Па зависи. За мене оние дијаманти и скапи подароци се веќе за некој што е или долги години во врска,брак или пак за некој кој што има вишок пари па незнае како да ги потроши. (Зборувам ако се работи за штотуку започната врска,а веќе почнуваат да фрчат такви скапи подароци).
Сега за сега,се задржувам на она што го мислат и повеќето,а сепак зависи од самата жена. Дали е најобично чоколадо,меченце,парфем,цвеќе,не е важно,за мене повеќе важен е самиот чин на давање на истото. Незнам зошто,но и да е и најубавата работа што постои на светот,ако не ми е добро “врачена“ ми губи од убавината.
А некогаш и оние два збора се сосема доволни,ако се кажани во вистински момент,на вистинско место. Сепак зависи..