Ај малку од друга страна целово збиднување. Јас разбирам дека дел од присутните, и дел тука од форумов имаат искрен гнев кон некои работи и тие спаѓаат во групата луѓе од видеава кои мирно скандираат и извикуваат некои работи. Но на некои видеа истите та истите луѓе кои беа главни фигури во протестите познати како ОТПОР од пред некоја година, па до студентски протести, автономии и слично се најгласни и се забележуваат како превземаат активности кои се далеку од ,,мирно протестирање". Дел од нив лично ги познавам. Еве денес и во Прилеп ќе има протест, потегнат од еден од најгласните опозиционерски (а со сигурност и преплатени) чоечиња. Настанот е споделуван барем на моја почетна од цела опозиционерска багра што секако е во нивни интерес па и злоупотреба. Кога мислам злоупотреба, мислам на следново. Јас како граѓанин кој дознал некој работа која не се совпаѓа со мојот кодекс на однесување, со етиката, со моралот и ме иритира и напиздува, уште во ИСТИОТ момент на дознавање, ќе ја објавам од чисто човечки причини/мотиви и револт. Нема да можам да ја кријам и носам со себе, камоли да калкулирам и пресметувам кога е најпогоден момент истата да ја испукам за да креирам негативна енергија, во мој личен интерес, како најава за некојси протест по некојси ден. Секое калкулирање со објавување на ваква информација носи заднинаска намера, што дел од вас јавно и отворено ја препознаваат па и се согласуваат со истата што е сосема искрена реакција (смена на власт и доаѓање на другиве), а некои глумат упорно лудило дека не ги гледаат овие работи, не сакаат да ги гледаат, или премногу наивно, детинесто перцепираат.
Е сега нештово од страна на Устав, закон и слично.
Устав, член 21
Граѓаните
имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола. Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба
Закон за јавни собири
Член 5
Лицата кои присуствуваат на јавниот собир не смеат да носат оружје и
општо опасно орудие.
Член 6
Министерството за внатрешни работи ќе го прекине одржувањето на јавен
собир во случаите кога истиот е насочен кон:
-
загрозување на животот, здравјето, безбедноста, личната сигурност и
имотот на граѓаните;
- вршење или поттикнување на вршење кривични дела утврдени со закон
и
- загрозување на животната средина. Министерството за внатрешни работи
ќе го прекине одржувањето на јавниот собир во случај кога неговото
одржување е во спротивност со меѓународните договори со кои е
предвидена обврска за непречено одвивање на сообраќајот.
Сега другата страна на паричката.
http://www.pravdiko.mk/vo-koi-sluchai-mozhe-da-se-upotrebat-sredstva-za-prisila-od-politsiski-sluzhbenik/
Употреба на физичка сила:
Цел- Одбивање напад, спречување бегство,совладување отпор.
Употреба на палка:
-кога работите не можат да се извршат со физичка сила
Употреба на хемиски средства и гасни:
Цел:воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем (насилни демонстрации, масовни тепачки) присилно отстранување на забарикадирани лица од објекти, шмркови со вода, специјални моторни возила и коњаници можат да се употребат за воспоставување на нарушен јавен ред и мир од уште поголем обем.
Да не продолжувам понатаму, го имате текстот читнете го.
Да, секако има луѓе кои таму пошле мирно да протестираат и не заслужуваат таков фидбек од полицијата и истите се само жртви и трпат последици на акцијата од останата багра со која немаат допирна точка. Но ако протестот е МИРЕН, пример земаме средношколци, нема да има никаква полициска бруталност. Тие се законите, таа е примената, кој сака нека биде на власт, дури не се сменат а нема да се сменат, ќе се реализираат кога ќе се создаде пригода. Правото на протест е уставно загарантирано право, но секое право раѓа обврска, па така МИРЕН протест дава некакво ограничување. Секое излегување од границите на законот ќе значи примена на тие други мерки. Полицијата е составена од граѓани на Р.Македонија пред се'. И тие се луѓе.
Функциите се минливи и менливи, не се вечни и ќе има промени затоа што се неминовен процес во целата динамика.