„Што сакате вие!? Веќе сте во Серија Б!“, беснеел Игуаин по натпреварот и сакал физички да се пресмета со голманот на Парма, Миранте.
Сепак, некои воопшто не го ценат тоа и не покажуваат никаква почит кон играчите кои изгинаа на теренот буквално за џабе. Стигнаа до тоа противничките фудбалери да ги навредуваат бидејќи не им ја препуштиле победата.
По натпреварот, срамниот потег на играчите на Наполи го потврди и тренерот на Парма Роберто Донадони кој прв го откри овој скандал.
„Бев таму и со свои уши чув некои одвратни пораки од Игуаин и од директорот на Наполи, Бигон. Ни рекоа дека сме требале да загубиме бидејќи веќе сме банкротирале и сме испаднале од лигата. Тоа е срамота. И не се само Игуаин и Бигон во прашање, туку и уште некои играчи на Наполи говореа дека сме требале да загубиме. Кога тоа ќе го кажат челниците на клубот, тогаш тоа е навистина трагедија.“, вели Донадони.
Трагичното однесување на играчите на Наполи и функционерите на клубот го прокоментира и напаѓачот на Парма, Рафаеле Паладино.
„Ние сме горд тим и ова реми е сатисфакција за нас и сите во клубот кои со месеци не сме примиле плата. Навистина боли кога ќе чуете така скандалозни зборови од противникот кој очекувал без борба да ги добие бодовите. Само затоа што го даваме срцето и душата за овој дрес и клуб“, рече Паладино.