Фан Клуб: Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување
Што би бидна бе, сите бомби почнавте да фрлате :pos:

Не е бомба, ама сите треба, а и ќе дознаат, што, како и зошто некој не го сака Пелистер во прва лига, а најлошото е тоа што тој е ... "наш" !
 
Е значи според тебе друже, то шо ќе напишите ти или Декси, ние овде сите треба да речиме така е во право сте и толку.
За сите спонзори, финансиери, се фаќате ко пијани за бандера. Така беше и со Монголо не остававте збор да се кажи против него, оп сега излезе за борчојте на претходната управа и на Монголо далаверите. Така сега за Зоки се имате фатено. Шо дека е сопственик кога клубот во обратен правец оди? А и се пиши критички се со цел да тргнат на подобро работите. Ако во краен случај Зоки си замини, далеко му лепа куча, нека си го гланца масератито во дворо...
Пари за да се води клубот? Ако се најди човек со кредибилитет шо ќе застани на чело на клубот, комплетно ги прекини сите матни односи со партијата и тие околу неа... Сигурен сум дека ќе се најдат и други луѓе кои ќе вложат нешто.
Кај нас е проблемот... Еве го пример Пискачот, лежи в сала онде чека од небо да паднат 400-500К за да функционира клубот и тој да биди газда.
Оти Зоки не седни да зборни со тие фирми со кои соработва, еве пример за потребите на цермат точат гориво само во Лукоил и си имаат со нив добра соработка, еве да ги седни да му објасни која е ситуацијата, дека на стадион има секој втор викенд по 4-5000 луѓе, па да му го продај предното лого за 50К? После нека си вработи човек шо се занимава со маркетинг, одма ќе се најдат фирми шо ќе сакат да се рекламират. На крај краева постојат и банки и кредити само шо и таму бараат луѓе со кредибилитет и имот а не шарлатани и магла.
За Двојче не знам овде некој да има речено добар збор. Ама колку се пресудни неговите 100К спрема тие 400 на Зоки? И Зоки не плаќа ништо оти овој го дупел цело време. И така ко селски невести можат да се срамат уште сто години. Дури и Зоки ќути за на Двојче матните бизниси и си ги сликат ќељајците само, на Двојче му одговара итоа како.
Пак ќе повторам за мене подеднакво се криви и Двојче и Зоки и Џокица... Па макар и се спасел клубот пак дури се тие тројца поврзани со клубот мене ќе ми се гади од се. Немам јас желби конкретно кој сакам да е газда, кој да е тренер... Сакам клуб во кој има систем кој функционира, 20 години веќе не се знај кој јади кој плаќа (никој не плаќа сите јадат), зато се мешат околу клубот секакви хоштаплери и зато не можиме ни европа да обезбедиме во оваа бостан лига...

Друга работа, јас не би се фалел ич дека сум напрајл нешто за клубот на ваше место. Имате фан пејџ кој шо генерира јавно мислење а не можите составот да го погодите на ден на утакмица. Претходно милион пати промашивте и со Турци и со секакви индијанци... Како шо ви иди, малце плукате по Двојче, па малце не... Треба јас да паѓам во несвест дека Декси овде се претплатвал на Спорт па од прва рака ни давал информации :vozbud: А за Спорт 90% пиши Мишевски, кој му е главен конкурент на Декси и се прај хајка против него дека е лопов ваков таков. (Можи и е... не знам)
Јас немам до сега видено ни една статија која е издржана, се само некои помпезни наслови, слика огромна и два реда текст во кој шо не се открива ништо од насловот за да се почека да биди официјално (y)
Ви пишав и на двајцата мислам како функционира РСБ форумот. Дечките добиваат инфо директно од луѓе во управата нешто шо и вие го прајте, ама пренесват се она шо им се кажва, поставуваат прашања шо ги интересира сите за доброто на клубот.
Овде вие водите некоја си битка кој го сакал поќе клубот, кој би стручњак... Па еве јас не можам да се пофалам многу поќе од то дека можам само карта да си купам пред утакмица. Немам фрлено со ништо на теренот, значи го немам оштетено клубот, ама имам право ваљда да кажам дека имаме 14 засилувања со две леви нозе, и тренер дунстер шо продава магла.

