ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Запамтете го имево: Френсис Тиафое. Типов има 17 години пред пар недеи стана професионалец..

За некоја година (па и порано можеби, кој го знае) ќе се прави муабет за црнчево на форумов како добар ап-енд-камер..

Ќе си се цитирам тогаш дека сум го предвидел подемот негов во светскиот тенис :D
Тиафо лани играше на турнирот во Вашингтон така да не стана сеа професионалец. :D Иначе и него и Орландо Луз, запамтете ги и двајцата, родени 1998 година, играчи со бомба форхенд.

Имено Тиафое во директен дуел за вајлд карта на Ролан Гарос го исфрли Сандгрен и во Париз ќе имаме барем еден играч роден 1998 година во главниот ждреб. Откако Тиафо го победи Сандгрен и влезе во финалето, Доналдсон го загуби своето 1/2 финале од Аргуељо и со тоа Тиафо нема шанси да биде стигнат од ниту еден Американец. Инаку последните три Челенџери на земја беа борба меѓу сите американски тенисери за освојување на вајлд карта за Ролан Гарос.
 
Прво АТП финале на земја за Мареј во кариерата, откако денеска во Минхен ги победи и Росол, и Баутиста Ахут (денес се играа два меча, бидејќи вчера немаше тенис заради дожд).
 
Лелеле ама го искрши рекетот Димитров..Сарма го направи..:vozbud:
 
Види Фотос пак не отвара тема, не е можно каков лажго е значи

Едит: За Рим кажал тој, не за Мадрид... :D Извињавам се. xD
 
Во Минхен вρне господ знае κога ќе почнат
 
CEGX4zJUIAAeBNT.jpg
Роџер Федерер ја освои својата 85та АТП титула, победувајќи го Куевас во финалето во Истанбул (6-3, 7-6).

Во Есторил, Гаске го совлада Кигиос со 2-0 (6-3, 6-2), а финалето во Минхен меѓу Мареј и Колшајбер, ќе се доигра утре, бидејќи мечот беше прекинат заради обилни врнежи од дожд, при водство на Германецот од 3-2 во првиот сет.
 
Тиафо лани играше на турнирот во Вашингтон така да не стана сеа професионалец. :D Иначе и него и Орландо Луз, запамтете ги и двајцата, родени 1998 година, играчи со бомба форхенд.

Имено Тиафое во директен дуел за вајлд карта на Ролан Гарос го исфрли Сандгрен и во Париз ќе имаме барем еден играч роден 1998 година во главниот ждреб. Откако Тиафо го победи Сандгрен и влезе во финалето, Доналдсон го загуби своето 1/2 финале од Аргуељо и со тоа Тиафо нема шанси да биде стигнат од ниту еден Американец. Инаку последните три Челенџери на земја беа борба меѓу сите американски тенисери за освојување на вајлд карта за Ролан Гарос.
Можеш да играш на турнири и да не бидеш професионалец.

Имаше една женска сега на ВТА мастерсот во Мајами (мислам) што има 16-17 години и играше како аматер на турнирот т.е. добива помалку пари од останатите.

Има причина зошто не е сеуште професионалка, нејќела да влезе во професионалци сеуште и покрај тоа што си игра по турнири. А која е причината зашто не е професионалка не знам :D
 
Тиафо лани имаше настапи на АТП турнирите во Атланта, Вашингтон и УС Опен, а пред тоа играше фјучерси. Значи и фјуерс кога играш си профеционалец, а настапот на споменатите три АТП турнира само додатно го афирмираше младиот американец. Која е таа американка во Мајами што играла? Цици Белис?
 
webe-700x325.jpg

Енди Мареј ја освои својата прва титула на земја во кариерата, победувајќи го Колшајбер со 2-1 во сетови (7-6, 5-7, 7-6). Добар почеток и на Бјоркман како тренер на Мареј, во нивната прва соработка на еден турнир, Енди успеа да освои титула.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom