Некоја надеж дава пласманот во Шпанија на младата репрезентација и тоа што ја тепале Црна Гора ама треба да се гледа на долгорочен план.
После работа отидов на утакмицата против Прилеп и останав на тренингот. На утакмицата од прв тим играа само Петковска, Митова, Стојановска, Гакидева, Кликовац, Ихнева и Черноиваненко, беше и Лејно ама она беше колку да ги советува Петковска и Николовска (ако не се лажам така се презива). Ги прегазија што ги прегазија, ја заверија титулата и теоретски. Грбиќ даде неколку гола ама ми делува многу спора некако, ги нема оние тркови. Гакидева игра многу добро, подвижен пикер е. Овие од Прилеп беа дојдени со 9 ракометарки у комбе Ко то тамо пева
, го немаше тоа дедето од лани и дебелата пикерка, им отишла у пензија изгледа
Ни доктор ни ништо немаа, ужас.
Него побиден е тренингот. Што ќе кажев, откако е дојден Питлик, имаат по 3 тренинга на ден
Да, добро прочитавте, по
3. После утакмица тренинг, не како лани после утакмица кафана. Прво, не сте свесни колку Индира делува смешно на тренингот. Со секоја почит кон неа како еден од најдобрите спортисти во земјава ама на Питлик не може да му се фати. Таа го гледа него, тој работи со Лекиќ како плеј и ги координираат ракометаркиве. Денес ја вежбаа повеќе дефанзивата и тоа пикерската позиција и десен бек (оската Цвијиќ - Булатовиќ). . Вежбаа и одбрана со четворица во случај некоја да е исклучена
Лекиќ ретко шутираше, како што кажав, додека е Питлик тука таа ќе е задолжена за разигрување и влечење на одбраната, ретко ќе се крева на шут. Јованка ќе е задолжена за бранење и фластери на Неагу колку што можев да видам. Им напоменуваше овој да остануваат смирени цело време, да не го губат фокусот, да се трпеливи. И клубов најверојатно нема тренер на голмани
затоа што Петковска, Лејно и Суслина сами се истегаа и самите се тренираа додека овие разиграваа. Чим без тренер голмансково дуо не вади цела сезона, алал да им е на Суслина и Лејно, доаѓаме до фактот кој вели дека играч професионалец е играч професионалец и ќе си ја сфати сериозно работата.
На тренингов ја немаше Тата, искрено стварно не знам што правиме со ракометаркава, дај нека ја кикнат очигледно е дека не и се игра ракомет. Ајде раус!