Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Со цела СОРОС машинерија, со цела партиска логистика задскриена зад наводна граѓанска иницијатива и со наелектризирана атмосфера од бомбите (а пази без одговор (сеуште а ќе биде скоро) од власта он успева да добие цели 450 гласови плус. Да потрошеше Жерновски 10% од времето што го троши на вакви глупости и инаетења за да изгради нешто ќе придобиеше 5.000 гласачи. Ама толку му е капацитетот на него и на цела опозиција. Што изгради во Центар во овие две години? Дали некој знае без да отвори гугл и да бара 2 саати за да најде три паркчиња и боемска улица преплатена? Најголем успех му е паркинзи каде ги вдоми членовите од партијата (нешто за што секојдневно ги обвинува другите). Тоа е реалноста.
 
Еден од доказите дека Центар не е (како) Македонија.

Целиот проект е за да се направи нешто околу тоа.

Штета што ГТЦ настрада во овој одмер, ама И денес Центар покажа завидна свест. Безразлика на вкупноста на бројките.

Браво.
 
Не знам дали смеам, но јас навистина сум разочаран од центарци, најобразованите граѓани во државава, во општина каде има најмалку иселеници да не се може да и се спротиставуваш на оваа власт, што да очекуваме од другите општини каде и нема веќе народ воопшто...
Овој референдувам не беше само за ГТЦ, барем јас така ова разбирам...
 
Нити сум од Скопје, нити знам што значи ГТЦ за старите скопјани.Али знам што значи 50 милиони евра за фасада на една ебена зграда додека во мојот град не се вложени ви 9 години владеење на оваа власти ниту еден ебан милион.Сега треба ние од внатрешноста да го браниме ГТЦ за да не ни одат парите у ветар.

Што е најинтересно да направат анкета надвор од Скопје 80% ќе бидат за промена на ГТЦ во барок. Село Новаци ќе се согласи да се потрошат 60 милиони евра за реконструкција на трговски центар дур они имаат селски пат со кал. :)

Мора да се признае дека вмровциве го работат народов како бавча.
 
Не знам дали смеам, но јас навистина сум разочаран од центарци, најобразованите граѓани во државава, во општина каде има најмалку иселеници да не се може да и се спротиставуваш на оваа власт, што да очекуваме од другите општини каде и нема веќе народ воопшто...
Овој референдувам не беше само за ГТЦ, барем јас така ова разбирам...
Да де, баш ради тоа не успеа.[DOUBLEPOST=1430080608][/DOUBLEPOST]
Што е најинтересно да направат анкета надвор од Скопје 80% ќе бидат за промена на ГТЦ во барок. Село Новаци ќе се согласи да се потрошат 60 милиони евра за реконструкција на трговски центар дур они имаат селски пат со кал. :)

Мора да се признае дека вмровциве го работат народов како бавча.
Некој рече 50 сега 60 милиони од кај ви се бројкиве? Од Рејтинг?
 
Ова со референдумот дефинитивно не им требаше, со оваа им дадоа материјал на овие што го тераат проектот скопје 2014, ќе убедуваат дека народот ги сака градбите.

Да организираш референдум во време кога си вадиш прислушкувани разговори во кои се гледа дека тие од другата страна водат евиденција за секој гласач и дека се одмаздуваат на нелојалните, испаѓа глупаво и непроценето.

Имаш избирачки список со 43500 гласачи, а целата општина има 45.000 жители, од кои 8.000 се малолетници. (не гледам како е можно општина Центар да има повеќе од 40.000 регистирани гласачи).
Овие од другата страна да би организирале референдум со кој би барале барокизирање на ГТЦ, немаше ни 25% да излезат, ама дај докажи се сега.

Со среќа нека ни е барокно ГТЦ, курир си слави:

kurir_gtc.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DB.
Јанко,Миленко,Ивона,Латас се гола вода за @Brutus .Само ради неговата макотрпна работа референдумот пропадна.После ова другарче ако не ти отворат фирма и не ти префрлат 5 милионична од проектот за ГТЦ тогаш слабо си платен.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mud
А која е логиката за локален референдум да се бара 50% излезност а за Претседател на држава да се бара 40%, тоа треба прво да се постави, ама како по обичај се залетаа дежурнтие твитер/фесјбук херои дека ќе ја урнат власта со овој референдум и не ја согледаа ни почетната предност, ниту техниките ниту методите на ДПМНЕ, во 10 години и исто толку порази не научија ништо, ама баш ништо, не научија кога треба да се гласа а кога да се бојкотира, зелени и мизерни и затоа ќе бидат опозиција барем уште 10 години.

И во право е инглориусиот што ликува, и треба, треба уште утре да почне барокната реконструкција на ГТЦ, до есен да биде готов и да им го плесне у фаца на сите т.н борци протиц режимот.

А тоа што центарот на градот се повеќе лични на нечиј лош сон, и на што би се исмевал секој архитект, тоа е веќе друга тема.
 
Јанко,Миленко,Ивона,Латас се гола вода за @Brutus .Само ради неговата макотрпна работа референдумот пропадна.После ова другарче ако не ти отворат фирма и не ти префрлат 5 милионична од проектот за ГТЦ тогаш слабо си платен.
Жерновски се инспирира и ја базира политиката на вакви ликови како тебе. Само продолжете со навреди.
 
Луѓе, што се договоривме. Само стиснете им игнор, џабе се расправате.

Sent from my GT-I9505
 
Да де, баш ради тоа не успеа.[DOUBLEPOST=1430080608][/DOUBLEPOST]
Некој рече 50 сега 60 милиони од кај ви се бројкиве? Од Рејтинг?

Е не со ситно ќе се заебаваме :misticen:

Друже за оградата на мостот кај холидеј ин се платени 3 милиони евра. За осветлување на зградата Пелистер се платени триста илјади.

Сигурно ќе биде почетна кај 15 милиони па со анекси ќе се среди работата.
 
До тогаш стиропорот сам ќе падне, ич не се секирај, само треба да се грижиме овие да не стојат на власт до тогаш...
па сите нови станбени згради се со стиропор и гипс и не ти дозволува до технички прием ни клима да поставиш на фасада ... а има и со дречливо црвени фасада.. Проблемот е друг, треба да се расчисти дека ЕДНО е задржување на првобитна состојба на објекти а ДРУГО е какви ќе им бидат фасадите... Патем дали кога се градеше ЏАМБО ги прашаа граѓаните каква да биде конструкцијата или фасадата, а исто е во центар ?
 
Сам си одговори зошто. Плус се нафати да се стави на линија на удар. Ова не беше референдум за ГТЦ, беше референдум за бомбите на СДСМ.

Лани за Пендаровски (што го поддржаа истите партии кој го поддржаа ГТЦ сега) гласале 16.452, денес за ГТЦ гласале 16.844 луѓе. Месеци врева за 400 гласа плус. Во најобразованата општина во државава. Имаме право на малку ликување, нели?
Ако ги извади Зајко џокерите за Младенов и Смилковско сево ова преку ноќ ќе се смени.

Иначе ова денес беше катастрофа. Центарци испаднаа најтешки провинцијалци во државата.
 
Ако ги извади Зајко џокерите за Младенов и Смилковско сево ова преку ноќ ќе се смени.

Иначе ова денес беше катастрофа. Центарци испаднаа најтешки провинцијалци во државата.
Се што имаше за Младенов предаде на семејството на Младенов. Зошто не објавуваат тие, тоа е друго прашање. А баш интересни работи има таму. Смилковци ќе биде насочено кон Албанците.
 
Луѓе, што се договоривме. Само стиснете им игнор, џабе се расправате.

Sent from my GT-I9505

Да моеше на филтер да ставиш одредени членови.............. овој Вемерутус прв би го ставил мајке ми. Не дека е глуп туку дека се праи глуп со сила. Што е уште потрагично.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom