Care to explain that?
Уште не ти е јасно?
Мислиш дека ако изгасиш лифт во неколку згради, од кои десетина старци нема да појдат да гласаат, ќе го смени целокупниот резултат на избори?
Мислиш дека преку ноќ може да претопиш гласачко тело од 500,000 кои имаат директен интерес од партијата?
Мислиш дека плус-минус стотина гласови од Пустец (ете во илјади нека се, ама не се) може да го сменат целокупниот резултат на избори, пресврт позиција <> опозиција?
Мислиш дека ако си извадил средношколци на протест, чии родители работат во администрација, ќе смениш нешто на избори?
Мислиш дека со реформите во партијата и смена на прљавиот веш, нема голем број од неутралните и изгубени гласови, повторно да се вратат во партијата, знаејќи дека партијата не е ни приближно тоа што била претходно? Гомната ги пуштија по вода, плус убаво им се стресе газот од бомбиве и би требало да бидат попретпазливи во наредните години од владеењето, за да ги вратат симпатиите кај народот.
Треба ли уште да набројувам?
Од друга страна па, СДС ветуваат дека сите ќе ги вработат ако дојдат на власт, но забораваат дека администрацијата е преполна. За да вработат свои луѓе, треба да избркаат други, кои веќе работат таму. Виде пред некој ден кои проблеми може да ги направат 40-50 револтирани граѓани, а можеш да замислиш што би се случувало доколку 3-4000 луѓе отпуштиш од работа и цели семејства оставиш на улица. Заев на плоштад ќе го обесат, за муда.
Јас баш сакам да дојдат на власт и да го сменат името (а ќе го сменат во првата година од нивното владеење). Е тек тогаш ќе биде народ. А недај боже да укинат и рамен данок, како што имаше најави, и директно да погодат приватен сектор т.е 80% од вработените во државава.
Така да, оваа партија според мене нема иднина. И да дојде на власт, ќе ја сменат одма. Плус, неспособни се брат. 6-7 години имаат снимки. Ја знаат владата како диши. Го знаеле секој чекор, секој план и стратегија на владата, и пак губат ко грци. И како да верувам јас дека оваа партија е способна да води држава!?
Оптимизмот е во ред, но од 2006та, досега, членството го лажат дека сигурно победуваат, а уствари гледаме дека на сите избори рушат рекорди во порази. Дури да помисли човек дека се натпреваруваат, кој кандидат ќе доживее поубедлив пораз на избори.
Така да, добро е што се исчисти ДПМНЕ од гомната, но искрено, не верувам дека СДС би можеле да дојдат на власт преку избори.
Судска разрешница околу бомбите и апсење на Заев? Не разбирам, овие две работи ќе произлезат една од друга или? Пошто ако се суди и се утврди криминал, на кој основ би бил Заев апсен или гонет?
Како и да е, ете и да не го осудат, сеедно. Знам имаше некои обвинувања, колку држат вода, не знам. Ќе фаќаме сеир на судењето, таму ќе видиме.