Лазански: Знаеле ли западните служби за влезот на косовските терористи?
Српскиот водечки експерт за безбедносни прашања Мирослав Лазански изјави дека нема шанса западните тајни служби да не знаеле за влезот на терористите во Македонија.
Со оглед на нивниот број и опрема што јха поседувале тие морале да бидат забележани од странските служби присутни во Косово смета Лазански.
Српскиот аналитичар кој има одлични контакти со српските безбедносни служби наведува дека во групата во Куманово имало и повратници од фронтовите во Ирак и Сирија каде што добиле сериозно искуство и знаење во водење ваков вид на војна а и предходно биле дел од конфликтите на албанските простори последниве дваесет години.
Според него бројот на загинатите полицајци кои што според него професионално се справиле со рпедизвикот бил на високо ниво особено ако се има предвид нивниот број и опремата со која што располагале , меѓу другото снајпери и панцири.
Се работи за долго подготвуван напад на добро организирана група при што внимателно е избран моменто кога е извршен, вели Лазански