Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Сеа ќе снимаат на некој агол кајшто се гледаат 5 души и пошто нема таков, ќе снимаат у Свирипичино и Курир и Сител ќе објават, „Еве, СДС повторно проба да го провоцира МАКЕДОНСКИОТ НАРОД КОЈ ЈА САКА СВОЈАТА ВЛАДА со само 5 души!“
Но народот им покажа дека не верува на нивните лаги (Снимка од 30 вмровци со цвик за сонце у 9 вечер коишто прават контра протест на овој у Свирипичино).
 
А каде беше ти да протестираш кога режимот ги амнестира тие убијци?
Сам што ќе направам, бев за децата одСмилковско првиот протест коа бевме едвај 300 луѓе и од тогаш реков на протест на стапнувам.
А овој дуел помеѓу ДПМНЕ и СДСМ навивам сами меѓусебно да се уништат.
 
во демократска Словенија употребија водени топови среде зима, во фебруари, пред неколку години , кога имаше демонстрации низ цел свет т.н.р. Occupy . Тогаш во демократската УСА, на демонстрациите во Вашингтон учествуваше и градоначалникот, а уапсен е и тој и демонстрантите поради попречување на сообраќајот. Во Хрватска имаше случка на демонстранти да нелета една жена возач, која се уплаши и даде гас, а еден од демонстрантите и рипна на шофершајбната и се фати за брисачите. Имаше судска разврска, демонстрантот беше тужен од осигурителната компанија и мораше да ја плати штетата на возилото. Во демократска УСА сега има нов тренд, помасовно застрелување на исончани демонстранти .. но битно е ние сме на тапет на разноразни квази организации за проценка на слободите.
А како беше во времето на СДСМ ??... последно карактеристично беше претепување на учесниците на блокадата во Кочани (земјоделците). А постари работи има на вагони, од застрелани протестанти кај Мала Речица (прв универзитет на албански јазик), жртви при симнувањето на албанското знаме во Гостивар 1998... порани имаше и употреба на боева муниција , министер фрчко, акција на МВР на Битпазар, загина невина граѓанка што излезе на балкон... а имаше и мирни демонстрации пред собрание а против промена на името, тогаш МВР распореди специалци со пушкомитралези на околните згради, Градска Болница и други .. за среќа тогаш немаше жртви

Се дури одговорот на секој проблем е „ и СДСМ така правеа па и полошо“ ти не си ништо подобар од нив. Кркај го истото што го кркаа тие, али пак ќе е џабе, пак ќе немаш мозок да размислиш.

Споредба во каква гомненица живееме. Упад во А1, неплатен данок, ударно на секој канал, 2 месеци се тераше тоа. МВР користи водени топови, распоредува хермелини, протестантите само што не влегле во влада, во секоја нормална земја тоа е вонредна состојба, САМОТО РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ХЕРМЕЛИНИ ПРЕД ВЛАДАТА Е ЗНАК ЗА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА...една ебена телевизија не емитува целосно, само пропратно е спомнато....ОД СТРАВ !!!

И крај краева не се работи овдека за партии. Свесни сме дека и едни и други се гомна. И тие треба да се свесни дека во моментот кога ВМРО ќе падне, не значи дека СДСМ ќе биде водечка партија...Воопшто....Се буди овој глуп народ, прашање е само колку долго ќе му треба да се разбуди целосно.
 
Од каде дојдоа изјавите дека момчето починало од природна смрт и немало траги на насилство? (А подоцна испадна дека бил скршен од ќотек, имало и сведоци што го виделе тоа).
Ако УРКО е виновен, зошто УРКО до пред некое време и понатаму беше човек на кој му е доверена безбедноста на премиерот? Зошто не бил разрешен и кривично гонет за прикривање убиство?
Прикривање на прикривач на убиство = соучесник.

Што ако немаше сведоци кои истата вечер се кренаа на протести ? Дали убиството ќе се препишеше на НН сторител? Јас мислам дека ДА.

Исто така и убиецот полицаец од Гостивар беше прикриен од МВР, но не очекувам од тебе подршка, пошто убиените беа албанци.

Јас не сакам полиција во која работаат луѓе со надимак Хитлер и разни разни уличарски имиња, не сакам полицајци кои од самата министерка се наречени НАЈГОЛЕМИ БАГАБОНДИ.
Не сакам министерка да му гарантира на претседателот на Собрание дека ќе ослободи луѓе.

Денес му се случило на Мартин, а утре ќе ти се случи и тебе и мене или на некој наш сакан.
Багабондите надвор од МВР, багабондите надвор од институциите.
нејќеш зошто се страв и трепет за таквите како тебе.Вие да сте на власт сите ќе ги избркате таквите луѓе,ќе ставите ваши забрадени.

Ислушај ги снимките,ќе видиш дека после 1 ден дознаваат што се десило и дека некој прикривал односно урко и екипата.Зошто не одговарал е друг муабет.
 
Да да, комплетно исти случаи се.

Него, пошто Мартин бил џанкер, дали и син му на Трајко Вељановски треба да го претепаат?
 
Ете, дознав од кретените дека сум дел од дното на македонското општество.
Поголемо дно од тоа да бидеш слуга или мегафон на фамилијата,во моментов,нема.Кога ваква квалификација иде од такви,тоа е комплимент..
 
на кој начин предвидуваш дека ќе падни “режимот“ ?? доизјасни се,мене ете не ми е јасно како ќе падни,на мирен начин со демократски избори или пак со насилен пуч и можност за граѓанска војна
Милом или силом, а како стојат работите моментално, ова второво е пореална опција, поготово што следат материјали за Младенов и Смилковско, језиви материјали, денес ситуацијата ескалираше за Мартин, после првата посериозна најавена '' бомба '' во периодот до 17ти, а тек за Младенов и Смилковско ...
 
Лепени, сечени се бе, народот им верува во тоа.
 
ОФ мори мајко...пиши police brutality на јутуб,и врати се и кажи дека нашиве се најбрутални.Оние кои се нај "демократски" ќе ги видиш на видеата.Во САД во рок од 1 месец утепаа над 20 души.Мајката на демократијата,нели.
Другар од лично искуство ти го кажувам ова, каков јутуб каков интернет и тоа во повеќето случаи кога сум бил, сум бил во својство на навивач и секако очекуваш полицијата да те гледа како клоашра, како ѓубре нешто слично како во Македонија, но за среќа се поминувало најпримерно, без никаков проблем, дури и заебанции има со тие, додека со овие умиселните не смееш да им прозбориш да се тргнат вода да се напиеш.
 
Милом или силом, а како стојат работите моментално, ова второво е пореална опција, поготово што следат материјали за Младенов и Смилковско, језиви материјали, денес ситуацијата ескалираше за Мартин, после првата посериозна најавена '' бомба '' во периодот до 17ти, а тек за Младенов и Смилковско ...
јас ти велам мирно дека нема да падни “режимот“ и сеа шупрајме ??
 
во демократска Словенија употребија водени топови среде зима, во фебруари, пред неколку години , кога имаше демонстрации низ цел свет т.н.р. Occupy . Тогаш во демократската УСА, на демонстрациите во Вашингтон учествуваше и градоначалникот, а уапсен е и тој и демонстрантите поради попречување на сообраќајот. Во Хрватска имаше случка на демонстранти да нелета една жена возач, која се уплаши и даде гас, а еден од демонстрантите и рипна на шофершајбната и се фати за брисачите. Имаше судска разврска, демонстрантот беше тужен од осигурителната компанија и мораше да ја плати штетата на возилото. Во демократска УСА сега има нов тренд, помасовно застрелување на исончани демонстранти .. но битно е ние сме на тапет на разноразни квази организации за проценка на слободите.
А како беше во времето на СДСМ ??... последно карактеристично беше претепување на учесниците на блокадата во Кочани (земјоделците). А постари работи има на вагони, од застрелани протестанти кај Мала Речица (прв универзитет на албански јазик), жртви при симнувањето на албанското знаме во Гостивар 1998... порани имаше и употреба на боева муниција , министер фрчко, акција на МВР на Битпазар, загина невина граѓанка што излезе на балкон... а имаше и мирни демонстрации пред собрание а против промена на името, тогаш МВР распореди специалци со пушкомитралези на околните згради, Градска Болница и други .. за среќа тогаш немаше жртви

Токму поради причините кои ги наброја велиме дека сега Македонија 20 години е вратена назад, и затоа не идеме напред.
Се додека денешните гадотии ги поткрепуваш со прошлите гадотии, не очекувај дека во оваа држава ќе биде подобро.
Велиш дека тие следните што ќе дојдат имаат право да те тепаат тебе под изговор дека и тие прошлите на 05.05.2015 година пред Влада тепале народ кој со јајца маваше кон зградата на Владата.
Никогаш нема да го заборавиме ни Гостивар, ни Речица, ни Битпазар, ќе се зборува за нив ... но те молам не ги легитимирај денешните тепања со тие прошлите, пошто така ќе стигнеме до Адам и Ева како ланец, и пак ние ќе бидеме тепани, а тие ќе ги чуствуваат благодетите.
 
јас ти велам мирно дека нема да падни “режимот“ и сеа шупрајме ??
А ја што велам жити све во постот што го цитираш, читаш ли ? Која опција е пореална, а и реално, кој Режим паднал мирно ?
 
Сам што ќе направам, бев за децата одСмилковско првиот протест коа бевме едвај 300 луѓе и од тогаш реков на протест на стапнувам.
А овој дуел помеѓу ДПМНЕ и СДСМ навивам сами меѓусебно да се уништат.
Во овие 24 години, ниеднаш не сме имале власт која работи за народот. Проблемот е сите што ова го гледаат како дуел помеѓу ДПМНЕ и СДСМ. Јас го гледам како дуел помеѓу власт која не работи за народот и народ кој сака власт која ќе работи за него. Да, можеби е тоа идеал кој никогаш нема да се оствари, но јас сакам да се борам за тоа. Секако, ненасилно. Ниедна недемократска влада не треба да биде срушена на недемократски начин (со насилства, тепање и пролевање крв, за кое денеска далеку дека стануваше збор) затоа што кругот така само ќе се врти. И пред да ми реплицираш кај сум бил во време на владата на СДСМ 2002-2006, имав десетина години. Сега во овој период да беа сдсм и да ги правеа истите недела, ќе протестирав и против нив. Не ми прави разлика.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom