Кога сте се извишиле најмногу и кога сте престанале со растење?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hulse
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 октомври 2012
Мислења
815
Поени од реакции
511
Јас сум моментално 179цм на 17 години и 8 месеци. Најмногу имам пораснато помеѓу 7 одд и прва година, добри 10цм во период од година и пол. Се надевам дека сеуште не сум завршен со растов, сакам барем до 183цм да стигнам :semolam:, бидејќи имам читано дека многу луѓе растат до 19-22 години по некој сантим плус. За разлика од многу мои врсници, имам доста помалце влакна на телото и лицето (освен нозете), и се надевам дека тоа е некаков индикатор дека ќе пораснам уште малце. Темава ја отворив за да добијам малце надеж (или да ја изгубам целосно), но и чисто информативно, како се споредуваме со останатиот дел од светот. Ако е ставена во погрешен подфорум, слободно нека се премести.
 
А да прашаш или размислиш какви се твоите во фамилија. Ако фамилијата нема високи не очекувај да ти бидеш различен. Ако има тогаш само „живеј здраво“ и биди задоволен сам со себе што и да биде...
 
Пред 10 месеци бев околу 165 см висок а сега сум 171-172 значи ја за тие 10 месеци сум пораснал 6-7см
Се надевам дека мојата висина кога ќе престанам да растам да биде околу 180-183см
 
Негде 6-8 одд. растев најмногу, кога почнав прва средно на 14 год. мислам дека бев негде 175cm, се успори после и после едно 2 - 2 и пол години престанав, негде на 17 години, на 179-180cm.
Мене висинава ми е sweet spot, нити премногу висок нити низок, таман.
 
Можеш да земеш стероиди за растење но ќе си го уништиш здравјето.

Не се замарајте многу со раст многу побитно е што имаш во главата.
Нашево диктаторче е високо 165 сантими па игра кур-ташак со сите нас.
 
Во прва година средно бев 170см, од тогаш за 7год само 2 см сум пораснал. Ниски се и моите родители, дури и повисок сум од нив.
 
Најмногу се извишив периодот 7мо до прва година од 164 на 169, моментално сум 170 и толко ќе си останам. Биди задоволен со твојата висина.
 
Ал Пачино е 1.70 па не гледам дека некој со 1.90 би можел да ги засени неговите актерски/човечки квалитети. :)
 
Јас сум 183цм на 17 години и 8 месеци, исто.Исто така,најмногу се извишив од седмо-осмо до прва, некако наеднаш ми дојде.Кај мене во фамилија па, сите се пониски од мене,така да не верувам дека ќе растам уште.
 
Јас сум моментално 179цм на 17 години и 8 месеци. Најмногу имам пораснато помеѓу 7 одд и прва година, добри 10цм во период од година и пол. Се надевам дека сеуште не сум завршен со растов, сакам барем до 183цм да стигнам :semolam:, бидејќи имам читано дека многу луѓе растат до 19-22 години по некој сантим плус. За разлика од многу мои врсници, имам доста помалце влакна на телото и лицето (освен нозете), и се надевам дека тоа е некаков индикатор дека ќе пораснам уште малце. Темава ја отворив за да добијам малце надеж (или да ја изгубам целосно), но и чисто информативно, како се споредуваме со останатиот дел од светот. Ако е ставена во погрешен подфорум, слободно нека се премести.
И јас имам влакна на нозете ама мислам дека не е некој важен индикатор за раст. И јас имам влакна на нозете а не многу на телото па сум само околу 146 цм а сум втора година :D .
 
И јас најмногу пораснав во 7 одд, после тоа ни см повеќе. А што се однесува до влакна на телото, таму сум со заостанат раст. :LOL:
Еве по мене ти кажувам дека тоа не е некој важен индикатор за раст. Се е до гените.

И радувај се да имаш доста помалце влакна на телото, друго да расте тоа не мора. :D
 
Последно уредено:
Јас најмногу заостанав од пријателиве во извишување. Сите пораснаа во 7 мо, 8 мо и 1 средно, а јас останав недоразвиено дете се до 3 година и многу имав мака со тоа дури и кошмари да не речам. Си велев, сите они се големи, имаат тело, девојки си фатија, јас уште сум дете... Е тоа лето, меѓу 2 и 3 средно, бев 167 цм висок и 70 кила. Не знам од што беше, дали тоа дека по препорака на биолог почнав да јадам многу риба и да јадам многу овошје и да пијам обавезно по литро јогурт на 2 дена и по 2 чаши козјо млеко, јас за само 6 месеци од 167 стапнав на 184 цм, и ден денес сум си со таа висина после 5 години. Сите се почудија како беше можно ова, докторот рече дека МОЖНО е и не е чудно, само не е вообичаено. Е, како последица на тоа, кожата ми е прераспукана од стрии, пред се на рамињата, препоните и грбот. Задникот и нозете останаа чисти за среќа. Постапно со растењето, за година дена и нафрлив 20 кила плус, значи 184 со 90 кила. И сеа сум си таман маж.
 
Во прва средно бев 171, средината на втора 193. Ете уште толку сум.
 
Крајот на прва средно на систематски бев 163цм со 44 кила :ROFLMAO:, 6 години поминаа од тогаш сега сум 182 со 85
Ако ти било пишано да извишиш ќе извишиш.. Ич да не те боли. Гледај во други работи подобри се
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom