Вчера другар мој праел муабет на оваа тема со човек информиран за акцијава, не разбрав точно дали и учествувал или негови пријатели учествувале, не е ни битно, убеден е дека некој откуцал за акцијава, зашто сабајлето во 4 саат ги чекале спремни, знаеле кој од каде доаѓа и ги начекале фино лепо подготвени.
Допрва ќе излегуваат детали од цела оваа акција, но факт е дека 6 души еј, 6 семејства завиени во црно, тука нема никаква основа да се пропагира триумф, каков и да е епилогот, матер да им се ебало на тие кои нападнаа, ова е страшно за нас, 6 ... сега за сега, за цивили сеуште нема никаква информација.
Многу веројатно, зошто тројцата првично загинати (кои цело време верглаа дека се потешко повредени), биле загинати уште во првиот налет, исто и 4-от кој почина во болница.
8 души да ти загинат со над 30 повредени, а ти да зборуваш за успешна и завршена акција најмек збор е малоумни.
Малоумни.Во 2001 само во заседи гинеа толкав број луѓе.За тие настани уште постојат контроверзни информации дали биле случајни или не.
6 од 8 се од Македонци од Гостивар и Тетово, случајност?Седмиот е Албанец од Скопско.Денес уште една жртва од Скопје.
Прашање: Зошто загинатите се во Куманово вечерта од 3 (претходно во база без сон) и без никаков одмор, дали немаше доволно свежа сила за замена или мораа баш тие?
Други нормални прашања се:
- дали претходно била испланирана акцијата со снимки, со мапи (ако веќе користеле и дрон),
- дали биле консултирани локалните полицајци
- дали во секој тим имало барем по еден локален за подобра координација на теренот
- зошто првично се влезе со мала бројка полицајци ако имаа информација за бројката од другата страна
Павле Трајанов:
Она што можам да го истакнам е дека се забележливи одредени пропусти на оперативните служби, со што се добива впечаток дека полицијата е практично голо изложена на стрелба.
Тој додава дека во вакви ситуации, одговорноста треба да ја понесе власта.