Ај коа више сите искуствата од матурата си ги кажаа, и јас моево да си го кажам па ти после види што ќе праиш
Моите најдобри другари имаа партнерки, ама партнерки у пм, девојчиња со кои прашање беше дали воопшто направиле два-три пати муабет за тие 4 години средно. Значи тоа беше комично, цел контакт што си го имал дотогаш бил на едно „здраво“ ако ги видиш надвор од школо и толку, и преку вечер станаа патнери за матура, се истрошија со пари за поклони, замарања за превози, дали ќе стигнат на време, кај ќе седат и слични срања кои само ти одземаат од забавата. Не, не се забавуваа, им се гледаше у очи тоа, колку сакаа можеа да зборат дека се хепи, не ги видов да се смеат цела вечер, чесни исклучоци. Уште пред тоа видов дека така не иде, глупо е. И у право бев, фрлија пари на глупи поклони, влегоа у хотелот заедно за да се сликаат, играа еднаш и тоа е тоа, не ни напраија нешто „посериозно“ ко што некои сакаа, if you know what I mean. Нормално дека не напраија ебате, исфорсирано им беше све. Од тогаш немаат контакт еден со друг, единствениот контакт им остана тоа „здраво“ ако случајно се видат. Не отишле ни на кафе, не ни излегле заедно никад, ни пред матурата, ни после неа. И до ден-денес ги прашувам „и што ако бевте партнери?“, стварно не сфаќам што позитивно им донесе тоа. Немаш ни некој асален спомен или нешто, имаш само слика со некое рандом девојче кое се погодило да го прашаш за матура, браво ебате. Едно е да идеш со девојка да речеме, па у иднина кога ќе ја видиш сликата ќе си речеш „еј да, оваа беше _____, со неа идев толку и толку време, баш убаво си пројдовме“, или “оваа ми беше многу добра другарка, цело средно се дружевме, бегавме од часеви, она ми местеше другарки, ја нејзе другари“ и слични срања, па ако ти е уште блиска ќе се чуеш со неа и ќе излезете, ако не ти е ќе пробаш да стапиш у контакт, ќе се потсетиш на убаво време. Таква партнерка треба да се има, тоа е поентата според мене на партнерството, не да бираш некоја рандом за да не останеш сам само. Тоа е глупо.
As for me, иронично и јас како тебе имав семејни проблеми поради кои во тој период тотално на крај на памет не ми паѓаше да се замарам со ова. А скоро пред матурата раскинав и со едно девојче со кое планирав да одам и бед ми беше тој период и нејќев да прашувам друга. Немав некоја којзнае колку поблиска другарка, сите со кои си стоев добро веќе имаа партнери пошто јас не рачунав да прашувам друга кога веќе бев со друго девојче, али што да праиш, се погоди баш тој период да раскинеме. А од гореспоменатите причини нејќев да се замарам да прашувам некоја за која нит мене ми е гајле за неа, нит неа и е гајле за мене, па да идеме заедно само ради реда. Тоа е замарање реално, да идеш со некој со кој не се познаваш убаво и знаеш дека не си одговарате во ниеден поглед. Не можев да се правам дека сакам да имам таква партнерка, само пошто таква е традицијата или тоа е generic мислењето, стварно нејќев. Да имаше некоја од типот на тие што ги опишав веројатно ќе идев од проста причина што унапред ќе знаев дека ќе си поминев убаво, али немаше, тоа е тоа.
Такада освен ако немаш некоја што ти се свиѓа ептен (а да имаше немаше сеа да ти текне дека немаш партнерка туку веќе ќе имаше у план да идеш со неа или барем да си прашал порано), немаш некоја блиска другарка што е слободна, ич кур да не ти чуе. Иди си сам, не идеш на матура за да бидеш со партнерка, не идеш за слика, не идеш за друг да те гледа со кој си дошол, идеш за да си поминеш убаво за тебе, за со друштвото да си прославиш, за да имаш некаков closure на средношколскиот живот. Имањето партнерка у ништо од ова нема да ти помогне, веруј дека дали ќе имаш или ќе немаш нема ни 2% да ти смени ни во вечерта, а уште помалце во животот. Си се облекол, ќе се пицнеш, ќе се средиш, ќе изгледаш добро, ќе си идеш самоуверено, ќе се заебаваш, има да си поминеш добро. Таа вечер е стварно баш за опуштање, све што ти предизвикува стрес го одбацуваш од себе и не се замараш. Ако ги направиш овие работи, верувај дека стварно ќе ти биде посебна вечер. Знам дека мене ми беше, стварно тоа беше една од ретките работи што го оправда hype-от и јас имам само убави спомени од таа вечер, фантастичен провод, а немав партнерка.
А разбирам дека ти е бед што некоја не те прашала, само имај на ум да не го земаш здраво за готово тоа дека сите девојчиња ти ги прашале другарите, пошто реално сите повеќе сакаме да кажеме дека од нас било барано нешто, отколку да кажеме дека ние сме тие што барале партнерки, појебачки е така нели

А да, и моите другари беа шупаци за матура, цела вечер трчаа околу партнерката, се одделија од нашето друштво што си бевме и седеа на маси кај што им седеа партнерките, мисири ебате. Затоа таа вечер си се дружев со другарите што беа полабави у тој поглед, што не се замараа, без разлика дали имаат партнерки или не, и што само ко мене гледаа да си пројдат добро, верувај дека тоа е најбитно
