остане на клупа на поголем дел од натпреварите. Но да сумираме играч кој генерално игра со една нога (лева) сосема е неприродно да игра како десно крило. Првично Герет Бејл е играч кој се потпира на брзина па многу е тешко и неприродно да го гледаме како десно крило. Проста причина топката ја пушта на лева нога мора со неа да дрибла или да испрати центаршут а едноставно неможе да се гради. Бејл мора да се префрли на левата страна и мислам дека неговото ниво на напредок ќе биде огромно.
4. Хамес можеби најсветлата точка оваа сезона. Човекот има огромен капацитет да напредува. Одличен шут, пас и чувство за игра.
5. Иско одличен некаде до јануари. После повредата на Модрич и Хамес некако како да се олабави. Ја загуби гладта и мотивацијата бидејќи знаеше дека местото му е загарантирано по почна да пружа доста послаби партии од тоа што бевме навикнати на него. Не дека немаше повремен блесок и добри настапи но не беше константен.
6. Бензема – просечна сезона со некоја чудна функција на извлекување надвор од шеснаесетник и проигрување. Во многу ситуации можеби и повеќе беспотребни проигрување наместо како шпиц играч да се обиде да ја смести топката во голот. И доста лабава игра поради слабата конкуренција загарантираното место.
7. Одбрана Рамос, Пепе, Варан, Марсело и Карвахал мислам дека сите беа на ниво. Најголемиот проблем за ранливоста во одбраната мислам дека беше недостатокот на поврзаност со средниот ред а тука особено недостигаше стабилен играч за врска и деструктивец.
8. Голмани Икер доста послаба сезона од предходните години со повремени одлични настапи но и кардинални грешки. Треба да остане во Реал и наредните сезони но како замена со тоа што би било добро да се купи нов голман.
9. Замени: Кедира мислите му беа тотално надвор од Реал, Иљара нема капацитет за таа позиција, Хесе после повредата не е ни 50 % од играчот кој беше, Чичарито единствениот кој можеби даваше 120 % од своите можности на секоја укажана шанса.
10. Карло – одлично продолжи после освојувањето на La decima. 22 победи по ред, Реал Мадрид почна одлично да игра поточно да ги меле своите противници, па како гром од ведро небо стигна повредата на Модрич. Поради тенката и неадекватна клупа полека Карло почна да ја губи ситуацијата. Стигна и повредата на Хамес па тие 2 месеци Реал почна да игра непрепознатливо. Секако дека дел од вината за лошата сезона е на Карло но мислам дека човекот заслужува уште најмалку една сезона. Среќата не беше на негова страна. Последните 3 месеци лошата кондиција и заморот го направија реал да биде екипа која може да игра на ниво само 50-60 минути. Тоа се забележа и во натпреварот со Барселона и во Овој со Јувентус. Имавме одлични 60 минути во кои бевме доста подобри од противникот, но за жал после тоа едноставно примавме голови кои го скршија духот на тимот.
11. Наредна сезона: Карло да остане, да се вратат Мората и Касемиро и да се купи уште еден добар последен играч за врска можеби Верати или Кондогбија но никако Погба. Прашалник е дали играч кој игра во Сериа А и има само 21 година вреди 100 милиони. Напад мислам дека е време да се продаде Бензема и да се донесе нов напаѓач. А може и Роналдо повеќе да игра како шпиц со тоа што би се донесло ново десно крило на пример Ројс кој заедно со Бејл по левата страна и тоа како би биле опасни а да не зборуваме за контри.