Зошто на рибите океанот не им е толку очигледен?
Ова не дава одговор на првичното прашања, всушност оттука и произлегува прашањето.
Перцепирањето на океанот од страна на рибите не им игра улога во ништо, така да ова не е валидна споредба. Ако, не само овој живот, туку и целата вечност буквално ни зависи од една одлука, зошто не е очигледна, туку е оставена како приказна?
Знам дека не настапуваш од аспект на некоја од религииве, затоа во друга насока малку ќе отидам. Ако океанот, знаењето за океанот, перцепцијата на океанот, според тебе и твојот систем на верување, треба да ни значи нешто во нашиот живот, како дојде до тоа спознание, и тоа дека воопшто треба нешто да ни значи? СЕГА, зошто тоа спознание не е очигледно?
Интересна мисла...
На оваа, ќе го надоврзам црковниот став: дека целата природа е „отворена книга за Бога„, односно створениот Свет е посреден доказ за постоењето на неговиот Творец. Затоа на рибите не им е толку очигледен океанот, како што на луѓето не им е очигледна створеноста на Светот и животот.
Патем кажано, ни Адам не Го гледал Бога, оти Он и во Рајот беше невидлив па како да биде видлив за огревовениот човек, кој при очи не гледа и при уши не слуша?
Видливоста Божја датира од пред 2000г., со овоплотувањето на Синот Божји Единороден.
Ова што го пишуваш не одговара на прашањето, туку само го продлабочува.
Ако овие работи треба да се основа на нашата верба, зошто еден таков моќен творец на се и сешто, ги предал само како обични приказни, толку штуро и неубедливо?
Зошто овие тврдења, кои лесно може да се отфрлат како неосновани приказни, не се очигледно и недвосмислено познати? Па после врз нив да си ја градиме вербата, туку мора слепо да се земат како темел без никаква основа.