ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
не го слушнав што кажа само видов слика каде наводно рекол, во стил, има и други битни теми не е само Куманово сеа ... :eek:
И почна да збори нешто у стил Заев и СДСМ да ги дотепаат на протестот полицајците (за вчера у 6 протестот ваљда мислеше) па и на 17ти да ги дотепаат и мислам дека спомна „ко што ги тепаа денеска во Куманово“. Имаше едно видео од 16 секунди, на Фејсбук го гледав.
 
Зарем треба бројката на загинати да стигне до 50-100-200 па да се пушти војската да ги исчисти копуците ?
 
Да бидеме реални и пред сето ова, целиот твој, мој и нечиј живот во секојдневнието беше поврзна со политика. Дури и роднините ми викаа да трчам по штабови да фатам некоја работа (ооооо јас бадијалџијата :) ).
со политика се бавам чисто рекреативно,читам по интернет и не сум ограничен како што некои постираат тука и верглаат муабети од типот "сдсм/вмро се криви само за да дојдат/останат" на власт.

по штабови сва среќа никогаш не сум се маткал,а и немам намера
 
Пред 14 години кога се случи истово, дојде до смена на нивната власт...

Да се предизвика воен судир со цел тргање на луѓето од протестите е бајаги преголем влог, за било која политичка опција на власт.
Но обратниот процес за доаѓање на власт еднаш веќе беше успешно спроведен.
Да небиднеме наивни, истово е нарачано е сега проблем е од кого, да заклучиме во два три збора на опозицијата дали и треба ова, има масовност, има снимки кои докажуваат големи криминали на власта и фалсификувани избори така да мене некако најмалку ми влегува во глава од ова да има опозиција најголема корист, кога во моментот кога се случи срањево најголема галама имаше околу криминалите на власта.
Дали на албанскиот фактор им одговара ситуацијата, секако дека не, имаат се што може да добијат дури и повеќе, истите се згадени од власта и народот албански најмалку сака војна.
Е сега, после се што се изнаслушавме п снимениве снимки и на што се се спремни луѓето од власта да направат, дали не е логично истава ситуација да е режирана од нив со цел задржување по секоја цена на власта...?!
 
Нормално дека на Албанците не им одговара војна, затоа што тие без испукан куршум и без ниедна жртва ќе го добијат тоа што го сакаат.
Македонците самите си се истребуваат поради нискиот наталитет, сами отстапуваме територија преку продавање куќи и имоти. Зошто некој би гинел кога може и без крв да го добијат тоа што го сакаат. Плус, Албанците од неписмено до писмено е вметнато во државна администрација и институции. Сега од внатре те рушат наместо порано кога те рушеа од ровови.

Се согласувам, на Албанците најмалку им е потребна војна сега на тој начин ризикуваат да ги изгубат придобивките од минативе 15ина години а тие придобивки се независна држава Косово како и Охридскиот рамковен договор во Македонија каде што де-факто имаме федерализирана држава и паралелни институции и паралелна власт во државава на скоро 1/3 од територијата на МКД каде се мнозинство Албанците односно Албанците веќе имаат де-факто своја држава во рамките на Република Македонија зборам за линијата Струга-Куманово сите тие градови и општини каде што се мнозинство институциите се во нивни раце полиција, здравство, школство и.т.н. и плус како што кажа зашто Албанецот да пука и да го убива Македонецот кога јасно ко бел ден е дека без ниту еден испукан куршум Македонецот исчезнува од ова тло односно Македонците кои се малцинство во доминантно Албанските средини се отселуваат од таму и се населуваат во места кои што се доминантно Македонски што е и нормална реакција, други Македонци па се отселуваат во странство и третиот фактор е тоа што кај Македонците и воопшто кај сите Христијани без разлика на етникумот наталитетот е доста низок за разлика од кај Муслиманите кои сеуште имаат демографија во позитива !
Но сепак тоа незначи дека полицијата треба да дигне раце и не треба да реагира на вакви сериозни терористички закани, после толку интензивно повеќе часовно пукање јасно е дека групата била многубројна и биле добро обучени, добро подготвени и добро вооружени и зазеле стратешки места во таа густо населена Кумановска приградска населба ... само што пак истото се повтори од порано овие вооружени формации како и во 2001 година за жив штит користат секогаш цивили со цел потоа да се прикаже дека демек безбедносните сили вршат терор и етничко чистење на Албанците а истите тие терористи ќе ги соблечат своите униформи и ќе глумат дека се цивили веќе видена приказна од порано, сега уште тие 30ина терористи кои се уапсени доколку во иднина ги ослободат навистина не сме држава, колку за пример во Израел кога Израелските сили прават чистки на терористи во Палестинските региони не оставаат ниту еден терорист да продолжи да го дише воздухот туку им се суди по кратка постапка на лице место, истото го прават и Турските сили кога се пресметуваат со Курдските сепаратисти, истото го прават и Руските сили на Кавказот кога се пресметуваат со сепаратисти и терористи и.т.н. само овде во МКД терористите се ослободуваат !
 