Јас мислам дека сите овде сме за силен Пелистер. Ни сакам ни барам да мислат сите како мене, можи грешам за многу работи, ама океј ако некој излези со аргументи и ми речи дека не е така, прифаќам. Така да не се тоа поделби, него се бира најдобра опција...
Никој не рече дека јас што ќе пишам дека сум во право а посебно не дека декси е во право, друга работа не знам оти во исти кош ме ставате со детето кога јас година дена немам врска со таа страна а глупостите за турците му ги предочив на детето да не ги пиши ама за пусти лајкој и сензација се избрука неколку пати што значи јас со тоа немам врска!
Страмота е и господ грев ќе му пиши некој односно било кој мене да ми речи дека јас се фаќам како пијан за бандера за спонзорите оти колку јас шо се имам карано со сите тие за Пелистер дури и закани ми упатуваа оти секаде пишев и зборам што мислам против сите оти не зависам од нив или имам некаква корист абе една карта немам земено од клубот а не некој да бранам значи ќе се повторам не сакам никој да бранам ама дај бе кажете најдете по арни па ќе ги смениме а не само вака да се кажува правила и прописи
Никој не вели да се критикува и крева глас баш напротив тоа треба да биди уште по оштро но не сега кога се уште имаме спас и наместо сите заедно да се избориме да се спаси клубот поради грешките во изборот на играчи цело време се хејта и плука се бара влакно во јајцето
Пак ќе повторам не да ја купиле море сите нека ги купат ако сакаат не партија не ффм кој сака нека се вмеша важно е да се спасиме ништо друго! За потоа следната сезона од старт си го бараме чарето и салам да се постави клубот финасиски и кадарно играчки итн....
Никој не води овде битка и не се докажува на дело се докажува и на трибина а не на форумот ама вие некој со мувата на капата почнавте глупости да пишите и некој да го судите и уште мајтап да играте а не сте ништо по арни од декси и тој ете не фрла со камења за казна на клубот си купува карта и сега што?
Дај бе прекинете еднаш за секогаш да бидете стручњаци а со прст да не мрднете освен правење лоша атмосфера со пишење на форумот
Да се разбериме главни виновници за резултатите и маките се двојче зоран и ѓоко не сте вие или јас од форумот ама нив кур ги боли ќе си заминат и ние пак со нерви во втора лига а наместо тоа да го спречиме вие кажувате вака требало онака требало па го знаме бе тоа гледајте сега да се спасиме а не да бараме виновник тоа нема да ни вреди ако отпадниме!
 
Последно уредено:
Каде е бомбата на Декси ? - Помина 21 часот.
 
Никој не вели да се критикува и крева глас баш напротив тоа треба да биди уште по оштро но не сега кога се уште имаме спас и наместо сите заедно да се избориме да се спаси клубот поради грешките во изборот на играчи цело време се хејта и плука се бара влакно во јајцето
Пак ќе повторам не да ја купиле море сите нека ги купат ако сакаат не партија не ффм кој сака нека се вмеша важно е да се спасиме ништо друго! За потоа следната сезона од старт си го бараме чарето и салам да се постави клубот финасиски и кадарно играчки итн....

Мене искрено ми смета кога клубот влегва во такви некои си шеми ако влегва воопшто. А тоа дека треба да се избориме ние сите за да опстаниме... Пред неколку сезони ако се сеќаваш одеа одредени луѓе на тренинзи и шамари делеа таму заради незалагање на играчи, сега ако до толку се вреѓаат и се вознемирени за тоа шо се пиши овде искрено каква е ситуацијата тогаш не знам шо да кажам...
Мое мислење е дека во случај да останиме во лигата и до година ќе си биди пак иста приказна можда тек тук ќе се сменат некои играчи ама во глобала се гледа колкав ентузијазам има и кај управата а тек па кај Џокица и другарите негој.

