Прашањето со рибите е тука да направи една аналогија, и да иницира контемплација.
Луѓето во основа секогаш ги бараат проблемите и решенијата за проблемите надвор од самите себе......што би рекол Алан Ватс има табу на темата спознавање на самиот себе, на својата природа и што е уствари битието.
Не е очигледно затоа што не е очигледно и знаењето на луѓето за тоа кои се тие. Целава оваа игра на зборови зависи од перцепцијата на зборот Бог. Сепак постои една дефиниција која е секогаш доволна до негде во дефинирањето, заради тоа што Бог е уствари креаторот на се што постои. Од тука и се што постои е Бог. Како тогаш не е очигледно спознавањето на луѓето дека се уствари богови во смисла на функционирањето на холограмите?
Очигледно ќе биде присуството на Бог само ако Бог се види самиот преку очите на тој за кого е наменета таа очигледност.....парадоксално малку, ама таков е универзумов.
Една цела религија, филозофија, наука, историја ја изедначи со семантика. Колај работа ако единствената улога на овие поими бог, религија, вистина, духовност беа само обично дефинирање и семантика, немаше да има потреба од еден цел аспект на живеењето, ама за жал има луѓе кои тврдат поинаку, дека овие поими имаат повеќе вредност и затоа според мене заслужуваат поголема скрупула.
Неврзан со претходно прифатени правила, имаше отворено поле за маневрирање за да го оправдаш и одговориш ова прашање, ама сепак ти пак мораше да направиш неколку претпоставки за сепак да го одговориш.
Од каде изникна таа дефиниција, баш тука ми е прашањето, во твојот систем земаш како основа, прифаќаш некои тврдења без некоја посебна причина, некои тие првични хипотези ги прифаќаат заради индоктринација, некои заради некритичност, некои затоа што така им се поклопиле коцкичките и тоа во моментот им се видело логично, некои заради нешто што читале и ги убедило, значи различни фактори кои влијаат на најосновното нешто. И не, тука не можеш да се повикуваш на индивидуални концепти и очи.
Моето прашање е на најосновното ниво на разбирање на духовноста или религијата, како го објаснуваш фактот што овие работи кои ги кажуваш, а се основа за понатамошно разбирање, барање, потрага и прифаќање на религијата или сетот на духовност НЕ СЕ нулта хипотеза, познати, јасно, гласно и очигледно, туку мора и тие некритично да се прифатат прво, па после да се трага по тоа нештото?[DOUBLEPOST=1429385866][/DOUBLEPOST]
Затоа што проблемот лежи во тебе.Христијанството денеска има 2 милијарди верници а тебе тие докази не ти се доволни да те убедат,а за 2 милијарди се.. што викаш за тоа ?
Тие 2 милијарди прифатиле некои претпоставки и тези заради различни причини, некои заради индоктринација, така биле порастени, некои заради некритичност, немале пристап до спротивставени и критични мислења, некои заради слепа верба, некои заради калкулации и слично.
Ете тука пак се враќаме на основното прашање, зошто овие основни докази не се доволно силни и очигледни за сите да ги прифатат? Зошто ако Господ толку се трудел да биде убедлив за сите тоа не го направил со поубедливи начини кои нема да оставаат простор за скептицизам и недоверба?[DOUBLEPOST=1429386009][/DOUBLEPOST]
Јас би го преформулирал прашањево - Зошто некој друг да ми кажува што се гледа со духовнмите очи, ако секој од нас ги има
Јас уште малку би го преформулирал. Зошто тој концепт за духовни очи и потребата од потрага и барање како основа не е очигледно познат? Туку мора прво некритично да прифатиме дека заисто имаме духовни очи и заисто треба во животот да трагаме по духовност?[DOUBLEPOST=1429386165][/DOUBLEPOST]
Момак, ај прво расчисти со самиот себе: на форумов си вклучен за да научиш нешто или за да се надмудруваш со нас, кои сме „средновековни„?
Не наведов никакви свои/мои натприродни способности, туку го наведов единствениот услов за прифаќање на Божјите вистини, а тоа е отворањето на умот кон истите, после кое следи и преумувањето т.е. „метанојата„ на умот од трагачот.
Патем кажано, никој жив не поверувал во Бога без да Го бара, а потрагата по Бога е личен гест: кој бара, тој и наоѓа. Верувањето во Бога не се случува ако истото не му дојде „од озгора„, од Небесата.
Да, за да научам нешто и можеби затоа што имам чудна смисла за слободно време.
Како и да е, пак имаш неколку тврдења и претпоставки кои си ги прифатил и ги предочуваш без да понудиш доказ за нивната релевантност и точност.
Пак истото прашање.