Е значи според тебе друже, то шо ќе напишите ти или Декси, ние овде сите треба да речиме така е во право сте и толку.
За сите спонзори, финансиери, се фаќате ко пијани за бандера. Така беше и со Монголо не остававте збор да се кажи против него, оп сега излезе за борчојте на претходната управа и на Монголо далаверите. Така сега за Зоки се имате фатено. Шо дека е сопственик кога клубот во обратен правец оди? А и се пиши критички се со цел да тргнат на подобро работите. Ако во краен случај Зоки си замини, далеко му лепа куча, нека си го гланца масератито во дворо...
Пари за да се води клубот? Ако се најди човек со кредибилитет шо ќе застани на чело на клубот, комплетно ги прекини сите матни односи со партијата и тие околу неа... Сигурен сум дека ќе се најдат и други луѓе кои ќе вложат нешто.
Кај нас е проблемот... Еве го пример Пискачот, лежи в сала онде чека од небо да паднат 400-500К за да функционира клубот и тој да биди газда.
Оти Зоки не седни да зборни со тие фирми со кои соработва, еве пример за потребите на цермат точат гориво само во Лукоил и си имаат со нив добра соработка, еве да ги седни да му објасни која е ситуацијата, дека на стадион има секој втор викенд по 4-5000 луѓе, па да му го продај предното лого за 50К? После нека си вработи човек шо се занимава со маркетинг, одма ќе се најдат фирми шо ќе сакат да се рекламират. На крај краева постојат и банки и кредити само шо и таму бараат луѓе со кредибилитет и имот а не шарлатани и магла.
За Двојче не знам овде некој да има речено добар збор. Ама колку се пресудни неговите 100К спрема тие 400 на Зоки? И Зоки не плаќа ништо оти овој го дупел цело време. И така ко селски невести можат да се срамат уште сто години. Дури и Зоки ќути за на Двојче матните бизниси и си ги сликат ќељајците само, на Двојче му одговара итоа како.
Пак ќе повторам за мене подеднакво се криви и Двојче и Зоки и Џокица... Па макар и се спасел клубот пак дури се тие тројца поврзани со клубот мене ќе ми се гади од се. Немам јас желби конкретно кој сакам да е газда, кој да е тренер... Сакам клуб во кој има систем кој функционира, 20 години веќе не се знај кој јади кој плаќа (никој не плаќа сите јадат), зато се мешат околу клубот секакви хоштаплери и зато не можиме ни европа да обезбедиме во оваа бостан лига...
Друга работа, јас не би се фалел ич дека сум напрајл нешто за клубот на ваше место. Имате фан пејџ кој шо генерира јавно мислење а не можите составот да го погодите на ден на утакмица. Претходно милион пати промашивте и со Турци и со секакви индијанци... Како шо ви иди, малце плукате по Двојче, па малце не... Треба јас да паѓам во несвест дека Декси овде се претплатвал на Спорт па од прва рака ни давал информации

А за Спорт 90% пиши Мишевски, кој му е главен конкурент на Декси и се прај хајка против него дека е лопов ваков таков. (Можи и е... не знам)
Јас немам до сега видено ни една статија која е издржана, се само некои помпезни наслови, слика огромна и два реда текст во кој шо не се открива ништо од насловот за да се почека да биди официјално
Ви пишав и на двајцата мислам како функционира РСБ форумот. Дечките добиваат инфо директно од луѓе во управата нешто шо и вие го прајте, ама пренесват се она шо им се кажва, поставуваат прашања шо ги интересира сите за доброто на клубот.
Овде вие водите некоја си битка кој го сакал поќе клубот, кој би стручњак... Па еве јас не можам да се пофалам многу поќе од то дека можам само карта да си купам пред утакмица. Немам фрлено со ништо на теренот, значи го немам оштетено клубот, ама имам право ваљда да кажам дека имаме 14 засилувања со две леви нозе, и тренер дунстер шо продава магла.
Јас мислам дека сите овде сме за силен Пелистер. Ни сакам ни барам да мислат сите како мене, можи грешам за многу работи, ама океј ако некој излези со аргументи и ми речи дека не е така, прифаќам. Така да не се тоа поделби, него се бира најдобра опција...