Па да ви кажам и вие малце претерувате. Како сакате некој да ви дојде на стадион кога и самите вие како навивачи што идат на трибина пренесувате негативна атмосфера од типот дрва се, не ги бива, ќе ги растурат во Европа итн.. Па на мене да ми правите вакви муабети што го следам Вардар од памтивек ќе размислам дали да идам на стадион, а не па некој што немал допирна точка ни со клубот, ни со фудбалот.... Не е дека е слаб Вардар, нити дека е лоша нешто ситуацијата во клубот. Можеби една од причините е слабата ни лига. Да имаше барем пет екипи на ниво на Вардар друга ќе беше приказната али тоа е.
Е ај ако не да се лажеме дека супер играме, дека најдобри сме и со сигурност влегуваме во ЛШ?
Едноставно ја коментираме реалноста, а тоа е дека тимот има потенцијал и со неколку засилувања на витални позиции можеме да оствариме некој минимален успех во Европа, но исклучиво под еден услов, а тоа е управата да донесе тренер кој навистина ќе знае што сака во иднина, нешто како Јан Питлик во ЖРК Вардар, Раул Гонзалес во РК Вардар итн.
Проблемот е што ниту еднаш никој не превзеде одговорност ниту за ланскиот дебакл во втората полусезона, ниту пак за очајната игра во оваа сезона, испаѓањето од купот итн. Вардар игра досадни натпревари и на поголем дел од натпреварите се мачи да победи иако останатите екипи се многу послаби. Реално, разликата меѓу Вардар и Турново, Тетекс, Пелистер на пример е како меѓу Барселона и Кордоба во однос на составите, а резултатите со овие екипи ни беа (0-0, 0-0, 2-0 со Турново, 2-2, 3-0, 2-0 со Тетекс, 1-0,1-0, 1-1 со Пелистер). Со Брегалница истотака одвај победувавме 2-1, 1-0, 0-0, срамота е да се мачиш со вакви екипи...
Единствен натпревар каде сме го прегазиле противникот во секоја смисла беше дуелот со Шкендија во кој победивме со 3-0 во второто првенствено коло.
Океј е, не играле добро, лигата не чинела па не можеле да се мотивираат (никакво оправдување, да кажеш ракометарите да не можат да се мотивираат против Пролет пошто недела дена претходно играле за фајнл фор во лига на шампиони ќе сфатам, ама овие што подалеку од прво квалификационо коло од ЛШ не виделе, нема што да се збори), проблемот е што ништо не се менува, иако јасно е како ден дека со овој тренер, добри резултати во Европа нема да имаме.
И покрај се, јас не го делам ставот на повеќето кои не одат на утакмици. Се што ми пречи ќе пробам да го сменам на стадион. Затоа имаш скандирања и слични работи. ама тоа не се прави со 100 души. Да им скандираат 1000 луѓе против Андреев ќе видиш како попчиња има да го сменат, вака ќе кажат се издрогирале 50 души и си тераат глупости на трибина. Македонецот е научен друг да му ги врши работите, ќе престане да оди на стадион после 5 утакмици и само ќе сере, ќе сере, ќе сере и ништо нема да проба да смени, ако некој друг му ги смени работите на подобро океј, ако не пак океј...
Ама ако дојде до промени сите ќе се вратат на трибина и пак после неколку натпревари ќе почнат со истите муабети...
Истото важи и за ситуацијата во Комити, никој не се замара со групата, не личиме на ништо на обичните натпревари, на трибина има 300 луѓе раштркани насекаде, повеќе луѓе седат на ќошевите од трибината него ли во навивачкиот коп, ама освен на вчерашниот дуел, на другите атмосферата ни била најдобра откако одам јас на трибина

Луѓето постојано бараат виновници за слабата бројка и одма ако зашкрипи престануваат да одат на трибина. Абе олабавете малце, што ви е гајле дали петко станко бојкотирале, соберете си друштво и напрајте си забава на трибина, затоа што со неодење на утакмици ништо не се постигнува.