Сезонава мислам дека скоро е јасно кој ќе биде шампион. И нормално и навивачки е да се надеваш, без разлика на ситуацијата и околностите. Јас исто во себе се надевав лани дека ќе се случи чудо и дека Челзи од трет план ќе им а грабне титулата на Сити и Ливерпул.
Но, ако нешто треба да ги радува фановите на Арсенал, тоа се оние ugly wins што напати ги остварија сезонава. Последната беше вчера со Барнли. Тоа не го правеа во минатото. Белерин, Кокелин, распукан Жиру, ваквите победи и второ место. Треба да бидат задоволни со сето ова. Можеби е добар показател за во иднина.