Средношколски протести

Само во Скопје бојкотираат настава и тоа не сите учулишта. Во Битола, Охрид, Куманово во по 2 училишта и ништо повеќе.
Од каде оваа информација?? Во Битола бојкотираат во 5 средни училишта, а вкупно се 7. И после ние сме биле изманипулирани...
 
Времето ќе покаже кој бил во право. Како што стојат сега работите, овие барања се игнорирани од министерството, а веќе имам информации дека едно по едно средните школи ќе почнат со редовна настава. На крај ќе излезе како онаа народната, секое чудо за три дена.

Викаш информации имаш а? Од каде?

Само во Скопје бојкотираат настава и тоа не сите учулишта. Во Битола, Охрид, Куманово во по 2 училишта и ништо повеќе.

За другиве градој незнам ама охрид бојкотираме тие шо ќе полагаме матура. Во угостителско се изјаснија дека ќе полагаат завршен испит а не матура и затоа не бојкотираат.
 
Бе какви се овие матури бе ебати глупоста, учиш неколку години па се треба да запамтиш за една глупа матура и потоа ова да го заборавиш. Човекот треба да биде научен како да мисли и да бара информација за да си сврши дадена работа, а не да учи напамет формули и слично.
 
Не, не, не. Примаш информации од погрешни извори.

Проблемот е во тоа што кај нас чудово трае 9 г., а не 3 дена. Но чудото ќе стане реалност кога сериозни луѓе ќе седнат во оваа влада и конечно ќе се заложат да ги решат проблемите на народот. Тоа не мора да значи дека е потребна друга власт. И оваа власт има се што е потребно, само не сака (или не знае како).

Околу овој проблем. Лудост е да се мисли оптимистички, покрај ваков министер. Затоа и нивните барања сега за сега се утопија (како што реков), а времето како лек ќе докаже дали тие се издржани или не (како што рече ти).

Дали 2 негации даваат афирмација? Дали вандализмот е анархизам? Дали сочувството денес претставува грев?....многу прашања, одговори нема. Се надевам дека ми ја сфаќаш поентата.;)

п.с. Облечи нешто подебело. На Емирати моменталната температура изнесува -10С. Ама ако има дополнителен пад на температурата, ќе бидам загрижен за сите навивачи на Арсенал. :P[DOUBLEPOST=1430009223][/DOUBLEPOST]
Само во Скопје бојкотираат настава и тоа не сите учулишта. Во Битола, Охрид, Куманово во по 2 училишта и ништо повеќе.
А Тетово и Струмица!? Или тоа не се градови?!
И од каде ти се овие информации? Дај линк.
 
Последно уредено:
Таа математика вода да ја однесе.
Срамота е шо 4/5, ај да се изразам со проценти пошто слабо со дропки стојат most people - 80 посто, од луѓето не знаат да решат едноставна задача како 1+1x2+3x1. :)

Треба ли да има екстерно? Треба.
Треба ли да го спроведува државата? Апсолутно не.

Али проблем е математика, треба да седнеш да помислиш малце, затоа ќе си учам историја и ќе набубам години до бескрај. :D
 
За работа на производна лента у индустриска зона не треба математика.
 
Таа математика вода да ја однесе.
Срамота е шо 4/5, ај да се изразам со проценти пошто слабо со дропки стојат most people - 80 посто, од луѓето не знаат да решат едноставна задача како 1+1x2+3x1. :)

Треба ли да има екстерно? Треба.
Треба ли да го спроведува државата? Апсолутно не.

Али проблем е математика, треба да седнеш да помислиш малце, затоа ќе си учам историја и ќе набубам години до бескрај. :D
И за да научат потребна е задолжителна математика на матура за сите смерови?

Значи треба во основно училиште да се вработи поквалитетен кадар кој уште во второ и трето одделение ќе ги научи децата на основните работи од математиката.
 
Во Хрватска, математика , мајчин јазик и втор странски јазик се обавезни на државна матура,плус изборни!
Полагаат сите што учат гимназија,а оние што учат стручни училишта само ако одат на факултет!
Па не протестираат по улици.
 
Кога веќе се одлучи да споредуваш друг модел на образование, како и менталниот склоп на двете држави, земи ја во предвид и изјавата на министерот за образование на Хрватска, кој при напуштањето на Болоњскиот систем на образование рече дека ниедна држава не може така просто да копира друга бидејќи секоја држава и своето население е различна и дека тие треба да ги адаптираат образовните услови на сопствените потреби, а не да ги базираат на туѓи држави со туѓо население.
 
И според тебе населението во Македонија е неписмено и не може да положи Математика?
 
И според тебе населението во Македонија е неписмено и не може да положи Математика?
Грубо е да кажеш дека населението е неписмено, но факт е дека преголем проблем претставува тоа што постојат неписмени професори кои нема доволно да ги образоваат своите ученици (без разлика дали имало матура или не). Кога ќе ја додадеш матурата на тоа, автоматски се ствара раслојување на учениците низ државата бидејќи предност ќе имаат оние на кои им се паднале добри професори. И сега тебе поради тоа што ти се паднал лош професор, ќе ти биде неовозможено да влезеш во државна квота на факултет кој нема допирна точка со математика. Хрватите не се бунат бидејќи образовниот систем им е далеку поквалитетен од нашиот. Нашиот е едноставно премногу корумпиран и врскаџиски, професори кои не знаат ништо се вработуваат поради тоа што имаат човек на правото место, ученици кои се дел од младината на владеачките партии се повикуваат на истото и без учење добиваат оценки (жив сведок сум на двата случаи). Такада без разлика дали треба или не треба, нашето образование моментално е башибозук за ваква реформа да може да направи некакво подобрување. Не само што не ќе направи подобрување, туку може само и само да им наштети на учениците.
 
Само во Скопје бојкотираат настава и тоа не сите учулишта. Во Битола, Охрид, Куманово во по 2 училишта и ништо повеќе.
Охрид - гимназија, економско и медицинските паралелки и делумно од ЕМУЦ, само угостителите се ладат.Битола се 5 училишта - две гимназии, Економско, Медицинско, Техничко, музичкото не знам дали се.Куманово се 4 означени, Струмица 3, Тетово 3, Велес...делумно во Гостивар, Струга (најголемото по број на ученици во Македонија), Ресен, Кичево, Кавадарци, Неготино... а протести замисли имаше и во помалите места - Делчево, Дебар, Виница, Крушево, Македонски Брод!
 
Последно уредено:
Лесно е да обвинуваме, ама верувај дека сека наставниците се далеку подобри од оние кои ги имав јас пред 10-тина години, посебно математика има стварно добри кадри. И точно, понеписмени сме од Хрватите, затоа што не мрзи да учиме. И јас во петто имав наставник кој имаше завршено ОТП, ама тоа не ме спречуваче да одам на државни натпревари по математика. Иако не можам да се пожалам, сум имал 4-5 одлични наставници, ама со истите тие наставници некои добиваа кецови, некои петки... едноставно не сакаш да го замараш мозокот. Точно, има влијание професорот, ама тоа е 5-10%, остатокот е до тебе. Претходно напишав, Математика е најлесен предмет, се учи само со решавање на домашни и мали повторувања пред писмени работи. Ама домашните треба да почнеш да ги решаваш од прво одделение, не да ти текне во 4-та средно. Има повеќе фактори кои влијаат, што е до мене мислам дека е семејството најголем виновник за тоа што сме слаби математичари. Какви се не наставници сум имал, тоа не ми е оправдување да бидам слаб ученик.
 
Не ги споредувам системите,но ако можат нивните деца да полагаат три обавезни предмети за матура,нашите деца не се ништо поглупави .
Во Хрватска има корумпирани професори ,имаше и голема полициска акција.А ако некому се паднал лош професор ,а јас сум родител, ке платам приватен професор ,а ако немам пари има на интернет бесплатни програми за учење и вежбање математика.
Да се протестира поради математика е глупост невидена,да се бара стариот модел исто така ,зошто и тој не беше успешен.
Во средно имав една година математика,на факултет исто и цел живот сум осакатена со знаење мат,заради тој систем што сега го бараат назад,зошто бил многу подобар.
 
Какви се не наставници сум имал, тоа не ми е оправдување да бидам слаб ученик.
Шо им фалеше бе на твоите наставници? :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom