Не ти зборам за инат, едноставно дечкото освен за играч од Македонска лига со таа конституција може да сонува да заигра на некое повисоко ниво. Што се разликуваат он и Асани во дриблинзите?
И Асани е добар дриблер, само ни двајцата ја немаат таа сила да се заградат ако противникот им ја прочита страната на која ќе тргнат. Имаат добра стартна брзина, општо се доста брзи, ама со таква конституција ништо не прават.
Во позициона игра ништо не може да направи. Не знам што си гледал вчера, едно подавање не можеше да погоди во позициона игра. При сите додавања топката му отскокнува, на тој што треба да ја прими прво две минути ќе му требаат за да ја штопира па да ја изигра. И пак, проблемот е конституцијата која сигурно нема да му се смени екстремно преку ноќ. Сепак има 17 години, не може да се очекува дека ќе порасне уште 20 сантиметри во иднина.
Долга топка не можеш да му дадеш, бидејќи нема теорија да добие дуел.
Не е профил на играч каков што ни треба...

Ако имаш фудбалско знаење, постои начин да компензираш и помала висина, и помала брзина, и сите физички недостатоци. Чави, Азар, Мертенс, Стерлинг и уште многу други се по метро и 70, па се пак едни од најдобрите играчи на свет. Се гледа дека детето има брзина, има дриблинг, техника, па и прегледност би рекол, имаше неколку убави потези не само вчера туку и на другите натпревари, така да рано е да проценуваме. Зависи каков стил на игра играш, не мора да значи дека сите треба да се волови и да имаат цврстина, а исто така и ако си низок не значи дека секој дуел ќе го губиш, баш таквите со ниско тежиште често знаат да бидат и снажни и да се заградат и многу лесно да се ослободуваат од противници. 