па па па 8 загинати за неполни два дена , многу е што е многу многу е, кој ги организира акцииве све да му ебам , ки пуштија лугево во масакар, кланица :mad:
 
не го слушнав што кажа само видов слика каде наводно рекол, во стил, има и други битни теми не е само Куманово сеа ... :eek:
Да да официјално е, комшија ми е во Инџиково живее. Мајка ми у солзи дојде во соба да ми каже. Од Миладиновци човекот, скоро направија куќа во Инџиково и почнаа фин живот. У пичку материну :place:
 
па па па 8 загинати за неполни два дена , многу е што е многу многу е, кој ги организира акцииве све да му ебам , ки пуштија лугево во масакар, кланица :mad:
Командната структура на МВР. А тоа се истите овие што гинеа за нас вчера. Најспособните од нив. Уште матер би им ебел?
 
Вчера другар мој праел муабет на оваа тема со човек информиран за акцијава, не разбрав точно дали и учествувал или негови пријатели учествувале, не е ни битно, убеден е дека некој откуцал за акцијава, зашто сабајлето во 4 саат ги чекале спремни, знаеле кој од каде доаѓа и ги начекале фино лепо подготвени.
Допрва ќе излегуваат детали од цела оваа акција, но факт е дека 6 души еј, 6 семејства завиени во црно, тука нема никаква основа да се пропагира триумф, каков и да е епилогот, матер да им се ебало на тие кои нападнаа, ова е страшно за нас, 6 ... сега за сега, за цивили сеуште нема никаква информација.

Многу веројатно, зошто тројцата првично загинати (кои цело време верглаа дека се потешко повредени), биле загинати уште во првиот налет, исто и 4-от кој почина во болница.

8 души да ти загинат со над 30 повредени, а ти да зборуваш за успешна и завршена акција најмек збор е малоумни.Малоумни.Во 2001 само во заседи гинеа толкав број луѓе.За тие настани уште постојат контроверзни информации дали биле случајни или не.
6 од 8 се од Македонци од Гостивар и Тетово, случајност?Седмиот е Албанец од Скопско.Денес уште една жртва од Скопје.

Прашање: Зошто загинатите се во Куманово вечерта од 3 (претходно во база без сон) и без никаков одмор, дали немаше доволно свежа сила за замена или мораа баш тие?

Други нормални прашања се:
- дали претходно била испланирана акцијата со снимки, со мапи (ако веќе користеле и дрон),
- дали биле консултирани локалните полицајци
- дали во секој тим имало барем по еден локален за подобра координација на теренот
- зошто првично се влезе со мала бројка полицајци ако имаа информација за бројката од другата страна

Павле Трајанов:
Она што можам да го истакнам е дека се забележливи одредени пропусти на оперативните служби, со што се добива впечаток дека полицијата е практично голо изложена на стрелба.
Тој додава дека во вакви ситуации, одговорноста треба да ја понесе власта.
 
Последно уредено:
Зарем треба бројката на загинати да стигне до 50-100-200 па да се пушти војската да ги исчисти копуците ?
прочитај наназад некоја страна и ќе видиш дека војската не смее да учествува се додека не се прогласи воена состојба
 
Командната структура на МВР. А тоа се истите овие што гинеа за нас вчера. Најспособните од нив. Уште матер би им ебел?
некои луѓе замислуваат дека седи еден човек и ги смислува акциите или дека има еден командант и тој им кажува на 1000 полицајци што да прават.
 
прочитај наназад некоја страна и ќе видиш дека војската не смее да учествува се додека не се прогласи воена состојба
Да али можат на специјалните сили на АРМ да им дадат други униформи и да дејствуваат.
 
некои луѓе замислуваат дека седи еден човек и ги смислува акциите или дека има еден командант и тој им кажува на 1000 полицајци што да прават.
Не е битно што замислуваат некои луѓе. Луѓето треба да бидат свесни дека со глупостите што ги лупаат, мочаат врз жртвата и храброста на тие што загинаа вчера. Ама тоа е последица од претерана изложеност на акциони филмови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom