ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.397
Поени од реакции
5.651
Мислам дека кризата што ја доживуваме се рашири во цел свет, и почнаа многу големи имиња да реагираат.
А после ова со Куманово, реакциите беа да не ги наречам вулгарни, без никаква дипломатија, сите се искажуваа онака без ракавици, покажаа прст кон нашата Влада како криминална, недемократска.
Никогаш немам прочитано за Ахмети и неговите луѓе толку многу пцуења, навреди, закани.

Да не летаме високо, пошто ако не даде оставка главниот, џабе е, пак постои опасност да има насилство со цел одржување на власта, а досега гледаме дека одма се најдени замени, што значи дека ќе се продолжи со нови ликови, а сигурно и старите ќе бидат тука некаде.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.345
Поени од реакции
18.225
Токму така , не доведоа во позиција ние самите едни со други да се јадиме.Не растурија од внатре како сарма . После е лесно како што и сам заклучи:bravobe:
Сега конечно ми ја сфати поентата?
Груевски можеше да биде нешто најдобро што и се има случено на Македонија.
А тој одлучи да биде подобар од Бранко Црвенковски во тоталитаризмот што го спроведуваше во периодот 1994 - 1998.
 
Член од
11 октомври 2009
Мислења
79
Поени од реакции
30
Кој друг го предвиде Куманово ? Дали не е очигледно дека моите извори биле доста сигурни.

Јас во форумов олку активно за домашна случка сум се приклучил 2 пати, 1 за смилковци и вторпат сега. За Смилковци од гнев, а тука за жал поради инфото што го имам и што не е баш розево, туку е црно. И 100 пати напишав, дај боже да грешам.
линк за твојот пост..само што јадев те молам не ме терај да читам 200 поста уназад
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.858
Поени од реакции
18.559
Сега од кога Мијалков си даде оставка, се осеќам несигурно. Претходно беше страв и трепет, им беше трн во око на америте,на шошоните, дури имав осет дека и Груевски се плашеше од него.

Ај да видиме дали ќе се најде човек од ваков калибар што нема да биде корумпиран, бидејќи самата функција е премногу моќна за да не почнеш да се занимаваш со големи бизниси.

Е објасни подетално де.
Од што е страв и трепет погинаа толку луѓе. Директор на УБК е а месец дена терористи му шпартаат меѓу Скопје и Куманово. И дај нека ги стават Волците да обезбедуваат граница пошто преку граница и чопор диносауруси може да пројде и никој ништо да не знае. Од некои мои информации кои ги добив денес од луѓе блиски до МВР, нашиве безбедносни сили биле парче направени во Куманово, дури и тие 14 жртви кај терористите се случиле при крајот на акцијата кога сакале да се предаваат али нашиве добиле наредба да не ги примаат веќе тие што се предаваат. Уште поинтересно постоеле и други групи на терористи во различни делови од градот кои се разбегале, па морале Волците да интервенираат, ги бркале 2 - 3 километра на територија на Косово. Се стравува дека истите тие можно е да се вратат и да сакаат да се одмзадат.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.443
Груевски можеше да биде нешто најдобро што и се има случено на Македонија.
А тој одлучи да биде подобар од Бранко Црвенковски во тоталитаризмот што го спроведуваше во периодот 1994 - 1998.
Како што главната кривица за периодот 1994-1998 го имаше Љубчо со одлуката за бојкот на изборите, така главната кривица за денешната апсолутна власт ја има имбецилноста на опозицијата.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Луѓе, темава ја напраивте предизборна кампања. Смирете доживљај и балансирајте малку дискусија он и оф топик.
 
MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Од што е страв и трепет погинаа толку луѓе. Директор на УБК е а месец дена терористи му шпартаат меѓу Скопје и Куманово. И дај нека ги стават Волците да обезбедуваат граница пошто преку граница и чопор диносауруси може да пројде и никој ништо да не знае. Од некои мои информации кои ги добив денес од луѓе блиски до МВР, нашиве безбедносни сили биле парче направени во Куманово, дури и тие 14 жртви кај терористите се случиле при крајот на акцијата кога сакале да се предаваат али нашиве добиле наредба да не ги примаат веќе тие што се предаваат. Уште поинтересно постоеле и други групи на терористи во различни делови од градот кои се разбегале, па морале Волците да интервенираат, ги бркале 2 - 3 километра на територија на Косово. Се стравува дека истите тие можно е да се вратат и да сакаат да се одмзадат.
2-3 km na teritorijata na Kosovo..Kako toa ? Granicna policija ima Kosovo ?

Imas napisano seriozni raboti,ama dali e vistina seto ova..:)
 
Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583

Од какви извори ти се информациите,тврдиш дека се вородостојни или се на ниво на шкепулација,те прашувам зашто и јас слушнав дека постоела и друга помала група која била сместена во друга населба во куманово,но оваа информација се сведува на шпекулација- затоа и не сакав да ја споеделам во предхондите постови
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.443
линк за твојот пост..само што јадев те молам не ме терај да читам 200 поста уназад
Еве:
По некоја случајност јас како и многу други граѓани на оваа држава сум дел на сите овие случувања што ги наброја. Некои како Илирида 1993-94, бегалската криза 1999 и 2001 ги имам осетено на своја кожа. Башка опкружувањето во коешто живеам во голема мера ги отсликува меѓуетничките, па и интеретничките тензии кај Албанците. Од 2001 навака, па се до крајот на 2014 година, не постоеле никакви сериозни индикации дека ДУИ го губи тлото под нозете, дури и во периодот кога беа во опозиција во 2006-2008.

Ова што се случува сега е токму тоа. Тоа е втор индикатор кој подсетува на ситуацијата пред конфликтот од 2001 година, кога ДПА беше со негативна конотација кај Албанците, поради разни скандали.

Жалосно е колку луѓе заспепуваат од дневнополитички игри на нашите партии. Кривица за таквото поимање има во двете политички структури.

Додека мнозинството на популацијата ги гледаат работите низ партиска призма како што покажува и форумов, секоја приказна може да се протури.

Како што кажав, секоја од нашите политички структури ја игра играта која му се сервира од надворешни фактори и тоа најчесто несвесно, без да се размисли за последиците и само од дневнополитички аспект. Тоа е последица на тоа што одамна го зборам, немање на национална матица која ќе ги одреди базата, насоките на дејство и маргините на толеранција. Тоа прави неретко политичките партии да делуваат спротивно од националните интереси, од личен интерес и дневнополитички аспект.
И да, дали вие се прашавте зошто Заев не го објасни овој момент.
Он Топик
Се прашувам, како Заев ќе излезе да им објасни на своите приврзаници, ако работата излезе дека сепак е ова упад на вооружени групи кои имаат агенда неповрзана со владеачката партија?

Дали ќе биде свесен, дека маткањето на народот и активното пропагирање на губење на доверба во безбедносните структури, во тој случај би ја направиле Македонија во доста незавидна положба?

И на крајот на краиштата, доколку Заев е сигурен во тоа што го тврди, зошто на пример не излезе со снимки и докази дека ова е дело на владата, зошто за да бидеш сигурен треба да имаш докази? Или работата е „жими мајка така е“ !!! Затоа што не е одговорно челник на сериозна партија да истрча со таков еден заклучок, без да понуди никакви докази, во истиот ден кога настанот се случи. А тоа што ме чуди уште повеќе е како може толкава популација да подлегне на такво мислење, од кое произлегуваат избрзани заклучоци, без притоа да се понуди ниту пак да се побара никаков конкретен доказ.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.234
Поени од реакции
21.071
Care to explain that? :)
Уште не ти е јасно?

