Од каде оваа информација?? Во Битола бојкотираат во 5 средни училишта, а вкупно се 7. И после ние сме биле изманипулирани...Само во Скопје бојкотираат настава и тоа не сите учулишта. Во Битола, Охрид, Куманово во по 2 училишта и ништо повеќе.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Од каде оваа информација?? Во Битола бојкотираат во 5 средни училишта, а вкупно се 7. И после ние сме биле изманипулирани...Само во Скопје бојкотираат настава и тоа не сите учулишта. Во Битола, Охрид, Куманово во по 2 училишта и ништо повеќе.
Времето ќе покаже кој бил во право. Како што стојат сега работите, овие барања се игнорирани од министерството, а веќе имам информации дека едно по едно средните школи ќе почнат со редовна настава. На крај ќе излезе како онаа народната, секое чудо за три дена.
Само во Скопје бојкотираат настава и тоа не сите учулишта. Во Битола, Охрид, Куманово во по 2 училишта и ништо повеќе.
Не, не, не. Примаш информации од погрешни извори.....
А Тетово и Струмица!? Или тоа не се градови?!Само во Скопје бојкотираат настава и тоа не сите учулишта. Во Битола, Охрид, Куманово во по 2 училишта и ништо повеќе.
И за да научат потребна е задолжителна математика на матура за сите смерови?Таа математика вода да ја однесе.
Срамота е шо 4/5, ај да се изразам со проценти пошто слабо со дропки стојат most people - 80 посто, од луѓето не знаат да решат едноставна задача како 1+1x2+3x1.
Треба ли да има екстерно? Треба.
Треба ли да го спроведува државата? Апсолутно не.
Али проблем е математика, треба да седнеш да помислиш малце, затоа ќе си учам историја и ќе набубам години до бескрај.![]()
Кога веќе се одлучи да споредуваш друг модел на образование, како и менталниот склоп на двете држави, земи ја во предвид и изјавата на министерот за образование на Хрватска, кој при напуштањето на Болоњскиот систем на образование рече дека ниедна држава не може така просто да копира друга бидејќи секоја држава и своето население е различна и дека тие треба да ги адаптираат образовните услови на сопствените потреби, а не да ги базираат на туѓи држави со туѓо население.Во Хрватска, математика , мајчин јазик и втор странски јазик се обавезни на државна матура,плус изборни!
Полагаат сите што учат гимназија,а оние што учат стручни училишта само ако одат на факултет!
Па не протестираат по улици.
И според тебе населението во Македонија е неписмено и не може да положи Математика?Кога веќе се одлучи да споредуваш друг модел на образование, како и менталниот склоп на двете држави, земи ја во предвид и изјавата на министерот за образование на Хрватска, кој при напуштањето на Болоњскиот систем на образование рече дека ниедна држава не може така просто да копира друга бидејќи секоја држава и своето население е различна и дека тие треба да ги адаптираат образовните услови на сопствените потреби, а не да ги базираат на туѓи држави со туѓо население.
Грубо е да кажеш дека населението е неписмено, но факт е дека преголем проблем претставува тоа што постојат неписмени професори кои нема доволно да ги образоваат своите ученици (без разлика дали имало матура или не). Кога ќе ја додадеш матурата на тоа, автоматски се ствара раслојување на учениците низ државата бидејќи предност ќе имаат оние на кои им се паднале добри професори. И сега тебе поради тоа што ти се паднал лош професор, ќе ти биде неовозможено да влезеш во државна квота на факултет кој нема допирна точка со математика. Хрватите не се бунат бидејќи образовниот систем им е далеку поквалитетен од нашиот. Нашиот е едноставно премногу корумпиран и врскаџиски, професори кои не знаат ништо се вработуваат поради тоа што имаат човек на правото место, ученици кои се дел од младината на владеачките партии се повикуваат на истото и без учење добиваат оценки (жив сведок сум на двата случаи). Такада без разлика дали треба или не треба, нашето образование моментално е башибозук за ваква реформа да може да направи некакво подобрување. Не само што не ќе направи подобрување, туку може само и само да им наштети на учениците.И според тебе населението во Македонија е неписмено и не може да положи Математика?
Охрид - гимназија, економско и медицинските паралелки и делумно од ЕМУЦ, само угостителите се ладат.Битола се 5 училишта - две гимназии, Економско, Медицинско, Техничко, музичкото не знам дали се.Куманово се 4 означени, Струмица 3, Тетово 3, Велес...делумно во Гостивар, Струга (најголемото по број на ученици во Македонија), Ресен, Кичево, Кавадарци, Неготино... а протести замисли имаше и во помалите места - Делчево, Дебар, Виница, Крушево, Македонски Брод!Само во Скопје бојкотираат настава и тоа не сите учулишта. Во Битола, Охрид, Куманово во по 2 училишта и ништо повеќе.
Лесно е да обвинуваме, ама верувај дека сека наставниците се далеку подобри од оние кои ги имав јас пред 10-тина години, посебно математика има стварно добри кадри. И точно, понеписмени сме од Хрватите, затоа што не мрзи да учиме. И јас во петто имав наставник кој имаше завршено ОТП, ама тоа не ме спречуваче да одам на државни натпревари по математика. Иако не можам да се пожалам, сум имал 4-5 одлични наставници, ама со истите тие наставници некои добиваа кецови, некои петки... едноставно не сакаш да го замараш мозокот. Точно, има влијание професорот, ама тоа е 5-10%, остатокот е до тебе. Претходно напишав, Математика е најлесен предмет, се учи само со решавање на домашни и мали повторувања пред писмени работи. Ама домашните треба да почнеш да ги решаваш од прво одделение, не да ти текне во 4-та средно. Има повеќе фактори кои влијаат, што е до мене мислам дека е семејството најголем виновник за тоа што сме слаби математичари. Какви се не наставници сум имал, тоа не ми е оправдување да бидам слаб ученик.
Шо им фалеше бе на твоите наставници?Какви се не наставници сум имал, тоа не ми е оправдување да бидам слаб ученик.