Serie A 2014/2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Mondonico
  • Време на започнување Време на започнување

Кој да ја отвори новата тема?


  • Вкупно гласачи
    96
Статус
Затворена за нови мислења.
Колку и да е слаб Милан, ни папал ни ќе папа по 8 комада, Милан кога го имаше еден од најслабите состави во историјата на клубот на тогашната најјака генерација на Барса и се држеше, пази тоа беше најјака Барселона , воопшто најјак тим што играл фудбал, праам муабет за утакмицата кога ги тепавме 2-0 на Сан Сиро, и таму Нианг кога промаши зицер, можеби за пролаз на Милан во 1/4
Оваа Барса што ја збориш беше сопрена од Интер во 2010та година.
Таа Барса што ја тепавте вие беше во најмала рака за една класа послаба од таа `нашата`. :D
 
Кој сака нека оди во европа, само не Наполи. :coffee:

„Што сакате вие!? Веќе сте во Серија Б!“, беснеел Игуаин по натпреварот и сакал физички да се пресмета со голманот на Парма, Миранте.

Сепак, некои воопшто не го ценат тоа и не покажуваат никаква почит кон играчите кои изгинаа на теренот буквално за џабе. Стигнаа до тоа противничките фудбалери да ги навредуваат бидејќи не им ја препуштиле победата.

По натпреварот, срамниот потег на играчите на Наполи го потврди и тренерот на Парма Роберто Донадони кој прв го откри овој скандал.

„Бев таму и со свои уши чув некои одвратни пораки од Игуаин и од директорот на Наполи, Бигон. Ни рекоа дека сме требале да загубиме бидејќи веќе сме банкротирале и сме испаднале од лигата. Тоа е срамота. И не се само Игуаин и Бигон во прашање, туку и уште некои играчи на Наполи говореа дека сме требале да загубиме. Кога тоа ќе го кажат челниците на клубот, тогаш тоа е навистина трагедија.“, вели Донадони.

Трагичното однесување на играчите на Наполи и функционерите на клубот го прокоментира и напаѓачот на Парма, Рафаеле Паладино.

„Ние сме горд тим и ова реми е сатисфакција за нас и сите во клубот кои со месеци не сме примиле плата. Навистина боли кога ќе чуете така скандалозни зборови од противникот кој очекувал без борба да ги добие бодовите. Само затоа што го даваме срцето и душата за овој дрес и клуб“, рече Паладино.
 
Последно уредено:
Зато ги неќам оти се вакви никакви плачковци ем плачат ем не способни за ништо.... идиоти класични ѓубриња цела Италија ги неќи + на химанта не пејат на репрезентацијата се сметат ти се чини друга држава.
 
Леле да се случеше ова во Англија каква помпа ќе се кренеше. :coffee:

Ќе имаше коментари од типот:
БАШ ЗАРАДИ ОВА Е НАЈЈАКА ЛИГАТА, НЕМА МЕСТЕНКИ СИТЕ СО СРЦЕ ИГРААТ!!!!111
:D
 
Го гледав сега реприза натпреварот од сношти, цел бидејќи не бев во можност вчера. Првиот црвен е без дискусија, но вториот не ми е баш целосно како што треба. Иако на прегледот на судиските одлуки рекоа дека имало контакт, но пак на Медијасет рекоа дека нема. А и мене ми се причини дека нема контакт.

Сепак таму исто така кажаа дека требало да се поништи голот од слободен на Хернанес бидејќи Медел бил во офсајд и бил директно во видното поле на Маркети. Иако тие работи многу тешко се судат во пракса.
 
За Лука Тони што тапеше некој погоре... Чисто да види како стојат работите, и со кои великани е рамо до рамо...
Интересна ситуација, што мислите кој ќе заврши со најмногу голови од триото Тоти/Тони/Ди Натале?
seriaa.png
 
За Лука Тони што тапеше некој погоре... Чисто да види како стојат работите, и со кои великани е рамо до рамо...
Интересна ситуација, што мислите кој ќе заврши со најмногу голови од триото Тоти/Тони/Ди Натале?
Прегледај го приврзокот 120936
Тони ако остани во верона а има гласини дека го продолжва договорот.
 
Ди Натале се пензионирува сезонава, Тоти најверојатно наредната, додека Тони сеуште им е прва и најважна виолина во тимот... тој мислам дека ќе тера слободно до 40/41 година во Верона
 
Ди Натале се пензионирува сезонава, Тоти најверојатно наредната, додека Тони сеуште им е прва и најважна виолина во тимот... тој мислам дека ќе тера слободно до 40/41 година во Верона
Тоти би требало уште две сезони да игра
 
Тоти би требало уште две сезони да игра

Сеедно, веќе не е прва виолина под водство на Гарсија, а се гледа дека нема веќе кондиција за цел натпревар, ретко кога во последно време ги одиграл сите 90 минути
 
Тоти официјално кажа 2016 се пензионира. Што значи уште една сезона. А многу тешко постигнува голови сезонава, освен ако не од пенал. Дали има два-три гола од игра.
 
Далеку е Тоти од Дел Пиеро, му требаат 3 сезони за тие 35 гола да ги постигни.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom