- Член од
- 15 август 2009
- Мислења
- 2.023
- Поени од реакции
- 4.874
Реков јас дека не се разбирам и си давам мое лаичко мислење. Како и да е, нема оправдување што информација за загинати протече од изјава на америчка амбасада. Медиумите ако не добиваа информации за тоа што се случува можеа у најмала рака барем да не даваат музики цел ден додека фамилии остануваа завиени во црно. Се знаеше за повредени и загинати.@Miss Paranoia
Се слагам дека не требаше Карадај/Марадај да даваат и дека требаше повеќе да информираат, ама не си во право за одредени работи.
Прво, во екот на една акција која е од доста сериозен карактер не може да се даваат информации што и како. Со тоа се откриваат детали на непријателот и си ја отежнуваат сами работата.
Второ, мислиш дека така едноставно се чисти теренот, без разлика што поминале 24 часа? Многу лош терен е ова, центар на Куманово, многу тесни улички, збиени куќи, наоколу цивили, терористите со ПРЕМНОГУ оружје во нив... Верувај да можеле за 5 минути ќе ги решеле, ама не е така едноставно.
Трето, напоменав во мојот претходен пост, ќе кажам и сега, исклучително ја мразам Јанкуловска, мизерен министер е, мизерен човек е, ама вчера не направи ништо погрешно. Верувај, не е глума тоа што зборуваше како потиштена, ипак загинаа нејзини луѓе, граѓани на Македонија. Ја прашуваа и новинарите она што ти сакаш да го дознаеш ама кажа дека не смее да дава одредени информации затоа што тоа е во интерес на операцијата.
Омг, не верував дека некогаш ќе напишам пост во кој ќе ја бранам Јанкуловска.
П.с. Ако има грам човечност и совест во себе ќе си даде оставка после ваквите настани.
За Јанкуловска не реков дека нешто лошо изјавила. Знам дека не може да дава повеќе информации. Ама нејзината потиштена фаца ствара поголема паника него нејзиното избегнување на одговори. Според мене, секако.