Прегазено девојче кај Универзална сала
Трагедија во скопски Центар. Вечерва на булеварот Партизански одреди кај Универзалата сала беше прегазено 19 годишно девојче. Поради тешките повреди починало на лице место.
До несреќата дошло откако автомобил од марка хонда со голема брзина удрил во младата девојка.
Брзата помош пристигнала веднаш, но за жал било предоцна. Возачот на автомобилот по несреќата избегал, но подоцна случајот го пријавил во полиција.
Станува збор за 19 годишна студентка на електро-техничкиот факултет, која е од КриваПаланка.
Според очевидците таа минувала на зелено светло на пешачкиот премин заедно со две другарки, кои успеале да се спасат, но не и да ја повлечат кон нив веќе починатата.
Се претпоставува дека возачот на автомобилот хонда, 25-годишниот Љ.В. возел со 160 километри на час, а од јачината на ударот - 19 годишното девојче летнало 20 метри на булеварот Партизански одреди во близина на Универзалната сала.
Поради тешките поведи девојчето починало на местот на настанот. Екипите на брзата помош веднаш пристигнале , но било предоцна. Возачот на автомобилот по несреќата најпрвин избегал, но подоцна тој самиот се пријавил во полициската станица во скопски Ѓорче Петров.