Каде е бомбата на Декси ? - Помина 21 часот.

И Заев касни вака, да се создај тензија малце :D

Јас лично типувам на еден од триото Џокица, Зоки, Двојче... :kezec:
 
Апсолутно за се во право!:bravobe:
Би се надоврзал на некои слични работи:
Прво нешто до Горан,значи пријателе овде на форумот сите те знајме дека си вечен оптимист,а Декси бунтовник без причина (најчесто) .Е сега мислам дека такви муабети од типот АЈДЕ ВИЕ ЗЕМЕТЕ ГО КЛУБОТ И РАКОВОДЕТЕ СО НЕГО не држат воопшто вода ;).Треба многу посериозно да се постапува и размислува ,бидејќи сепак сме возрасни.Шо е до мене и мојот револт према клубот,управата и се шо се вика Пелистер нормално е дека има шо да се критикува,ете пример и за титула да се бориме и за Европа пак има да се критикува,незнам зошто си револтиран према критиките наши кон клубот и управата?!Па кај нас ако нема за критика кај има на друго место?Кога сработиле нешто како што треба,ни се оддолжиле нам на публиката,напрајле нешто трајно па да бидиме задоволни!?Ти си барем доволно инволвиран во работите кои се случуваат во клубот и незнам оти критикуваш дека сме незадоволни,па какви да бидиме?o_O.Друго,овде форумот е место каде што се дебатира,пофалува,критикува и дознава различни работи.Е сега то што кај нас е мизерија цели 15 год не барајте да фалиме некој.Да не прецизирам кој колку проценти е крив,дали Двојче,Зоки,Џокица за мене сите тие во управата се криви,оти секој со секого од нив игра некаква си игра,секој си гледа различен интерес,така да ние сме тука обични граѓани кои го сакаат клубот,а за жал нема што да гледаат и никакви резултати нема.Ете ќе го спомнам кам-бекот на Монголот пред 3 год,нели сите (меѓу кои и јас за чудо) се понадевавме дека конечно барем на некојси 4-5 год ќе се среди клубот,и шо бидна???Таа сапуница не траеше ни една сезона,уште на полусезона се триеја раце кој колку да го закрпи клубот,а ако се сеќавате на 5 кола до крајот бевме 1-ви на табелата за историска титула.И нормално овие талентите се уништија!!!Продаваја играчи,носеа незаконски и преку граници од тие бугарите и заврши сезоната.И сега после сето то уште пресно,некој излегва наеднаш со 500 К буџет ќе праел европски Пелистер :ojeaa:,а позади него Двојче и компанија :roker:.Не помина исто една сезона,ние се бориме за БАРАЖ за кој незнам како сте сите толку сигурно дека тој би го поминале.Пак ќе речам,фудбал си е фудбал можи да се случи да победи Гостивар или со кој и таму да играме (ако играме).Допрва ќе се критикува за неработењето на новата управа и цел џган таму.И ајде ако погледниме да опстоиме сега ,па со почетокот на новата сезона во август шо очекувате?
Ти бе ниту ме знајш ниту ме познаваш ако ме знајш како џони томасот и зико со кој се познавам нема вакви глупости да пишиш
Не знам шо вие филмот со тоа да не критикувате кој каде тоа го рекол?
 
Мене искрено ми смета кога клубот влегва во такви некои си шеми ако влегва воопшто. А тоа дека треба да се избориме ние сите за да опстаниме... Пред неколку сезони ако се сеќаваш одеа одредени луѓе на тренинзи и шамари делеа таму заради незалагање на играчи, сега ако до толку се вреѓаат и се вознемирени за тоа шо се пиши овде искрено каква е ситуацијата тогаш не знам шо да кажам...
Мое мислење е дека во случај да останиме во лигата и до година ќе си биди пак иста приказна можда тек тук ќе се сменат некои играчи ама во глобала се гледа колкав ентузијазам има и кај управата а тек па кај Џокица и другарите негој.

