Али добро, ќе ми објасниш како тоа јас или ние, а не оние кои раководат, сме виновни што ни убија 8 полицајци, што тепаа деца по автобуси? Роднините на убиените и мештаните во тие места не ги боли уво за овие филозофии туку за тоа кој е одговорен и зашто дојде до сево ова да влезат банди во градот наоружани до заби. Значи, како тоа јас и другите граѓани сме одговорни за овие масакри.
.
Сега пак го правиш истото, се абсолвираш себе си од било каква кривица.
Властите општо земено се и тоа како криви за многу работи, но сега зборуваме за нашата лична одговорност, индивидуална и колективна.
Остај ги дежурниве кловнови овде што секако ќе направат како јас сега да велам дека ти си целата причина за страњата во државата - но дали навистина сметаш дека и ти лично, немаш одредена лична кривица и сеедно колку голема/мала?
Дали навистина и ти не си дел од ова општество, кое на крајот на краиштата е и самото одговорно за случувањата?
...а не на властите? Во обид да релативизираш вистинска одговорност за смртта на овие полицајци, необезбедениот склад со оружје, слободниот влез на банди и терористи, па ако сакаш и се друго, се обидуваш да пласираш нешто сосем трето.
Али добро, ќе ми објасниш како тоа јас или ние, а не оние кои раководат, сме виновни што ни убија 8 полицајци, што тепаа деца по автобуси? Роднините на убиените и мештаните во тие места не ги боли уво за овие филозофии туку за тоа кој е одговорен и зашто дојде до сево ова да влезат банди во градот наоружани до заби. Значи, како тоа јас и другите граѓани сме одговорни за овие масакри.
.
Винови с
Ме Лурц. Јас, Ти, сите НИЕ...
Кој тоа побогу, ги избра овие сега што се на власт?
Сами да не се избраа?
Ги лажирале изборите?
Сосема и целосно ги лажирале? Опозицијата требало да победи ама овие украле неколку стотоини гласови?
Ајде да бидеме објективни. Секако дека
понешто и излажирале и немам никаква желба да ги абсолвирам од одговорноста, ама сега зборуваме за тоа во кој обем лажирале гласови? Дали е можно толкава огромна разлика во гласови да биде наместена без ниеден учесник во комисиите, или без ниеден надворешен посматрач - да пријават масовни нерегуларности во изборниот процес?
Не. На жалост народов ги гласаше. И затоа велам: Виновни сме!
Виновни сме, и не е важно што таквите како тебе се повеќе виновни заради својата неукост - сите ние заедно сме пак заедно,
виновни.
Глумиме колективно лудило, глумиме пристојност, демек соживот - и не зборувам тука за луѓето што си живеат како добри комшии, ама на повисоко ниво сите ги игнорираме милионите знаци дека некој постојано намерно прави етнички проблеми и притисок - затоа што има
некој позади грбот. Глумиме дека тие што им го држат грбот, нам ни се сојузници и пријатели. Се тешиме со лаги и самозалажување.
Не само тоа туку и со децении ја игнорираме корупцијата, лошиот стандард. Постојано се дешаваат разни страња - како зголемување на старосен рок за пензионирање, се дешава поскапување на струја (укинување на евтина тарифа)... ИСКОЧИЈА ЛИ ГРАЃАНИТЕ НА ПРОТЕСТИ?
НЕ. А и тоа како требаше масовно да се протестира. Голем дел од популацијата се социјални случаи, невработени... и на сите тие егзистенцијални страња што се десија - ИСКОЧИЈА ЛИ НА ПРОТЕСТИ?
Не. Никаде ги немаше.
Мораше да организираат протести невладините организации (под Соросова капа), за да колку толку да се собере малку народ на улиците?
И сега сите се правиме на тошо дека тоа е сосема во ред, да ни оргазнираат однадвор демонстрации за предвремена смена на избрана власт (мање више по истите тие „демократски“ норми кои владеат и на далечниот запад).
Се поделивме бе на две поларизирани страни - едните не го гледаат криминалот и корупцијата на владава - другите не ја гледаат реалноста за опозицијата која од Марс се гледа дека е компромитирана и купена, управувана од надворешен фактор.
Да, не има и малкумина кои сме против двете зла. Ама нас не правите луди и ни се смеете. На наша колективна жалост, ние малкумината сме единствените кои до сега излеговме во право за повеќето работи. Нашите „теории на заговор“ полека почнаа да стануваат реални заговори, лесно видливи за тие што не ги држат очите ширум затворени.
Пак ќе кажам, и дајбоже да грешам - ама нема да ме изненади кога не некои идни демонстрации ќе загине некој протестант од огнено оружје, за набрзо потоа и некој полицаец да биде застрелан од „револуционерите“ скриени меѓу толпата протестанти. И потоа вртлогот на СТРАЊАТА сам од себе ќе почне да се движи, не најмалку затоа што и вахабистичкиот фактор и албанската мафија од Косово си имаат свои агенди.
Шпекулации? Теорија на заговор? Дајбоже да е така, ама ете не ми верувај мене - погледај што се деси во Украина. Па потоа погледни ме во очи и пак кажи ми дека ова што го напишав погоре
не е реална можност.