Мислиш дека ако изгасиш лифт во неколку згради, од кои десетина старци нема да појдат да гласаат, ќе го смени целокупниот резултат на избори?
Мислиш дека преку ноќ може да претопиш гласачко тело од 500,000 кои имаат директен интерес од партијата?
Мислиш дека плус-минус стотина гласови од Пустец (ете во илјади нека се, ама не се) може да го сменат целокупниот резултат на избори, пресврт позиција <> опозиција?
Мислиш дека ако си извадил средношколци на протест, чии родители работат во администрација, ќе смениш нешто на избори?
Мислиш дека со реформите во партијата и смена на прљавиот веш, нема голем број од неутралните и изгубени гласови, повторно да се вратат во партијата, знаејќи дека партијата не е ни приближно тоа што била претходно? Гомната ги пуштија по вода, плус убаво им се стресе газот од бомбиве и би требало да бидат попретпазливи во наредните години од владеењето, за да ги вратат симпатиите кај народот.

Треба ли уште да набројувам?

Од друга страна па, СДС ветуваат дека сите ќе ги вработат ако дојдат на власт, но забораваат дека администрацијата е преполна. За да вработат свои луѓе, треба да избркаат други, кои веќе работат таму. Виде пред некој ден кои проблеми може да ги направат 40-50 револтирани граѓани, а можеш да замислиш што би се случувало доколку 3-4000 луѓе отпуштиш од работа и цели семејства оставиш на улица. Заев на плоштад ќе го обесат, за муда.

Јас баш сакам да дојдат на власт и да го сменат името (а ќе го сменат во првата година од нивното владеење). Е тек тогаш ќе биде народ. А недај боже да укинат и рамен данок, како што имаше најави, и директно да погодат приватен сектор т.е 80% од вработените во државава.

Така да, оваа партија според мене нема иднина. И да дојде на власт, ќе ја сменат одма. Плус, неспособни се брат. 6-7 години имаат снимки. Ја знаат владата како диши. Го знаеле секој чекор, секој план и стратегија на владата, и пак губат ко грци. И како да верувам јас дека оваа партија е способна да води држава!?

Оптимизмот е во ред, но од 2006та, досега, членството го лажат дека сигурно победуваат, а уствари гледаме дека на сите избори рушат рекорди во порази. Дури да помисли човек дека се натпреваруваат, кој кандидат ќе доживее поубедлив пораз на избори.

Така да, добро е што се исчисти ДПМНЕ од гомната, но искрено, не верувам дека СДС би можеле да дојдат на власт преку избори.

Судска разрешница околу бомбите и апсење на Заев? Не разбирам, овие две работи ќе произлезат една од друга или? Пошто ако се суди и се утврди криминал, на кој основ би бил Заев апсен или гонет?
Како и да е, ете и да не го осудат, сеедно. Знам имаше некои обвинувања, колку држат вода, не знам. Ќе фаќаме сеир на судењето, таму ќе видиме.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.956
Кој друг го предвиде Куманово ? Дали не е очигледно дека моите извори биле доста сигурни.

Јас во форумов олку активно за домашна случка сум се приклучил 2 пати, 1 за смилковци и вторпат сега. За Смилковци од гнев, а тука за жал поради инфото што го имам и што не е баш розево, туку е црно. И 100 пати напишав, дај боже да грешам.
Ова со "инфото", е нешто ново, барем за мене. Се сеќавам дека теоријава прв пат ти ја прочитав на друга тема, ама не се сеќавам дека некаде сум прочитал да си напишал дека имаш "инфо".

Инаку, дај боже да грешиш, ептен црно сценарио е тоа, ем црно, ем без речиси никаква шанса за спас/избегнување.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.121
Поени од реакции
2.083
2-3 km na teritorijata na Kosovo..Kako toa ? Granicna policija ima Kosovo ?

Imas napisano seriozni raboti,ama dali e vistina seto ova..:)
Сигурно е така ,фатени се во заседа ---некој ги има накодошено,Дуи е замешана во случајот.
 
AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Вистина е дека Србите ги предупредиле МВР за можен напад или не сум во тек?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.222
Поени од реакции
25.991
Вистина е дека Србите ги предупредиле МВР за можен напад или не сум во тек?
Србите за се што се случува во светот знаат. Ама намерно за ништо не известуваат пред истото да се случи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom