Зошто постоењето на Господ не е очигледно?

Член од
20 јануари 2008
Мислења
461
Поени од реакции
461
Учењето од Црквата веќе е апсолутна вистина, која ни е откриена од Апсолутот. Прашањето е, дали ја прифаќаш или појќе сакаш да се надмудруваш со верните.
Воопшто нема никаков показател дека тоа е така. Според моето гледиште тоа се само обични приказни од обични луѓе.
Зошто Господ не се потрудил таа апсолутна вистина, да биде навистина апсолутно пренесена?
Ајде кажи ни го рецептот за тоа како ти лично остануваш неиндоктриниран.
Обично изложување на контра аргуентите и капка свест и способност за критичко размислување доведуваат до разнишување на верувањето. Зошто е воопшто возможно да се даваат контрааргументи на таква апсолутна вистина?

И дали си свесен дека ти ми одговараш давајќи ми аргументи кои ИСТО СЕ ПРЕДМЕТ на дискусија? Зошто барем тие познавања за самата суштина на религијата не се дадени апсолутно, туку се обични приказни кои мора да се земат преку слепо верување?

Значи прво слепо морам да прифатам едно чудо на тврдења, па после уште толку аргументи за кои не само што нема никаков доказ во приход на нив, туку напротив, има многу спротивни докази, недостатоци и контрадикторности.

Пак прашањето постои, зошто овие работи кои ми ги кажуваш не се очигледно познати?
Според мене, тоа е затоа што целата религија и сите други религии се плод на човековиот ум.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Тоа е следното прашање кое следува. Каква селекција се прави со таков филтер?

Таквото верување изискува и е резултат на индоктринација, отсуство на критични способности, неизложеност на критики и контра аргументи или е чиста слепа верба.

Дали си свесен дека јас за да го земам твојот аргумент за релевантен, треба слепо да го земам за вистина овој цитат? Јас не знам ни кој го напишал, за мене е само обичен цитат од обичен човек.
Се прави селекција за влез на чисти луѓе во света заедница со Господ. Начинот на живот во заедница со Господ е посебен и не може некој нечист дух да влезе и да ја сквернави таа заедница. Затоа има и начин на живот кој те доближува до Бога. Логички спотивниот начин на живот те одалечува од Бога те затемнува.

Не е слепа верба затоа што ти кажав како растеш духовно ти повеќе се освестуваш за вистината и за делувањето на одредени благодати од Бога. Значи тој што е нечист во духот, умот не може тоа да го спознае ако претходно не ги очисти телото и духот. За да ги очистиш телото и духот предвидени се одредени денови за пост и молитва преку кои темната енергија или нечистотија од телото и духот ги истеруваш. Истот така со присуство на света литургија се осветуваш затоа што се чита светото писмо кое е живо слово, и на крја доаѓа света причест каде се исполнува светата тајна преку виното/ крвта и лебот/телото на Господ кое ги примаш во себе и бидејќи Господ е чист и свет те осветлува и те чисти од умот, телото и духот.

Сето ова можеш да го осетиш и почуствуваш ако го примениш на дело.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
461
Поени од реакции
461
Се прави селекција за влез на чисти луѓе во света заедница со Господ. Начинот на живот во заедница со Господ е посебен и не може некој нечист дух да влезе и да ја сквернави таа заедница. Затоа има и начин на живот кој те доближува до Бога. Логички спотивниот начин на живот те одалечува од Бога те затемнува.
Е не се прави селекција на чисти луѓе. Со овој начин на верување се прави селекција на лекоумни, наивни, неизложени на критика, луѓе кои слепо веруваат без разлика на чистината на нивниот дух, или пак дури и лукави, калкуланти, заведувачи.
Значи ваквиот вид на верување не прави ама баш никаква селекција за тоа колку е некој човек добар, поштен. Ако беше така сите криминалци и затвореници нема да веруваа, додека сите поштени луѓе ќе веруваа. Ама гледаме дека не е така, верувањето нема врска со чистота на духот, туку со тоа како се погодило образованието, на какво размислување си бил изложен, што си прочитал, и слично.

А вториот дел од одговорот се тврдења кои тука ми ги претставуваш како неприкосновена вистина, и врз нив треба да се темели мојата потрага по верата, ама всушност се само обични приказни од обични луѓе, со недостатоци и контрадикторности.

Прашањето уште постои, ако ова што го кажуваш, дека преку постење и молитви треба да го барам бог, зошто тоа не е очигледна и неприкосновена вистина, туку е само една верзија од некоја приказна?
 
Значи ти кажав дека на дело можеш да се увериш преку заповедите. Ама ти не сакаш да пробаш и како ќе ја споредиш разликата?
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
461
Поени од реакции
461
@840223 ти се потруди да го најдеш Господ ?
Да, еве и сега го барам. Буквално ги ставам моите дилеми на предизвик, ги повикувам да ми кажат што не е во ред со мојот став, зарем има подобар начин за барање на вистината.
Ако постои бог и ако сака да ми се открие, и ако е тој бог од книгите, можеби ќе испрати добар аргумент.[DOUBLEPOST=1429286246][/DOUBLEPOST]
Значи ти кажав дека на дело можеш да се увериш преку заповедите. Ама ти не сакаш да пробаш и како ќе ја споредиш разликата?
Што да пробам? Ти ми велиш пост, молитви и причест, друг некој ми вели друго, трет трето.
Значи моите дилеми се далеку пред пробувањето, јас воопшто се сомневам во самата суштина и потекло на религиите.
Прашањето пак постои, зошто начинот на барање на бог не е неприкосновена, очигледна вистина?
 
Последно уредено:
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Да, еве и сега го барам. Буквално ги ставам моите дилеми на предизвик, ги повикувам да ми кажат што не е во ред со мојот став, зарем има подобар начин за барање на вистината.
Ако постои бог и ако сака да ми се открие, и ако е тој бог од книгите, можеби ќе испрати добар аргумент.
Пa еве ние тo сведoчиме и ти пaк се прoтивиш a не преземaш дa испрoбaш нa делo. Јaс мoжaм дa ти пoсведoчaм декa oткaкo јa прaктикувaм мoлитвaтa не сум oсетил депресијa, зa рaзликa дoдекa бев среднo, или дoдекa бев вo вoјскa oсеќaв тaгa и пoсле тoa слични емoции. Знaчи се уверив декa преку мoлитвaтa привикувaм дух кoј имa љубoв, и тoa ми кaжувa декa ние луѓетo сме ствoрени дa живееме сo тaквa енњргијa и вo зaедницa сo Бoгa кoј е љубoв.
 
Кому да се молам, како да се молам? Има илјадници различни, дури и спротивставени вакви предлози.
Зошто овие препораки не се универзална и очигледна вистина?
А што се однесува до твојата депресија има дузина научни објаснувања и механизми зошто би се случило тоа, и никој не вклучува потреба од постоење на бог, можеби е само прифаќање на проблемите, намалување на границата за стрес, опуштање, замижување на негативностите и проблемите и принудување на позитивни гледишта, сите овие се легитимни објаснувања и не го вклучуваат бог.
 
Имаш според православниот начин.

Молитвата – лек против негативно размислување

Професорот Слезин успеал да ја измери моќта на молитвата и востановил дека кај монахот кој се моли потполно е исклучена мозочната кора, што е забележано само кај децата на возраст до три месеци кои се сигурни во близина на својата мајка. Како што растат луѓето, чувството на сигурност се повеќе се намалува, а се зголемува мозочната активност. Активноста се смалува единствено за време на длабок сон и молитва, а тоа добро влијае на луѓето.

Молитвата е моќен лек не само за регулирање на сите процеси во човечкиот организам, туку ја обновува и уништената структура на свеста, тврди Валери Слезин, директор на Лабораторијата за невропсихофизиологија на Институтот за истражување и развој на психоневрологија во Санкт Петерсбург.

Повеќето болести се предизвикани од негативни ситуации и умно потенцирани проблеми кои за време на молитвата се повлекуваат или дури потполно исчезнуваат. Научниците докажале дека по мисата и другите верски обреди се нормализира крвниот притисок и другите вредности измерени во крвта.

Наводно е докажано дека и звукот на ѕвоната ги убива вирусите, а светата вода ги менува своите својства на излекување зависно од степенот на верување на верниците што всушност е само додадок на теооријата за „помнење на водата“.

http://denesen.mk/web/?p=118894

за молитвата

http://www.svetosavlje.org/molitve/index.php
 
Т

Триптико

Гостин
Како само во Русија наоѓаат/мерат натприродни сили по тоа лабораториите?
Ако паѓа метеор, мора да падне во Америка. НЛО мора да има над Лондон... Ах тој Холивуд...
 