И Заев касни вака, да се создај тензија малце :D

Јас лично типувам на еден од триото Џокица, Зоки, Двојче... :kezec:
Мене ништо сега не ми смета најважно е клубот да се спаси и ништо друго!
Па мајкаму стара ете вардар е најдобар пример сега што му фали или подобро да бидеме трета лига како некој други големи клубови?
Втора работа подобро да се спречи од колку да се лечи односно подобро да се бара чаре од колу да се прај фузија и да се резилиме во втора лига
Не само што се сеќавам на дел од тие случувања бев присутен за воспитувањето и кревање на моралот на упадот во соблекувалната ама има голема разлика од тогаш тогаш немаше мотив а играчите можеа и даваа повеќе без пари за разлика од сега овие бате и да ги претепаш толку му е силата и крај краева не се криви децата и мене да ми речат ела играј за Пелистер ќе играм без пари ама шо ако ко не знам да играм значи крив тој што ги донесе!
За крај не се сложувам со твоето мислење дека и вгодина вака ќе биди ако се спасиме тоа нема да го дозволиме ај сега беше да не се мешаме демек приватник демек нов тренер да не сипиме атмосфера да не се вадат со нас дека му правевме проблеми и притисок ама за следната сезона боже здравје уште од завршување на оваа сезона ќе ја земиме работата во наши раце оти славиме 30 години Чкембари и 70 години постоење Фк.Пелистер!
Сепак најважно е да најдиме спонзор и финансиер како шо треба а не ваков кој на сила го зеде клубот!
 
Последно уредено:
Нигде јас никој од навивачите не кривам, никој поединечно, шо и да напрат и горан или декси или било кој пак тие треба да се најважни за клубот, пошто досега миљони лајнари се имат сменато во управите а ние навивачите сме тие шо останваме. Секаква критика прифаќам и си имам мое мислење шо треба да се прај, никој овде шо коментира лошо не му мисли на клубот, не треба воопшто да се караме и да се замерваме.
 
Мене ништо сега не ми смета најважно е клубот да се спаси и ништо друго!
Па мајкаму стара ете вардар е најдобар пример сега што му фали или подобро да бидеме трета лига како некој други големи клубови?

Не само што се сеќавам на дел од тие случувања бев присутен за воспитувањето и кревање на моралот на упадот во соблекувалната ама има голема разлика од тогаш тогаш немаше мотив а играчите можеа и даваа повеќе без пари за разлика од сега овие бате и да ги претепаш толку му е силата и крај краева не се криви децата и мене да ми речат ела играј за Пелистер ќе играм без пари ама шо ако ко не знам да играм значи крив тој што ги донесе!

Никој овде не е за да испадниме... То да биди јасно.
Вардар е шампион на кого му се радват во просек по 100-200 навивачи и уште 100тина пензионери, на многу луѓе во Скопје им е згадено од клубот.

Последниот пасос се сложвам до крај. И јас сум на истото мислење, толку им е силата на играчите... Уште ако додајме дека Џокица им смислува позиции како шо ќе му дојди на сон, тогаш уште помалце и можат и знат. Тој шо ги донесе треба да си ги собери и да си замини на крај од сезона, оти ако ни донеси и на лето ваков контингент на градежен материјал уште од август ќе бидиме прежалени.
 
Може да се додај и дека некој земал пари од родителите на играчите за да играат да бидат во Пелистер ама сега тоа не е важно најважно е клубот да се спаси а после мора да се расчистат некој работи и да превземи некој одговорност за резултатите но ќе повторам сега не е моментот прво да се спасиме со три победи во Прилеп
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom