leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.565
Јасно е дека медиумите се ужас, но поентата е што нема реално мерење. Отвори на Твитер и ќе видиш дека се ужасно разочарани, сите очекувале излезност од 80%, што не само што нереална, туку и невозможна. Еве и на џони му одговорив и без бојкот и мрак, секогаш имаш 20-30% минимум кои не сакаат/не можат да излезат, едноставно се незаинтересирани. Така што и на избори и референдум, ретко кога има повеќе од 50 посто. Еднаш излезноста беше 60, ама тоа се ретки случаеви.
Незадоволството расте, тоа е неоспорно, ама од друга страна едно е на ФБ и на форум кога се изразува незадоволство, зад ник. Повеќето кои така си пишуваат, пак ќе одат и ќе заокружат ВМРО-ДПМНЕ или ќе го поништат ливчето, заради тоа што треба да гласаат за пријател, роднина или можеби самите се вработени во администрација.
За привлекување на гласачи, треба многу поструктурни промени. Особено во стратегијата. Не смее никогаш да се остава на случајност. А и искрено, потребен е попис, пописот е потребен не само за гласање и за милион други анализи и статистики, ама... секогаш има ама.![]()
Ние немаме бројка на иселени лица каде со проста математика прибираш податоци од амбасадите ширум свет кои електронски добиваат податоци од општините каде се пријавува македонец. Немаме податок на бугарски пасоши. Ти велиш попис сме немале

Од ова што досега го гледавме на избори бројката на излезеност е секогаш околу 60%. Она што е застрашувачки во овој момент е што во овој вакум простор не се појави трета опција. Немаш избор не се очекува голема излезеност ни на следните избори. Имаш администрација контра народ. Администрацијата бележи бројки до речиси 50% со се јавниот сервис во земјата. Бројките се застрашувачки. Додека таа администрација не се привикне на фотељата едноставно неможеш да се надгласуваш. Бидејќи и претходната администрација од некого беше наместена па се случи придвижување. И во овој случај ќе биде истото. Оти политиката е менлива категорија денес на власт утре во Бардовци.
за привлекување гласачи треба пред се нови луѓе. Треба план и програма. Треба визија. Треба се она што моментално на мени да се искористи. Дотогаш нека се протестира за се. Секој ден. Пукаат и последните шафови. Гори се чувствува.
Твитер е филм. Претстава за луѓе кои сакаат нешто да сменат, а во исто време предизвикуваат одбивност. Нешто како џонка за вмро. Тие се тие антикампања стратегии популарни денеска. Повеќе навлекуваат бес од колку нешто корисно. На крајот на краиштата кај нас на комшијата козата уште умира. За инат!