Прво овие тврдења се чисти глупости и не се ни докажани ни ништо, туку така се напишани и препишани. Без разлика, не се ни предмет сега за дискусија.
Прашањето сѐ уште постои, зошто овие препораки, насоки за барањето на Бог не се очигледно недвосмислено познати, туку еве треба да си ги оправдуваат преку разни испитувања, па дури и да лажат и лажно да претставуваат истражувања само за да си го оправдаат гледиштето?
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Како само во Русија наоѓаат/мерат натприродни сили по тоа лабораториите?
Ако паѓа метеор, мора да падне во Америка. НЛО мора да има над Лондон... Ах тој Холивуд...
Еве ти и од друг извор тестирано за молитвата.

http://www.spiritualresearchfoundation.org/mk/molitva-pred-jadenje

Само што они си ја применуваат нивната молитва, а ние православните нашата молитва која е дадена од Бога преку Црквата. Но трстирањето го докажува дека не е исто оброк без молитрва и да јадеш оброк со каќана молитва пред и после.[DOUBLEPOST=1429288905][/DOUBLEPOST]
Прво овие тврдења се чисти глупости и не се ни докажани ни ништо, туку така се напишани и препишани. Без разлика, не се ни предмет сега за дискусија.
Прашањето сѐ уште постои, зошто овие препораки, насоки за барањето на Бог не се очигледно недвосмислено познати, туку еве треба да си ги оправдуваат преку разни испитувања, па дури и да лажат и лажно да претставуваат истражувања само за да си го оправдаат гледиштето?
Тоа е тоа, да не иде во недоглед дебатата. п отвоја воља и верба прави како што мислиш.
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Да, еве и сега го барам. Буквално ги ставам моите дилеми на предизвик, ги повикувам да ми кажат што не е во ред со мојот став, зарем има подобар начин за барање на вистината.
Ако постои бог и ако сака да ми се открие, и ако е тој бог од книгите, можеби ќе испрати добар аргумент.[DOUBLEPOST=1429286246][/DOUBLEPOST]
Што да пробам? Ти ми велиш пост, молитви и причест, друг некој ми вели друго, трет трето.
Значи моите дилеми се далеку пред пробувањето, јас воопшто се сомневам во самата суштина и потекло на религиите.
Прашањето пак постои, зошто начинот на барање на бог не е неприкосновена, очигледна вистина?
Мислам дека ги згреши времињата.Го барам не е исто што и ГО БАРАВ.Да го бараше искрено,немаше да имаш сомнежи толку големи за да отвориш тема на Кајгана и да прашуваш кај е.Ти гарантирам дека оваа тема како доказ на твојот сомнеж е една од твоите цврсти пречки кон твоето тражeње на Него.Друго,бидејќи гледам не ја познаваш Библијата а го тражиш, тогаш да те известам дека таму пишува ,,Приближете му се на Бог и Он ќе ви се приближи вас''.Јас не те познавам тебе,но ако искрено го тражиш а во меѓу време лажеш,крадеш,клеветиш,колнеш,блудосуваш и правиш било какво друго зло односно грев против истиот тој Бог така нема никогаш да го најдеш.Ако ме прашаш зошто,затоа што човекот неможе да опстои во Божјото присуство,и во Неговата близина неможе грешното и распадливото да опстане.Со други зборови има една теолошка изрека која вели ,,Бог е свет и тој не иде таму каде што има џубре''.Ова ''џубре'' се гревовите и престапите што ги носиме сите ние во себе против Бог.За наше благодарение а Негова слава,Господ Исус Христос е тој што ги простува гревовите(ако искрено ги покаеме и исповедаме) и да побараме прошка за истите и Он може да не однесе до Бог(Никој не доаѓа при Отецот освен преку Мене).Така да,од моја слободна проценка ти не си се исповедал и не си побараш прошка за твоите престапи а го бараш Бог.Тоа е исто како да отидеш во Фукушима без заштитно одело и да се чудиш зошто ќе умреш од радијација,само што во случајов нема да умреш туку нема да го најдеш Бог.Слободно испринтај го текстов што ти го пишав и покажи му го на некој свештеник да го прочита и увери се дека сум во право.Само пак,темава како писмен доказ за твојот сомнеж во постоењето на Бог.... тешко дека ќе го најдеш.. (прашај го свештеникот и за ова мое мислење,и за ова сум во право).
И уште нешто,Бог ти зборува на различни начини,но најмногу преку Библијата во која се Неговите зборови,а ти размисли дали си имал време или дали си сакал да го слушаш.
 
Последно уредено:
Член од
20 јануари 2008
Мислења
461
Поени од реакции
461
Мислам дека ги згреши времињата.Го барам не е исто што и ГО БАРАВ.Да го бараше искрено,немаше да имаш сомнежи толку големи за да отвориш тема на Кајгана и да прашуваш кај е.Ти гарантирам дека оваа тема како доказ на твојот сомнеж е една од твоите цврсти пречки кон твоето тражeње на Него.Друго,бидејќи гледам не ја познаваш Библијата а го тражиш тогаш да те известам дека таму пишува ,,Приближете му се на Бог и Он ќе ви се приближи вас''.Јас не те познавам тебе,но ако искрено го тражиш а во меѓу време лажеш,крадеш,клеветиш,колнеш,блудосуваш и правиш било какво друго зло односно грев против истиот тој Бог така нема никогаш да го најдеш.Ако ме прашаш зошто,затоа што човекот неможе да опстои во божјото присуство,и во Неговата близина неможе грешното и распадливото да опстане.Со други зборови има една теолошка изрека која вели ,,Бог е свет и тој не иде таму каде што има џубре''.Ова ''џубре'' се гревовите и престапите што ги носиме сите ние во себе против Бог.За наше благодарение а Негова слава,Господ Исус Христос е тој што ги простува гревовите(ако искрено ги покаеме и исповедаме) и да побараме прошка за истите и Он може да не однесе до Бог.Така да,од моја слободна проценка ти не си се исповедал и не си побараш прошка за твоите престапи а го бараш Бог.Тоа е исто како да отидеш во Фукушима без заштитно одело и да се чудиш зошто ќе умреш од радијација,само што во случајов нема да умреш туку нема да го најдеш Бог.Слободно испринтај го текстов што ти го пишав и покажи му го на некој свештеник да го прочита и увери се дека сум во право.Само пак,темава како писмен доказ за твојот сомнеж во постоењето на Бог.... тешко дека ќе го најдеш.. (прашај го свештеникот и за ова мое мислење,и за ова сум во право).
И уште нешто,Бог ти зборува на различни начини,но најмногу преку Библијата во која се Неговите зборови,а ти размисли дали си имал време или дали си сакал да го слушаш.
Па токму тоа ми е прашањето. Зошто ова што ми го пишуваш не е недвосмислено и очигледно познато, туку мора прво слепо да го прифатам, па после да барам, па после можда ќе ми се посреќи да го најдам.
Зошто овие работи кои ми ги пишуваш треба да се пренесуваат преку книга пишувана, препишувана, кратена, сечена, лепена, а не да биде јасно недвосмислено познато. Значи ова се аргументи од технички карактер кои ми пречат за прво да ги земам за вистина, а не пак ако почнам за пречките од суштински карактер.
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Па токму тоа ми е прашањето. Зошто ова што ми го пишуваш не е недвосмислено и очигледно познато, туку мора прво слепо да го прифатам, па после да барам, па после можда ќе ми се посреќи да го најдам.
Зошто овие работи кои ми ги пишуваш треба да се преесуваат преку книга пишувана, препишувана, кратена, сечена, лепена, а не да биде јасно недвосмислено познато. Значи ова се аргументи од технички карактер кои ми пречат за прво да ги земам за вистина, а не пак ако почнам за пречките од суштински карактер.
Ако алудираш на Библијата со тоа ''препишувана,кратена итн'' тогаш сигурно ќе го најдеш.А друго,во контекст на твоето прашање.Хипотетички,ако сакаш да оствариш средба со Обама ама на неговиот секретар/ка или друг членови од неговиот кабинет(небитно не знам како иде таа административна процедура) им кажеш ,,Сакам да се видам со Претседателот ама да бидам гол и да носам кашикара со мене за време на средбата'' што мислиш ќе те пуштат ? ако мислиш да,зошто да,ако не зошто не ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom